Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Л.(32) од Охрид. Таа, во својство на одговорно лице во маркет лоциран на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, подолг временски период, противправно присвојувала парични средства- сопственост на правниот субјект кои ѝ биле доверени за работа.. Со тоа, според финансиска документација приложена од сопственикот на правниот субјект, пријавената предизвикала материјална штета од 1. 182. 022 денари.
Драмата која ја преживеа малата Ембла и нејзиното семејство во изминативе денови пробуди горчливи сеќавања кај многумина други родители на вакви деца со атипичен развој кои потсетуваат на неисполнетите цивилизациски обврски на системот и општеството. „Случката со малата Ембла ме врати во периодот кога мојата ќерка Ерато, која е лице со атипичен развој се запиша во редовна настава во основно училиште. Дефинитивно најтешкиот период кој сме го поминале како семејство, потежок и од самиот момент на осознавање дека нашето дете има развојни проблеми. Најголем противник на инклузијата на Ерато дојде од родител кој е универзитетски професор. Образованието на родителите нема…
Светски ден на рак Изминатава година направен е значаен исчекор во превенцијата, дијагностиката и лекувањето на рак на црниот дроб, истакнува по повод Светскиот ден за борба против ракот, 4 Февруари, Координативното тело за борба против хепатоцелуларниот карцином кое го води Клиниката за гастроентерохепатологија во соработка со клиниките за радиотерапија и онкологија, инфективни болести и фебрилни состојби, дигестивна хирургија, Хепар Центар Битола, ГОБ “8 Септември” и Министерството за здравство. „Минатата година за прв пат беше лансирана Национална декларација за борба против рак како дел од европскиот план за борба против ракот, со посебен осврт на ракот на црниот дроб и…
Мојата девиза е очекувањата да се во корелација со реалноста, а константа на мојот живот е да правиш нешто за заедницата, бидејќи сам не си за никаде, вели Азески Интервјуто на Претседателот Бранко Азески, во економскиот магазин „Економија и Бизнис“, по повод 100 годишнината од Стопанска комора на Македонија, што излегува деновиве… На прашањето има ли бизнис во Македонија, Азески вели, „Има многу дефиниции за бизнисот. Уште толку книги, научни трудови, рецензии, докторати, и што ли уште не. Народски кажано, бизнисот во суштина се состои во тоа дали прифаќаш ризик или не. Клучна разлика помеѓу тој што успева во бизнисот…
Како инспиратор и водач на македонската револуционерна организација, Гоце Делчев секогаш повикуваше на единство и сплотеност на сите граѓани, без разлика на нивната верска, етничка или политичка припадност во политичките предизвици пред кои беше исправено прашањето за создавање на самостојна држава, порача Ковачевски Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава кон делото на инспираторот и водачот на македонската револуционерна организација во која се истакнува: Оваа година се навршуваат 150 години од раѓањето на Гоце Делчев, век и половина почит и слава кон животот и делото на великанот на македонското национално револуционерно…
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со Артур Ајвазов, заменик-претставник на УНИЦЕФ, во земјава, на која се разговараше за тековните и идни проекти и соработката помеѓу двете институции. „Грижата за децата е еден од приоритетите на Министерството за труд и социјална политика. Поддршката која ја добиваме од УНИЦЕФ во креирање и имплементирање на политиките кои се во насока на обезбедување на поголема заштита и унапредување на правата на децата, навистина е значајна за нас. Воспоставената соработка овозможува и примена на светските практики и највисоките стандарди со цел обезбедување на најдобриот интерес на детето, “ рече…
Станува збор за супстанца – прекурзор „1 Phenyl – 2 Propanone“ што според член 3 од Законот за прекурзори спаѓа во прва категорија, согласно ратификуваните меѓународни договори и меѓународните нормативи и стандарди, истата е на листата за прекузори објавена од МЗ, а одреден е притвор за двајца осомничени Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и коруција вчера е спроведена акција во која полициските службеници од Министерството за внатрешни работи запленија 40 пакувања хемиска материја во вкупна тежина од 1.105 килограми, информираа денеска од Јавното обвинителство на РСМ. Во акцијата се лишени од…
За вториот настан пак, 65-годишен тетовец е обвинет, бидејќи на 16.11.2021 година се обидел да украде пари и други предмети од возило со скопски регистарски ознаки Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителни предлози против две лица, од кои едното извршило, а другото се обидело да изврши кривично дело – Тешка кражба предвидено во член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик. Во првиот предмет, 49-годишен жител на селото Врапчиште е обвинет дека на 29.09.2021 година влегол во незаграден двор на една куќа во селото, го скршил катанецот од вратата на шталата и одзел агрегат и секира, со што на…
Фалсификуваната банкнота може многу лесно да се препознае доколку се обрне внимание на основниот заштитен елемент, отпечатен со оптички варијабилна боја, којшто се наоѓа на горниот средиштен дел на предната страна на банкнотата. Овој елемент кај фалсификуваната банкнота воопшто не ја менува бојата со придвижување на банкнотата, додека кај оригиналните банкноти, со придвижување на банкнотата под одреден агол, може да се воочи како се менува неговата боја од зелена во сина и низ елементот се појавува светлозелен прстен којшто симулира ефект на движење Забележана е појава на фалсификувани банкноти од 2.000 денари, за што е известено и Министерството за внатрешни работи…
Од сообраќај биле исклучени и 359 возачи или 155 повеќе од лани, од кои 198 управувале без возачка дозвола, 77 под дејство на алкохол, 73 возачи-почетници кои не се придржувале на законските ограничувања, 2 со несоодветна категорија и 9 со важечка забрана за управување Во текот на јануари 2022 полициските службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово-Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово во тетовскиот регион во редовни и над дваесет акциски контроли вкупно откриле и законски санкционирале 1.607 различни видови неисправности. Ова значи зголемување, ако се споредуваат податоците со јануари 2021 кога имало 74 помалку сообраќајни прекршоци. -…
Средбата е одложена поради семејни причини од страна на претседателот на Европскиот совет. Од Советот додаваат дека се прави сѐ да се најде нов термин за средба со македонскиот премиер. Премиерот Димитар Ковачевски попладнево требаше да се сретне со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, но средбата е одложена, најверојатно за утре, јави дописничката на МИА од Брисел. Според информациите на МИА, средбата е одложена поради семејни причини од страна на претседателот на Европскиот совет. Од Советот додаваат дека се прави сѐ да се најде нов термин за средба со македонскиот премиер. Средбата најверојатно ќе се одржи утре, кога Ковачевски…
Исто така, во периодот од 1 јануари 2019 година до 30 септември 2021 година не платил данок на додадена вредност во износ од 518.078 денари. Со ова е предизвикана штета на Буџетот во висина од 822.309 денари – велат од МВР. Против 45-годишен струмичанец и против правен субјект од Струмица се поднесени кривични пријави за даночно затајување. Осомничениот Н.Б. во својство на управител на правниот субјект, во периодот од 1 јануари до 31 декември 2020 година не платил данок на личен доход во износ од 280.048 денари, со затезна камата за ненавремено плаќање во износ од 24.183 денари. Исто така, во…