Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, во неколку интервјуа за американските телевизии во неделата, ја објасни позицијата на администрацијата во однос на повлекувањето од Авганистан и настаните oколу аеродромот во Кабул. Во настап за ТВ каналот Фокс њуз тој уште еднаш укажа дека САД влегоа во Авганистан пред дваесет години со единствена цел – да се стават пред лицето на правдата организаторите на терористичките напади на 11 септември 2001 година и да се намали можноста од тоа Ал-Каеда да врши терористички напади на САД од Авганистан, и таа цел била постигната. -Дали има остатоци од Ал-Каеда во Авганистан? Има. Но…
Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Бујар Османи, денеска учествуваше на основачкиот Самит на Кримската платформа, што се одржа во Киев, Украина. Како што соопштија од МНР, на настанот биле претставени повеќе од четириесет земји на високо и највисоко ниво, меѓу кои голем број земји членки на ЕУ и НАТО, како и високи претставници на меѓународни организации. Министерот Османи во своето обраќање ја реафирмирал недвосмислената поддршка на Република Северна Македонија за суверенитетот, територијалниот интегритет и неповредливоста на границите на Украина, подвлекувајќи ја важноста од заштита на човековите права и меѓународното хуманитарно право. – Република Северна Македонија го поздравува…
При контрола на автобус пријавен за влез на ГП Табановце, царинските инспектори од Одделението за оперативни работи привремено задржаа илјада парчиња антиген тестови за Ковид 19, информираат од Царинската управа. -На ден 22.08.2021 година во 13:00 часот на ГП Табановце за влез се пријавил автобус со македонски регистарски на превозникот Дурмо турс од Гостивар, управувано од лицето С.М од Гостивар, кој сообраќа на редовна линија Германија-Струга. При извршена детална контрола, во багажниот простор биле пронајдени непријавени три пакета од патникот Б.С од Гостивар, во кои се наоѓале 1000 парчиња антиген тестови за Ковид-19 Hotgen, со вкупна вредност од околу 50.000,00…
Да го спречиме губењето нови човечки животи, да ги вратиме насмевките на нашите лица, да ги одмориме лекарите, болничарите и медицинските сестри, повторно да одиме на културни настани и спортски натпревари, да го вратиме животот повторно во нормала. Ова се само некои од пораките на владината кампања „Вакцинирај се“ што почна денеска и ќе трае во наредните неколку месеци. Како што соопштија премиерот Зоран Заев и министерот за здравство, Венко Филипче, промовирајќи ја кампањата, целта е и спречување на дезинформациите и на сите лажни митови за вакцините што се шират во јавноста. Заев и Филипче уште еднаш апелираа дека вакцините…
Русија и Турција наскоро би можеле да потпишат нов договор за испорака на рускиот противракетен систем С-400, изјави денеска генералниот директор на рускиот државен извозник на оружје „Рособоронекспорт“, Александар Микејев, на Меѓународниот воено-технички форум. – Консултациите продолжуваат и се во завршна фаза. Наскоро ќе го официјализираме договорот со нашите партнери, рече Микејев. Како што пренесе агенцијата ТАСС, Микејев додаде дека се постигнати одредени успеси на Меѓународниот саем за одбранбена индустрија што се одржа во Турција во август. Во 2017 година, Москва и Анкара потпишаа договор за испорака на рускиот противракетен систем на Турција, со што Турција стана првата членка на…
Талибанците денеска предупредија дека евентуалната одлука на САД за продолжување на рокот за повлекување на своите војници од Авганистан, кој истекува на 31 август, ќе има последици. Портпаролот на талибанците Сухаил Шахин за Скај њуз изјави дека продолжувањето на рокот за повлекување на американските војници ќе значи продолжување на окупацијата, додавајќи дека нема потреба од тоа. Тој рече дека ако на САД или Велика Британија им треба дополнително време за да продолжат со евакуацијата, „одговорот ќе биде не“. – Тоа ќе создаде недоверба меѓу нас. Ако имаат намера да ја продолжат окупацијата, тоа ќе предизвика реакција, рече Шахин. Изјавата на талибанскиот…
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,58 % во однос на Одлуката од 16.8.2021 година. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 денар/литар, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,50 денар/литар. Намалување од 0,50 денар/литар има кај малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V). Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,751денар/килограм и сега ќе изнесува 35,930 ден/кг. Од 24.8.2021 година од 00:01 часот максималните цени на…
Коалицијата Менуваме бара Министерството за труд и социјална политика и Владата да обезбедат Регионални центри за рехабилитација на деца и лица со попреченост и полигони за децата и лицата со оштетен вид, и даваат предлог како треба да изгледаат. -Потребен е Центар за интеграција и самостоен живот на деца и лица со оштетен вид. Полигонот е составен од 12 модели-справи. Сите заедно ќе овозможат правилен антрополошки развој на учениците, јакнењето на мускулите на целото тело. Целта на програмата е правилно развивање на координацијата на движењата, побрз плиометриски ефект помеѓу контракциите на мускулите, слободно движење во гестуалниот простор, ефектуирање на агилноста…
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ѝ додели околу 133 милиони нови специјални права на влечење (СПВ), или околу 161 милион евра на нашата земја, кои денеска ќе бидат вклучени во официјалните девизните резерви, информираат од Народната банка (НБ). Овој износ, додаваат, ни е доделен во рамките на новата општа распределба на СПВ на ММФ и соодветствува со нашата квота во ММФ. -ММФ распредели вкупно 455 милијарди СПВ (околу 551 милијарда евра) на 190 земји членки. Ова е најголемата распределба на СПВ во историјата, или двојно повисока од сите досегашни распределби заедно. Последната општа распределба на СПВ беше во 2009 година, кога беа распределени 161,2 милијарди СПВ…
Единицата за брзо распоредување (ЕБР) при Министерството за внатрешни работи е Единица која по својот состав, улога, професионални специфики, како што впрочем и напишав во воведниот текст од монографијата по повод овој дводецениски јубилеј на нашите колеги од ЕБР, претставува клучна алка во остварување на полициските цели на безбедноста, а тоа е заштита на сигурноста, слободите, правата, материјалните добра на граѓаните, како и заштита на правниот поредок, на јавниот ред и мир, овозможувајќи внатрешна сигурност и стабилност на државата. Ова го нагласи министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во денешното обраќање на пригодната свеченост, по повод одбележувањето 20 години од…
Еден припадник на авганистанските безбедносни сили е убиен во судир кој избил на северната порта на аеродромот во Кабул меѓу авганистанската војска и непознати напаѓачи. Повредени се три лица во судирот, во кој учествувале и американски и германски војници, соопшти денеска Бундесверот на Твитер. Во инцидентот нема повредени германски војници, се наведува во соопштението
Велика Британија планира да иницира нови санкции против талибанците на утрешниот состанок на Г7, на кој ќе се разговара за кризата во Авганистан. Британскиот премиер Борис Џонсон, кој во моментов претседава со групата, во која се и САД, Италија, Франција, Германија, Јапонија и Канада, го свика самитот, откако талибанците ја презедоа контролата врз целиот Авганистан. Неименуван владин претставник кажа дека Велика Британија верува дека Г7 треба да размисли за економски санкции и недавање на помошта доколку талибанците ги прекршат човековите права и дозволат нивната територија да биде упориште на милитантите. „Од витално значење е меѓународната заедница да работи на обезбедување…