Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Синоптичарите за утре попладне, особено во јужните делови, најавуваат нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, силни електрични празнења, ветер над 60 км/час и услови за појава на град. Ваквото време, според прогнозата на УХРМ, ќе се задржи и во сабота по што повторно следува период на стабилно и потопло време. Оттаму апелираат до граѓаните да не бидат на отворено и под осамени дрвја доколку има електрични празнења.
Сите пријавени граѓани се евакуирани од Авганистан и во моментот немаме информации за наши државјани кои се во загрозувачка ситуација или на кого му е потребна асистенција за евакуација, изјави денеска премиерот Зоран Заев. Според последните информации од повеќе извори, потенцира тој, сите граѓани кои биле пријавени за евакуација и евидентирани како наши граѓани, веќе го имаат напуштено Кабул и во моментот се наоѓаат на неколку локации. Најголемиот дел, преку 30 наши граѓани се наоѓаат во Велика Британија, над 20 граѓани се во Доха, Катар, од каде во наредните денови ќе бидат транспортирани кон европските центри. Нашите граѓани кои се…
Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган синоќа изјави дека Анкара ги поздравува умерените изјави на талибанските лидери и оти Анкара е подготвена за соработка со нив. – Турција е подготвена за секаков вид на соработка за мир во Авганистан, за благосостојба на нашите роднини во земјата и за заштита на интересите на Турција, изјави Ердоган во заедничкото интервју за Канал 7, Улке ТВ, 24 ТВ, ТВНЕТ и ТВ 360. Тој додаде дека военото присуство на Турција во Авганистан ќе ја зајакне новата администрација во Кабул на меѓународна сцена. – Без оглед на тоа кој е на власт, да се застане…
За сите заинтересирани за добивање на финансиска поддршка од ИПАРД 2, мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“, се дава дополнителен рок од 15 дена за доставување на апликациите за добивање на финансиска поддршка преку оваа мерка од ИПАРД 2 програмата, информира Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР). Со тоа, како што прецизираат, наместо до 22 август, комплетната документација заедно со барањето за финансиска поддршка од ИПАРД, заинтересираните ќе може да ги достават до 6 септември 2021 година. -Со продолжување на рокот за аплицирање им се дава дополнителна можност на апликантите за прибирање…
Досегашните правила за влез во Грција, кои важат и за државјаните на Северна Македонија, а се однесуваат на документ поврзан со Ковид-19 и пополнет PLF формулар, продолжени се до 27 август 2021 година, јави дописничката на МИА од Атина. Согласно новата министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за да се ограничи ширењето на Ковид-19“, што е веќе објавена во Службен весник на Грција, а утрово стапи во сила, Северна Македонија и понатаму е на листата трети земји за кои не важи забраната за влез во Грција, отворени се сите копнени гранични премини, а за патување кај јужниот сосед потребен…
Сојузот на средношколци денеска на онлајн-состанок со министерката Мила Царовска ја поздрави одлуката на Владата за започнување на новата учебна година со физичко присуство под протоколи за заштита на здравјето. Како што соопшти Министерството за образование и наука, од Сојузот сметаат дека наставата со физичко присуство на учениците е најдобар интерес за процесот на образование, за социјализацијата и заштитата на менталното здравје. – Задоволни сме од донесената одлука, бидејќи ние и минатата учебна година се залагавме училиштата да останат отворени. Се надеваме дека сите заеднички со почитување на мерките за заштита и протоколите ќе придонесеме за настава во училишни клупи…
Владата на Бугарија усвои нацрт договор за донација на вакцини против Ковид-19, произведени од Фајзер-Бионтек на Република Северна Македонија, јави бугарската новинска агенција БТА. Тоа е тристран договор помеѓу Република Бугарија, Република Северна Македонија и Фајзер-Бионтек. Исто така е усвоен Двостран договор за донација на вакцини против Ковид-19 помеѓу двете земји. Договорите предвидуваат донација од 51.480 дози од вакцината Комирнати, како и дека сите расходи за достава на вакцините да бидат на товар на Република Северна Македонија.
Цените на бурките се зголемија десет пати во Кабул бидејќи жените брзале да се подготват додека талибанците влегувале во градот, пишува Си Ен Ен. Една жена во изјава за Си Ен Ен, која не е именувана од безбедносни причини, рече дека таа, нејзината сестра и мајка делат една или две бурки, и дека во случај на влошување на ситуацијата ќе мора да набават постелнина или нешто слично, за да можат од неа да направат поголем шал. Друга жена, која исто така не беше именувана, објасни дека многу жени дури и не стигнале до продавниците во неделата, бидејќи сопствениците поради ситуацијата…
Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека не се размислува да се одложи стартот на Пописот на населението, домаќинствата и становите. -Пописот е веќе договорен по барање на сериозен учесник во нашето општество, тоа е најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ. Толеранцијата е доблест на владејачките партии, на чело со СДСМ тоа го прифатија и го одложивме пописот што ќе се спроведе од 5 септември до 30 септември, изјави Заев по означувањето на почетокот на јужнокорејската инвестиција во ТИРЗ Скопје 2. Одговарајќи на новинарско прашање, премиерот посочи дека овие денови, на пресекот на одморите, на 15 август се прават дополнителни напори за да можат…
До крајот на неделава зависно од околностите на аеродромот во Кабул, се очекува да пристигнат со организирани летови најголем дел од 450 – те граѓани од Авганистан, информира на денешната прес-конференција портпаролот на Владата, Муамет Хоџа. Тој нагласи дека станува збор за демократско, мирољубиво население, вработени, жени и деца од семејства на оние кои работеле за хуманитарните и мировните мисии, активисти од организациите за човекови права, новинари, преведувачи, студенти, стипендисти, како и граѓани кои изминатите 20 години биле поддршка за НАТО сојузничките сили во Авганистан, вклучително и на Армијата на РСМ. – Според информациите, Северна Македонија беше меѓу првите, ако…
Хуманитарната криза во Авганистан и владината најава за привремено прифаќање на бегалци од оваа земја очекувано е проследена со интензивен говор на омраза и обиди да се шири ксенофобија меѓу граѓаните, констатираат од Хелсиншкиот комитет за човекови права. Според нив, изминативе години, особено за време на бегалската криза во периодот 2015-2017, дезинформациските кампањи поврзани со бегалците и мигрантите биле постојано присутни во јавниот дискурс. -Иако реалноста целосно ги демантираше лажните вести за населување на стотици илјади мигранти и градење бегалски кампови, омразата продолжи да се одржува во континуитет и деновиве повторно доживува подем. Со оглед на досегашните искуства во земјава…
УНХЦР, Агенцијата на ОН за бегалци, објави документ со кој предупредува да не се спроведуваат враќања во Авганистан и побара прекин на присилните враќања на авганистански државјани, вклучувајќи и баратели на азил чии барања за азил биле одбиени. По брзото влошување на безбедносната состојба и состојбата со човековите права во големи делови од државата и отпочнувањето на хуманитарна вонредна состојба, УНХЦР ги повикува Државите да ги сопрат присилните враќања на авганистански државјани за кои претходно било одлучено дека немаат потреба од меѓународна заштита. УНХЦР останува загрижена за ризиците од кршење на човековите права на цивилите во овој контекст кој се…