Author: НОВА ТВ

На 92-рата седница на Владата, донесовме одлука за основање на Јавна установа за управување и заштита на Националниот парк Шар Планина. Со донесувањето на оваа одлука ќе се воспостави начин на заштита на новиот НП Шар Планина и ќе се преземат мерки за заштита на утврдените зони во националниот парк, наведе на неговиот фејсбук-профил премиерот Зоран Заев. Претседателот на Владата посочи дека со прогласувањето на Шар Планина за заштитено подрачје се стави под заштита и се овозможи воспоставување на систем за одржливо управување на подрачје кое е ризница на биодиверзитетот, дом на две третини од сите растителните видови во Северна…

Read More

Три лица загинаа во сударот на двата патнички воза, што се случи утринава во југозападниот дел на Чешка, додека десетици патници се повредени. Чешките железници јавија дека во сударот учествувале локален патнички воз и меѓународен брз воз, што од Минхен се движел кон западниот чешки град Плзен и понатаму кон Прага, главниот град на Чешката Република, пренесуваат американските медиуми. Полицијата соопшти дека најмалку три лица загинаа во несреќата што се случи малку по 8 часот утринава во градот Милавче. Меѓу жртвите се машиновозачите на двата воза и една патничка, соопштија властите. Десетици други лица се повредени, од кои пет потешко,…

Read More

Фестивалот „Охридско лето“ денеска го прославува 61-от роденден, временски период низ кој успеа да се испрофилира во манифестација со извонредно голема уметничка вредност, институција со апсолутно најголема и најзначајна продукција на настани од областа на музичката и драмската уметност во земјава. Директорката на Фестивалот, Наташа Поповиќ, на роденденската прес-конференција истакна дека богатата историја на „Охридско лето“ само го потврдува влогот на многу генерации уметници и нивните напори да се исткае успешната приказна на врвната културна сцена. – Денеска по 61-пат посакуваме да ни е вечен Фестивалот кој зад себе испиша богата историја со славни имиња од светската музичка елита и…

Read More

По наредба на бугарскиот премиер Стефан Јанев, Софија испраќа поддршка справување со пожарите на територијата на Македонија. -Нашата земја ќе ја поддржи PCM преку механизмот за заемна помош. За справување со стихијата во Кочани и Делчево, бугарската влада испраќа 25 пожарникари, 3 противпожарни возила и уште 2 сервисни возила, информираат бугарските власти. Уште вчера, во телефонски разговор со премиерот Зоран Заев, Стефан Јанев изјавил дека Бугарија е подготвена да им помогне на своите соседи да се справат со катастрофата.

Read More

Од утре попладне се очекува промена на времето со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално можна е појава на невреме со пообилен пороен дожд, силни електрични празнења, град и силен ветер со над 80 километри на час. Синоптичарите препорачуваат во случај на појава на електрични празнења, граѓаните да бидат внимателни и да не престојуваат на отворено и под осамени дрвја. Во изминатиот период, земјава е во портокалова фаза со температури над 40-тиот степен.

Read More

Вложивме многу време и напори да воспоставиме прагматичен дијалог на сите нивоа меѓу Бугарија и Северна Македонија и да постигнеме договори што ќе бидат прифатени во иднина од следната политичка Влада во Софија и ќе послужат како основа за продолжување на преговарачкиот процес со Скопје и кон остварување на заедничката цел – Република Северна Македонија да започне преговори за членство во Европската Унија, вели бугарскиот технички министер за надворешни работи Светлан Стоев во интервју за софиски „24 часа“. – Во текот на последните два месеци инвестиравме сериозно време и напори за да го водиме овој процес во позитивна и конструктивна…

Read More

Државата денеска ја емитуваше дваесеттата емисија обврзници за денационализација во вкупен износ од осум милиони евра. Со неа ќе се обесштетат граѓаните кои имаат правосилни решенија за денационализација од 1 јануари до 31 декември 2020 година, каде што е утврдено надомест да се врши преку обврзници. – Средствата што се доделени преку обврзниците државата ќе ги исплаќа на десетгодишни рати со годишна камата од 2 проценти, информира Министерството за финансии. Во соопштението од ресорното Министерство се наведува дека државата може во секое време да изврши откуп на обврзниците за денационализација пред рокот на нивното достасување според условите, начинот и постапката што…

Read More

Железничкиот сообраќај од вчера е во прекин поради бојкот на машиновозачите. Тие денеска очекуваат да се сретнат со менаџментот на претпријатието со цел да се најде решение за нивните барања. – Сообраќајот се уште е во прекин. Го чекаме состанокот во 11 часот. Ние сме тука и го чекаме менаџерскиот тим, изјави денеска за МИА Тони Димовски, претставник на машинскиот персонал во Железници на Република Северна Македонија- Транспорт“. Машиновозачите бараат да им биде исплатен вториот дел од платата за јуни, а најавуваат дека до УО на претпријатието и до Министерството за транспорт и врски ќе испратат допис во кој ќе…

Read More

Директорката на Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) на денешната прес-конференција во врска со шестмесечниот извештај за работата на Инспекторатот информира дека е зголемен обемот на надзори во 2021 година во споредба со 2020 година. Презентирајќи ги резултатите, посочи дека во периодот јануари – јуни 2021 година се реализирани 1.132 инспекциски надзори наместо планираните 866 надзори, или остварено е 30 посто повеќе од планираното. – Во 2021 година се реализирани 185 надзори повеќе споредбено со 2020 година, односно во однос на  2020 имаме забележан раст од 20 посто, посочи Петровска. Утврдени се 363 непавилности, односно законски повреди за кои се…

Read More

Од утрово е повторно активен твитер профилот на министерот за здравство д-р Венко Филипче. Профилот на министерот за здравство Венко Филипче, претходно беше ставен под рестрикции од страна „Твитер“, од причина што ненамерно при логирање бил внесен погрешен код за верификација, информираа од Министерството. -Оваа активност за социјалниот медиум беше причина истиот да го ограничи, се работи на надминување на проблемот, соопштија кон средината на јули од МЗ. Официјалниот профил на министерот за здравство беше блокиран поради, како што се наведува, „забележана необична активност од овој профил“.

Read More

Активен е пожарот над селото Градманци во скопскиот регион, но и пожарите кај кумановскиот и штипскиот регион. Пожарот кај селото Бели е целосно изгаснат, додека кај охридскиот регион е ставен под контрола, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). На терен се сè уште пожарникарите и екипите од Армијата. Согласно состојбата со активни пожари до 13 часот денеска, од ЦУК на својот фејсбук профил објавија дека во скопски регион е активен пожарот над селото Градманци. На терен е излезена дежурна екипа ТППЕ и од ШС Караџица – четири шумари. Исто така, е контактирано и со одговорните лица од општина…

Read More

Вашингтонскиот полицаец Гинтер Хашида во четвртокот бил пронајден мртов во својот дом, каде извршил самоубиство, со што бројот на самоубиства на полицајци кои го обезбедуваа Конгресот при упадот на разулавената толпа на 6 јануари годинава се зголеми на четири. -Освен Хашида и полицаецот, Кајл де Фрајтаг, кој беше на должност во Капитол, на 10 јули на ист начин го заврши својот живот, изјави портпаролот на полицијата во Вашингтон, пренесуваат британските медиуми. Полицаецот од дистриктот Колумбија, Џефри Смит и полицаецот од Капитол, Хауард Либенгуд, кои беа во обезбедувањето на Конгресот за време на немирите на 6 јануари, исто така, претходно си…

Read More