Author: НОВА ТВ

Претседателот на Владата Зоран Заев денеска го прими поранешниот премиер на Велика Британија Тони Блер, кој на средбата ја истакна како исклучително значајна иницијативата „Отворен Балкан“ и потенцираше дека целите кон кои се стреми овој проект за поврзување на регионот во заеднички пазар и на многу други нивоа ќе им донесе многу придобивки на граѓаните на Северна Македонија, Албанија и Србија и ќе биде акцелератор на процесот за членство на овие земји во ЕУ, информираат во владиното соопштение. Тој додал дека „Отворен Балкан” е иницијатива спротивна на националистичките агенди и дека со ова трите земји предводнички јасно и покажуваат на…

Read More

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација, информираат од Министерството за здравство. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 674.510 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 13.108 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 14.712 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.177.911 дози вакцини, а ревакцинирани се 503.401 граѓани.    Со последните бројки 70% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 68% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 64% од населението над 60 години е…

Read More

Талибанците заземаа неколку авиони, воени хеликоптери и противтенковски проектили што останаа во Авганистан за време на акцијата за повлекување на американските војници од земјата, објави ТВ каналот Ал-Арабија, повикувајќи се на извори. „Се уште нема одлука кои чекори да се преземат за да се елиминира она што падна во рацете на Талибанците. Веројатно е тешко за Талибанците да користат хеликоптери и авиони, бидејќи немаат пилоти, а и услугите за одржување се исто така недостапни за Талибанците“, рекол изворот. Тој истакна дека САД чекаат да заврши евакуацијата пред да одлучат дали ќе започнат воздушни напади за да ги спречат Талибанците да…

Read More

Климатските промени за најмалку 20 отсто ги зголемија шансите за екстремните врнежи од дожд какви што минатиот месец предизвикана смртоносните порои низ делови од Германија и Белгија, наведуваат научниците. Врнежите сега можат да бидат 19 проценти поинтензивни во овие области, отколку што беа пред  глобалните атмосферски температури да пораснат за 1,2 степени Целзиусови над пред индустриските температури, се наведува во истражувањето на група научници од World Weather Attribution (WWA), пренесено од британските медиуми. -Ваквите појави дефинитивно ќе ги имаме повеќе во контекст на глобалното затоплување, изјави еден од лидерите на истражувањето, Фредерик Ото, климатолог од Универзитетот во Оксфорд. Со оглед…

Read More

Израелски воени авиони бомбардираа позиции на Хамас во Газа, како одговор на запаливите балони кои се пуштени од таа палестинска територија и предизвикаа пожари во јужниот дел на Израел, соопшти израелската војска. Засега нема податоци за жртви во нападите, чија цел биле, како што соопшти армијата, фабрика за производство на оружје и лансирна рампа за ракети, кои припаѓаат на Хамас. Откако во мај стапи во сила прекин на огнот по 11-дневни борби меѓу Израел и Хамас, од Газа повремено се пуштаат балони со запалив материјал кон Израел. Палестинците велат дека сакаат да извршат притисок врз Израел да ги ублажи рестрикциите…

Read More

Техничкиот директор на Милан, Паоло Малдини, го сподели своето мислење за работата на клубот на трансфер пазарот. – Ја чувавме базата на тимот од минатата година. На сегашниот список му недостасуваат пет клучни играчи во споредба со минатата година, но во исто време, ми се чини, станавме посилни. Неопходно е да се завршат некои мали нешта на пазарот, а потоа екипирањето на тимот ќе биде завршено. Ибрахимовиќ и Жиру? Секогаш треба да им дозволите на најдобрите играчи да играат. Ако се во ред, зошто не играат заедно? Тие имаат слична физичка структура, но различни карактеристики. Ибрахимовиќ може да дејствува и…

Read More

Учесниците на вчерашниот инаугуративен самит на Кримската платформа испратија порака до Украина дека не е сама и дека меѓународната заедница нема да ја признае анексијата на Крим, и преку новата платформа заедно ќе работат на барање решение за ова прашање. Украинскиот претседател вети дека ќе стори сé за да го врати полуостровот Крим, кој беше припоен кон Русија пред седум години, и ги повика меѓународните сојузници да ги поддржат овие напори. Домаќинот на Кримскиот форум, украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави дека на Украина „и е потребна меѓународна поддршка“ со цел да се „запре руската агресија“. – Треба да размислиме за…

Read More

Американскиот претседател Џо Бајден вчера апелираше до приватните компании да побараат од своите вработени да се вакцинираат против Ковид-19, неколку часа откако Агенцијата за храна и лекови (ФДА) одобри целосна употреба на вакцината  на Фајзер/Бионтек за лица над 16 години. На брифингот во Белата куќа, Бајден ги повика компаниите „да излезат со барања за вакцини што ќе опфатат милиони луѓе“, објави Ен Би Си Њуз. – Ако сте сопственик на приватна фирма, непрофитен лидер, државен или локален лидер кој чекал одобрување од ФДА за да побара вакцинација, ви велам – сега е време да го направите тоа. Барајте вакцинација, истакна…

Read More

Во подрачните единици и канцеларии на Државната изборна комисија, како и преку апликација на нивната веб страница граѓаните до 9 септември можат да ги проверат своите податоци во Избирачкиот список и да побараат нивно запишување, бришење или дополнување. Во првите два дена од увидот на 21 и 22 август во подрачните единици и канцеларии на Комисијата увид во Избрачкиот список направиле 821 граѓанин, а од нив само еден поднел барање за запишување во Неготино. Во меѓувреме, излегоа и првите извештаи за неправилности во списокот. Рокот за заклучување на Избирачкиот список со сите промени, како од граѓаните така и од политичките…

Read More

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната од 31 до 37 степени. УВ индексот ќе изнесува 8. Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 35 степени. Утре во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Изолирана појава на нестабилност претежно во планинските подрачја се очекува…

Read More

Поради патните ограничувања поврзани со пандемијата на коронавирус четири пацифички островски држави го откажаа настапот на Параолимписките игри, што утре треба официјално да започнат во Токио. Меѓународниот параолимписки комитет (IPC) објави денеска дека Самоа, Кирибати, Тонга и Вануату нема да настапат на Игрите. Веста доаѓа неколку денови откако од Игрите во Токио се повлече и Авганистан по преземањето на власта во државата од страна на талибанците. – Имаме неколку нации од пацифичките oстрови, кои нема да можат да допатуваат, изјави портпаролот на IPC, Крег Спенс. – Причината за нивното откажување е што мораат да патуваат од своите држави преку Австралија,…

Read More

Авганистанската управа за цивилна авијација најави прекин на летовите од аеродромот во Кабул до следното известување. „Сите летови на меѓународниот аеродром Хамид Карзаи се суспендирани“, се вели во соопштението на Агенцијата, објавено на Фејсбук. Службата, исто така, ги повика граѓаните да не го посетуваат аеродромот „за да избегнат метеж и последователни можни инциденти“. Агенцијата работи на продолжување на летовите меѓу авганистанските провинции и во странство. Аеродромот во Кабул е во хаос од почетокот на минатата недела, каде имаше и голем број полетувања и слетувања на хеликоптери, кои евакуираа странски персонал, вклучувајќи дипломати и Авганистанци во странски мисии. Многу Авганистанци упаднаа…

Read More