Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Криминалците во Италија и Германија сè повеќе користат криптовалути, соопшти царинската управа во Бон. „Употребата на криптовалути за плаќање преку Интернет во контекст на криминални дела очигледно е во пораст“, велат од царинската управа. Во повеќето случаи, криминалците користат биткоин и валута Монеро, велат истражителите. Криптовалутите се користат за целосно анонимизирање на процесот на нарачување и испраќање недозволени производи или услуги. Организираниот криминал во Италија, исто така, се повеќе користи криптовалути во последниве години, пренесува Хина. За мафијашките организации, анонимноста и брзите трансакции носат големи придобивки, поради што тие ги користат овие начини на плаќање, наведува италијанската полиција за борба…
Албанија, Северна Македонија и Косово се првите европски земји што рекоа дека ќе обезбедат привремено засолниште за Авганистанците кои патуваат за САД откако избегаа од освојувањето на талибанците на нивната земја. Како што објави денеска бриселскиот портал Политико, според медиумите, повеќето се цивили кои работеле со американски или меѓународни мисии во Авганистан и се евакуирани додека чекаат американски визи. Студентските домови се испразнети за Авганистанците кои доаѓаат во Албанија, додека Северна Македонија, се посочува, објави дека одморалиштата и хотелите ќе бидат достапни. Косово соопшти дека има капацитет да прими до 10.000 луѓе. Во среда во Албанија треба да пристигнат првите бегалци.…
Според последните информации од повеќе извори на Министерството за надворешни работи сите граѓани кои беа пријавени за евакуација веќе го имаат напуштено Кабул и во моментов се наоѓаат на неколку локации: -Најголемиот дел, преку 30 наши граѓани се наоѓаат во Свинленд, Велика Британија; над 20 граѓани се наоѓаат во Доха, Катар, од каде во наредните денови ќе бидат транспортирани кон европските центри, а потоа кон Скопје; последните наши граѓани кои беа предвидени за евакуирање, а се наоѓаа во НАТО базата во Кабул, вчера исто така го напуштија Авганистан и се наоѓаат во Осло, Норвешка, информираат од МНР. Во НАТО базата…
Денеска е Ден на Армијата на Република Северна Македонија, ден кога со особена гордост упатуваме искрена благодарност до припадниците на Армијата за нивната континуирана посветеност, професионалност и несебичен ангажман во заштита на територијалниот интегритет и безбедноста на нашата држава. Ова го напиша на официјалниот ФБ профил премиерот Зоран Заев по повод Денот на Армијата. – Армијата на Република Северна Македонија остави траен и маркантен печат на независноста на нашата татковина, во чии темели се славните традиции на партизанските единици од Народноослободителната војна (НОВ) кои застанаа на страната на прогресивните антифашистички сили и ја ослободија територијата на нашата држава, пожртвувано учествувајќи…
Покрај дождот кој зафати делови од земјава, се уште во моментов имаме три активни пожари – кај село Раовиќ, во Општина Сарај, над селото Патишка река во Општина Сопиште и во атарот на селата Ракле, Никодин и Топлица, во Општина Прилеп, информира на претпладневната прес-конференција портпаролката на Центарот за управување со кризи Надица Вчкова. Пожарот кај село Раовиќ, во Општина Сарај е се уште активен и тоа на недостапен терен, кон сртот на планината Осој. -Во текот на вчерашниот ден, во попладневните часови, поради ветерот се разгори и се пренасочи кон правец на Матка. Се уште гори нискостеблеста, мешана и…
Трет ден противпожарните сили во Грција од копно и воздух се обидуваат да го стават под контрола пожарот во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, а првичните процени се дека досега е изгорена површина од над 8.000 хектари, јави дописничката на МИА од Атина. Огнените јазици се доближија до неколку куќи, но противпожарните сили успеаја да ги спасат, а од утрово, со првите зраци од сонцето, повторно интервенираат и воздушните средства, со оглед на тоа дека пожарот е во планински непрооден дел. Според противпожарната служба на Грција, со огнената стихија се справуваат 370 пожарникари со девет пешадиски…
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална појава на нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ-индексот ќе биде 8. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 34 степени. УХМР информира дека во следните денови ќе…
Во овој момент се работи на координација и утврдување детали за преземање шест жени и деца, вработени или членови на семејства на вработени од Мисијата на Обединетите Нации во Авганистан, како и околу 180 граѓани, жени, деца, вработени или членови на семејства од хуманитарни организации, организации за човекови права, новинарски и друг тип здруженија кои во изминатите 20 години работеа на одржувањето на мирот во Авганистан, информираат од Владата по повод привременото прифаќање на лица од оваа земја. Оттаму додаваат дека времето на полетување на овие граѓани од Авганистан сѐ уште не може да се потврди имајќи ги предвид сложените…
Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) на Турција соопшти дека во поплавите што ги зафатија областите Кастамону, Синоп и Бартин во Црноморскиот Регион животот го загубиле 70 лица, јави Анадолија. АФАД наведе дека 60 лица загинале во Кастамону, девет лица во Синоп и едно лице во Бартин, а осум лица се лекуваат во болниците. Спасувачките служби ја продолжуваат потрагата по 47 лица, кои се водат за исчезнати. По поплавите, од областа Улус во Бартин евакуирани се 341 лице, во Кастамону 1.480 лица, додека од областа Ајанџик и населбите на Синоп евакуирани се вкупно 560 лица. Поплавите предизвикаа…
Од попладнево активни се само уште два пожари од кои едниот кај село Раовиќ и Буковиќ од страна на Сува планина, а другиот во атарите на селата Ракле – Никодин – Топлица. – На потегот од село Буковиќ кон село Чајлане е се уште пожарот активен. Ангажирани се сили за гаснење, а во поплладневниве часови се планира да се активира и еден хеликоптер од Армијата. Активен е и пожарот во атарите на селата Ракле – Никодин – Топлица во Прилеп. Гори кракот од село Ракле кон село Крсец и се проширува кон место викано Фаришки лозја, кавадаречко, а тој терен…
Претседателот Стево Пендаровски денеска во Конгресниот центар во Охрид ја отвори 54. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, собир на македонисти и слависти од целиот свет во чии рамки ќе се одржи и 48. Меѓународна научна конференција на тема „100 години од раѓањето на Блаже Конески – стожер на маедонскиот јазик, литература и култура“. Во поздравното обраќање претседателот Пендаровски рече учеството на 50-темина учесници од 16 земји и три континенти на Школата покажува на несмалениот интерес за изучување на македонскиот јазик и македонската литература, но и за подлабоко запознавање…
Состојбата во Авганистан нагло се влоши и освен базите на НАТО и САД, целата територија на државата е под управа на новата талибанска власт, информира министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Тој потсети дека уште во јули е повлечен дипломатскиот и воен персонал, а во саботата е формирана работна група за оние кои се работно ангажирани и во моментов затекнати во Авганистан. Османи кажа дека е остварен е контакт со компаниите каде македонските државјани работат за да се забрза евакуацијата, а испратени се и формални барања до земјите кои имаат присуство во Авганистан да асистираат во евакуацијата, при што повеќето…