Author: НОВА ТВ

Не престануваат пламените јазици и во Пехчевско. Според последните информации на инволвирани во гаснењето на пожарот огнената стихија се приближува до самото село Црник откако денеска околу пладне успеа да го „префрли“ појасот кај манастирот „Св.Петка“ во близина на патот Делчево-Пехчево. -Пожарот потоа се приближи до месноста Ранол Дол и областа Шишорка кон селото Црник. Месното население веднаш се организираше во гаснењето на пожарот, велат жители на селото. Како што додадоа ,пламените јазици се огромни, пожарот неконтролирано се шири  и потребна е интервенција од воздух. Јасминка Андоновска Пашалиска, жител на Пехчево, истакна дека е потребна поголема организација  со цел спречување…

Read More

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 4.713 тестирања, а регистрирани се 219 нови случаи на КОВИД-19: Скопје и Тетово – по 65, Куманово – 20, Гостивар – 19, Струмица – 7, Кичево – 6, Битола, Струга, Берово и Виница – по 4, Прилеп и Кочани – по 3, Велес, Кавадарци, Штип, Радовиш и Дебар – по 2, Охрид, Ресен, Македонска Каменица, Македонски Брод  и Пехчево – по 1. Регистрирани сe 30 оздравени пациенти од: Скопје – 9, Тетово – 8, Гостивар – 3, Куманово – 2, Прилеп, Струмица, Кочани,…

Read More

ЕУ ќе испрати опрема и помош за справување со пожарите во Северна Македонија, објави еврокомесарот за хуманитарна помош и кризен менаџмент Јанез Ленарчиќ. -ЕУ испраќа дополнителни противпожарни капацитети во Грција и Северна Македонија за поддршка на одговорот на локалните власти. Помошта доаѓа од Шведска, Франција, Австрија, Бугарија и од програмата Коперникус на ЕУ, напиша Ленарчиќ на Твитер. Помош за гасење на пожарите во земјава веќе испратија Бугарија и Словенија, како и Србија со четири хеликоптери кои веќе се ангажирани во гасењето на огнената стихија.

Read More

Поради влошената епидемиолошка состојба и зголемениот број нови случаи на Ковид-19, а по препорака од надлежната комисија, грчкиот остров Закинтос и градот Ханија на Крит од утре влегуваат во црвената зона и се воведува полициски час и забрана за музика во угостителските објекти, јави дописничката на МИА од Атина. Мерките ќе бидат во сила една седмица, односно до 13 август 2021 година, а полицискиот час ќе биде од 1 часот по полноќ до 6 часот наутро, додека пак музиката ќе биде забранета во текот на целиот ден. Дополнително, како што соопштија од Секретаријатот за цивилна заштита на Грција, забрането е…

Read More

Во голем пожар 11 жители останаа без своите домови. Денеска целосно изгореа четири социјални бараки во населбата Варош под Марковите кули. Пожарникарите и жителите во последен момент спасуваа човечки животи од огнот. Спасени се две неподвижни лица, а меѓу несреќните има и три деца од кои едно седумесечно бебе. Сите се во добра состојба. – Излегов надвор, да ја мијам колата, видов чад, видов дека гори кај соседите, Третата барака, лепенка, гореше. Отидов, да викнав во лепенката, бараката до нас, децата беа сами, ги извадовме децата. Се сетив кај соседите да го извлечат неподвижниот сосед, сам беше во просторија. И…

Read More

На граничниот премин Табановце за влез и за излез од државата се чека околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ информира дека  интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Read More

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, денеска на својот Твитер налог објави дека 50,1 отсто од полнолетните граѓани или 2.705.458 лица се вакцинирани во Србија, јави дописникот на МИА од Белград. -Поминавме 50 отсто од вакцинирани полнолетни граѓани -моментално 50,1 отсто (2.705.458 вакцинирани). Сурчин, Чуприја, Прешево, Врчац и Прокупље се приклучија на групата од 58 локални самоуправи со над 50 отсто од вакцинираните. Секое вакцинирано лице – поголема сигурност за сите нас. #ВакцинирајСе., напиша Брнабиќ. Бројот на нови случаи на инфекција со коронавирус во Србија постепено се зголемува, а експертите предупредуваат дека делта видот полека го потиснува британскиот. -Податоците предупредуваат дека…

Read More

Амбасадорката на САД, Кејт Брнз, денеска имаше работна посета на Јавната установа „Национален парк Галичица“, при што се запозна со работата на Националниот парк, управувачката структура, проектите и процесите што се имплементираат во установата како и нејзината улога во активностите поврзани со препораките на УНЕСКО нотирани во двата последни извештаја. Американската амбасадорка беше запозната и со следните планирани активности на ЈУНПГ во поглед на препораките на УНЕСКО, но и активностите што институцијата ќе ги презема согласно Планот за управување со Националниот парк „Галичица“ за периодот 2021 – 2030 година. Со амбасадорката е дискутирано и за можностите за поддршка од страна…

Read More

За само еден месец од регион со спорадични случаи Тетово е во фаза на широко распространета трансмисија на Ковид-19, оценуваат од епидимиолошката служба при тетовскиот Центар за јавно здравје. Поради ваквата состојба се очекува и бројот на новозаболени уште повеќе да расте. -На 6 јули имаше вкупно шест случаи на домашно лекување, а сега во градот Тетово имаме околу 220 случаи на домашно лекување.  Имаме по 30, 40 и вчера дури 60 позитивни случаи што се должи на непочитување на мерките и протоколи, а инфицираните ни се од семејно прослави настани и нивни контакти, објаснува епидемиологот  д-р Сузана Субашиќ, раководител…

Read More

Фудбалската федерација на Македонија денес го претстави новиот селектор на А-репрезентацијата, Благоја Милевски. Популарниот Боби се обврза на соработка до 2024 година. Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини му посака успешна работа на новиот селектор. -Милевски е човекот кој ја создаде генерацијата која ни донесе многу успеси и радости. Ние во федерацијата сме уверени дека новиот селектор има капацитет за уште поголеми успеси. ФФМ му изразува поддршка, истакна Сејдини, подарувајќи му дрес на Милевски. – Иако на дресот е бројот на годината (2024) со важност на договорот, посакуваме да соработуваме многу подолго, додаде првиот човек на ФФМ. Милевски се заблагодари за…

Read More

Правичната застапеност на помалите заедници во Северна Македонија не доволно реализирана, оцени првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедници Артан Груби на теркалезната маса по повод 20-годишнината на Охридскиот договор на тема „Важноста на Рамковниот договор за помалубројните заедници”, додавајќи дека не е доволно направено за нивната адекватна застапеност во јавната администрација. – Тоа мора да се унапреди затоа во последните неколку месеци имам блиска соработка со Агенцијата за остварување на правата на заедниците и се надевам дека ќе успееме да ја поправиме таа слика. Во однос на употребата на јазикот сметам дека има голем напредок…

Read More

Поради летните одмори, Конкурсот за ангажирање на реонски попишувачи и инструктори во претстојниот Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, е продолжен до 12 август, информираат од Државниот завод за статистика. -Државниот завод за статистика, со цел да обезбеди доволен број на кандидати за попишувачи и инструктори од кои ќе може да направи избор на најдобрите кои ќе го спроведат попишувањето на терен, го продолжи јавниот конкурс за пријавување и ги повикува сите заинтересирани да се пријават на електронската апликација на следните линкови: www.stat.gov.mk и https://popis2021.stat.gov.mk Заинтересираните кандидати кои ќе достават електронска пријава, потребните документи ги доставуваат…

Read More