Author: НОВА ТВ

Пожарот е ставен под контрола, но поради ветерот ситуацијата е се уште алармантна, изјави за НоваТВ кочанскиот градоначалник Николчо Илијев. -Пожарот избувнал во селото Бели, но ветерот го проширил кон градот и сега е ставен под контрола. Засега знам дека се оштетени две кровни конструкции, но проценка за штетата ќе се прави утре. Помош пристигнува од сите страни, вели Илијев. Тој додава дека останува голем проблем е што во Осоговието на околу 1000 метри надморска висина има и друг активен пожар, иако, како што вели, во моментот сите служби се ангажирани за да го спречат продорот на пожарот во градот.

Read More

Според последните информации кои пристигнуваат од Кочани досега се изгорени четири семејни куќи, потврдува директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. Тој за НоваТВ додаде дека во моментов во градот се мобилизирани повеќе од петстотини лица кои би се вклучиле во справување со огнената стихија. -Вклучени се противпожарни екипи од околните градови, Штип, Делчево, Свети Николе… Исто така се испратени се и три противпожарни возила од Скопје, со 15 пожарникари. Од попладневните часови е добиена наредба да се приклучи и Армијата во помош за справување со пожарот. Свикано е телото за кризна состојба, вели Ангелов. Тој го свикува и…

Read More

Вечерва во Крушево, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски ме информираше за состојбата со пожарите низ земјата и посебно за големиот пожар во Кочани доцна попладнево. Наредбата како Врховен командант за ангажман на Армијата со целосен капацитет ја дадов во 16:30 минути, информира претседателот на државата, Стево Пендарвоски, на својот фејсбук профил. -Одобрена е и употреба на воздухопловите, кои денеска веќе интервенираа во Старо Нагоричане, а утре наутро одат на помош во Кочани. Во текот на ноќта ќе се следи состојбата на терен и ќе се ангажираат дополнителни сили, како и средства за справување со состојбите и помош на населението…

Read More

По избувнувањето на повеќе пожари низ источниот и југоисточниот дел на државата, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) одржи итен состанок со цел мобилизација на тимовите за заштита и спасување од пожари како и вработените на ДЗС и ПОЗС. Како што е објавено на Фејсбук страницата на ДЗС, директорот на Дирекцијата Беким Максути издал наредба за мобилизација на тимовите за пожари, Валандово, Виница, Берово, Битола, Гостивар, Куманово и Скопскиот тим Карпош. Предложено да се вклучат и доброволните противпожарни друштва. Вработени од ДЗС по координацијата се упатени кон загрозените подрачја, како што се Старо Нагоричане, с. Бели Кочани и с. Новаци…

Read More

По повод одбележувањето на Илинден, амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнз положи свежи цвеќиња на Мечкин Камен. -Претставници од Амбасадата, исто така, беа во посета на Пелинце и на споменикот на АСНОМ и оддадоа почит на храбрите борци кои ги поставија темелите на кои се изгради независна , како и на комеморативните настани во Скопје, за да оддадат почит на клучните личности во борбата за независност, информираа од Амбасадата на САД.

Read More

Голем пожар му се заканува на Кочани, a според информациите, најкритично е кај улицата „Васил Главинов“. На терен се противпожарни возила, а во справувањето со пламените јазици се приклучија и локалните жители. Сепак, поради силниот ветер, гаснењето се одвива отежнато. Од Центрарот за управување со кризи информираат дека во Кочани има активен пожар, предизвикан од паднат далекувод кај мв Костин дол и истиот за кратко време се има проширено кон шумски предел и е вон контрола. Според РЦУК Кочани за истиот е постапка за барање помош. Во продолжение Ви ги пренесуваме интегрално информациите за состојбата со пожарите во земјата за…

Read More

Голем пожар, кој според пишувањата на социјалните мрежи сериозно се приближил до семејните куќи му се заканува на Кочани, пренесуваат локалните медиуми. Според информациите, најкритично е кај улицата „Васил Главинов“. На терен се противпожарни возила, а во справувањето со пламените јазици се приклучија и локалните жители. Сепак, поради силниот ветер, гаснењето се одвива отежнато.

Read More

Поради зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за излез од државата е околу еден час. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –…

Read More

Анамарија Цинеге Панзова и Марјанџела Бјанкофјоре, преведувачки на литературни дела од македонски јазик, во август ќе престојуваат на преведувачка резиденција во Скопје. Резиденцијата се организира во рамки на меѓународниот проект „Превод во движење“, чиј македонски партнер е издавачката куќа „Готен“. Партнерски организации на „Готен“ во овој проект се организации од Албанија, Бугарија, Летонија, Србија, Франција, Црна Гора и Шведска, а проектот е поддржан од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија. – Проектот има за цел збогатување и засилување на протокот на преведената литература во Европа и особено меѓу земјите од Западен Балкан и земјите-членки на Европската Унија. Во рамки на резиденцијалниот престој, преведувачките ќе работат на конкретен книжевен превод, ќе имаат можност да ги зголемат своите познавања…

Read More

На централната свеченост, како што објави претседателот на државата Стево Пендаровски, пригодна реч ќе има Никола Ристановски со пораки за Илинден. На свеченоста ќе настапат ансамблот за македонски народни игри и песни „Танец“, ансамблот за албански народни ора и песни, Влатко Стефановски и воениот оркестар на Армијата. – На Мечкин Камен ќе оддадеме почит на Илинденците коишто загинаа во одбраната на Крушевската Република, напиша Пендаровски. https://www.youtube.com/watch?v=cJZkErNwZCI

Read More

Грција ја доживува својата најголема горештина од 1987 година, предупреди денеска премиерот Киријакос Мицотакис, откако синоптичарите најавија дека температурите подоцна би можеле да достигнат 45 степени Целзиусови. Интензивната топлина помогна да се разгорат пожарите кои од саботата уништија повеќе од 3.000 хектари борови и маслинови градини во западниот дел на земјата. Од граѓаните денеска беше побарано доброволно да штедат електрична енергија, бидејќи топлотниот бран што ја зафати Грција ја оптовари енергетската мрежа во земјата и ја зголеми можноста за прекин на доставата на струја, јави „Катимерини“. Мицотакис денеска, за време на посетата на седиштето на операторот на мрежата ДЕДДИЕ во…

Read More

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека голем удел во бројот на новозаразени периодов се патниците кои доаѓаат од странство, а дали тие се носители на Делта-варијантата се утврдува дополнително. – Најдобра заштита против коронавирусот и сите досега појавени мутации се вакцините, а ние не можеме вечно да живееме со рестрикции, вели Филипче во изјава за телевизија „Телма“ и затоа смета дека тоа е доволно за граѓаните да бидат свесни дека треба да се вакцинираат. Тој уште еднаш повтори дека и покрај порастот на новозаразени, рестриктивни мерки засега нема да се воведуваат. Можни се евентуалните ограничувања воведени на есен и…

Read More