Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Роднини на патниците кои се превезувале со некои од автобусите на „Беса транс“ пред туристичката агенција чекаат подетални информации и апелираат до агенциите да бидат достапни за информации во вакви тешки моменти. – Од 6 утрово се информираме преку „Фејсбук“, бидејќи братучед ми е во Турција. Веќе три-четири часа се јавуваме во „Беса транс“. Немаме никаква информација, ниту пак се јавуваат. Тоа не е добро. Како што знаат да организираат екскурзии, така сега кога е трагично треба да се поактивни. Ги замолувам институциите да ги информираат луѓето, изјави Џељал Бакиу, роднина на патник кој, требало да се врати од Турција.…
Поради автобуската несреќа што се случи ноќеска на автопатот „Струма“ во Бугарија, во која 46 луѓе ги загубија животите, денеска се одложени сите активности во Собранието. Одложени се и сите планирани средби. Како што информира собраниската прес-служба, само Националниот совет за евроинтеграции ќе ја одржи третата седница. Извештајот на Европската комисија за Република Северна Македонија за 2021 година е единствена точка на дневен ред на седницата. Од собраниската прес-служба додаваат дека Националниот совет за евроинтеграции ќе заседава бидејќи веќе се дојдени амбасадорите, но ќе бидат многу редуцирани за збор. Се очекува седницата да трае кратко. Претседателот на Собранието Талат Џафери…
Денеска е многу тажен ден за нашата земја и за регионот – 45 македонски државјани го загубија животот во сообраќајна несреќа што се случи кај нашиот источен сосед. Изразувам сочувство за нивните семејства, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска на почетокот на конференцијата „Наука за развој, Заедно е возможно“, која почна со една минута молк за почит за загинатите. Министерката пред обраќањето на конференцијата рече дека ова се тешки моменти за сите, најмногу за семејствата на загинатите и за сите кои изгубија некој во сообраќајната несреќа што ноќеска се случи во Бугарија. – Слава им на починатите и…
Се уште е блокиран реонот каде што се случи тешката сообраќајна несреќа на автобусот на „Беса Транс“ во Бугарија, во којашто загинаа најмалку 45 лица, јавија репортерите на МИА и БТА кои се на местото на настанот. Од моментот на трагедијата сообраќајот се пренасочува преку друга маршрута. Сообраќајната полиција го пренасочува движењето на околу четири километри пред местото, на кое синоќа се случи несреќата. Сега сообраќајот се одвива по маршрутата од патната клучка „Долна Диканија“ пат III-627-Радомир и пат I-6 до клучката „Даскалово“. Сообраќајот тука е интензивен и се гледаат големи колони што се движат бавно по тој дел. Екипите…
Премиерот Зоран Заев и министрите за надворешни работи и за здравство, Бујар Османи и Венко Филипче, кои беа на местото на сообраќајната несреќа, на седница на Влада ќе ги пренесат дополнителните информации кои беа на располагање, соопшти министерката за одбрана Радмила Шекеринска, додавајќи дека Владата денеска ќе дискутира и ќе информира за следните чекори. Посочи дека сојузници од НАТО се понудиле за помош, но до овој момент, рече, нема побарувања од институции од земјава или од Бугарија. -Ова утро добив неколку пораки за поддршка од страна на сојузниците, особено од соседството, кои се понудија за помош. До овој момент ниту…
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изрази сочувство до роднините на жртвите во автобуската несреќа во Бугарија, во која загинаа 46 лица. „Изразувам длабоко сочувство до семејствата и пријателите на жртвите во трагичната автобуска несреќа во Бугарија синоќа. Исто така, посакувам брзо закрепнување на повредените. Во овие страшни времиња, Европа ја изразува својата солидарност со вас“, напиша на твитер претседателката на ЕК. My deepest condolences to the families and friends of those who perished in the tragic bus accident last night in Bulgaria.I also wish a fast recovery to those injured.In these terrible times, Europe stands in solidarity…
Заедно сме и во добро и во лошо, ние сме први соседи, за мене братски народи и секојпат треба да се најдеме и помагаме. Оваа трагедија позитивно ќе се одрази на односите меѓу двете земји, затоа што си помагаме, институциите работат заедно. Ова е пораката на народите од двете страни – тука сме да си помогнеме кога е тешко и да ја споделиме радоста кога е добро, изјави денеска премиерот Зоран Заев, на заедничката прес-конференција со привремениот бугарски премиер Стефан Јанев. На почетокот, Заев изрази сочувство за загубата на двете земји, посочувајќи дека Бугарија вчера поладнето загуби девет животи во…
Претседателот на Собранието Талат Џафери изрази сочувство лично и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија за трагично загинатите лица во автобуската несреќа што се случи во Бугарија, со надеж и верба, како што стои во телеграмата, дека никогаш повеќе нема да бидеме сведоци на ваков трагичен чин и нема да дочекаме ваков тажен ден. На патниците кои успеаја да се спасат од оваа несреќа, им посакува брзо заздравување на физичката и на душевната болка. – Длабоко сум трогнат од ужасната вест за неповратно изгубените човечки животи на наши сограѓани во автобуската несреќа во Бугарија. Тагата, горчината…
Општина Благоевград во знак на сочувство објави еднодневна жалост за загинатите на автопатот Струма и настраданите во домот за стари лица во село Ројак. -Вечерва на автопатот Струма, на патот Софија-Благоевград, кај селото Боснек, најмалку 46 лица го загубија животот во пожар во автобус. На 22 ноември, во селото Ројак, округот Варна, во пожар во дом за стари лица загинаа 9 лица, потсетија од Општината. Општина Благоевград ги откажа сите културни настани, а знамињата на управната зграда ќе бидат спуштени на половина копје. Општина Благоевград изрази сочувство до роднините на загинатите.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изрази сочувство до семејствата на загинатите во автобуската сообраќајна несреќа што рано утрово се случи во Бугарија. -Дозволете ми во овие тешки моменти на тага и болка за целата држава да изразам најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на загинатите во трагичната сообраќајна несреќа која се случи во Бугарија, споделувајќи ја тежината на ненадоместливата загуба. Нека им е вечна слава, нека почиваат во мир… Иако е тешко да се најдат зборови на утеха, во овие траорни мигови, сакам да порачам како пријател, како човек, дека не сте и никогаш нема да бидете сами, независно…
Албанскиот премиер Еди Рама изрази искрено и длабоко сочувство за настраданите во сообраќајната несреќа во која 46 лица, главно македонски државјани го загубија животот. Во објава на Фејсбук, Рама овој трагичен настан го опишува како „огромна болка“ и вели дека нема збор за трагедијата каде животот го загубија речиси сите патници. – Нема зборови на утеха за трагедијата на автобусот од Северна Македонија во Бугарија, каде што животот го загубија речиси сите патници.Огромна болка, напиша Рама. И лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша, изрази длабоко сочувство до семејствата на настраданите, а на повредените им посака побрзо закрепнување. – Шокиран…
Известувачот на Европскиот парламент за Северна Македонија Илхан Ќучук изрази сочувство по повод трагичната сообраќајна несреќа во Бугарија, во која загинаа 46 лица. – Прифатете го моето искрено сочувство за трагедијата што ги снајде граѓаните на Република Северна Македонија. Изразувам длабоко сочувство за болката и страдањето на роднините на настраданите и посакувам брзо закрепнување на повредените во оваа тешка катастрофа. Во мрачен ден како денешниот, нашите две земји споделуваат заедничка болка, покажуваат емпатија, што е својствено за соседни земји, како Република Бугарија и Република Северна Македонија. Во овој момент нашите мисли се со вас и жалиме за загубата во страшната…