Author: НОВА ТВ

Дваесет и осум годишник од делчевското село Стамер го изгуби животот по пад од мотоцикл во близина на местото „Стамерски преод“ на регионалниот пат Делчево – Берово. Настанот го потврдија од полицијата, од каде информираа дека на местото на настанот излегла и екипа на Итната медицинска помош која ја констатирала смртта на момчето. – На 02.08.2021 во 04.50 часот било пријавено дека во с.Стамер, делчевско, Д.Д.(28) од с.Стамер, управувајќи мотоцикл, изгубил контрола и паднал. Д.Д. починал на местото на незгодата, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош, информираа од полицијата. На местото на несреќата бил извршен увид од екипа…

Read More

Последните анализи се во тек пред потпишување на рамковниот договор за изградба на брзата пруга Белград-Ниш-Прешево, соопшти денеска претседателот на Србија, Александар Вучиќ на својот официјален Инстаграм профил. Иако изградбата на таа модерна железничка делница, каде возовите би се движеле до 200 километри на час, повеќепати е најавувана, датумот на почетокот на работите се уште не е познат. Она што е најавено сепак е нејзиниот завршеток – почеток на 2026 година, јави допсиникот на МИА од Белград. -Последната анализа пред потпишувањето на рамковниот договор за изградба на брзата железница Белград – Ниш – Прешево, изградба на нови делници од пругата…

Read More

Директорите на Поштите на Србија и Северна Македонија, Зоран Ѓорѓевиќ и Јани Макрадули денеска во Белград потпишаа Протокол за деловна соработка, во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“, јави допсиникот на МИА од Белград. Документот е потпишан три дена по Економскиот форум за регионалан соработка во Скопје, како дел од иницијативата „Отворен Балкан“ и е првиот чекор кон конкретизирање на договорот помеѓу српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев и албанскиот премиер Еди Рама на зајакнување на економската соработка во регионот. Макрадули изјави дека потпишувањето на Протоколот за соработка е почеток на практичната имплементација на иницијативата „Отворен Балкан“,…

Read More

Попладнево од 13:50 минути гори ѓубриште на вливот на река Бабуна, после мостот па патот кон село Црквино во близина на Велес. Со четири пожарникари и едно противпожарно возило гаснат од ТППЕ Велес. Како што информираат за МИА оттаму, пожарот пред малку бил ставен под контрола и работат на негово целосно гаснење да не се прошири по околните лозови насади во непосредната околина. Пожарот е од левата страна на мостот на Бабуна, а завчера вечер од десната страна на патот пожарникарите од ТППЕ Велес во 2:30 по полноќ успеаја да го изгаснат големиот пожар кој беснееше 14 часа на вливот…

Read More

Рекордни 37.189 нови случаи на коронавирус се пријавени во Иран.  Министерството за здравство ги објави најновите податоци за бројот на заразени и починати од последиците предизвикани од Ковид-19. Во последните 24 часа регистрирани се 37.189 случаи на инфекција, што е нов рекорд, додека вкупно 4.317 лица се хоспитализирани. Ова го зголеми бројот на заразени на 3.940.708. Вкупно 91.407 луѓе починаа, од кои 411 во последните 24 часа. Во единиците за интензивна нега има 5.607 луѓе, и досега вкупно 3.404.533 заразени лица оздравеле. Во Иран се дадени повеќе од 13,08 милиони дози вакцини. Повеќе од 10,28 милиони луѓе ја примиле првата…

Read More

Полска ја зајакнува безбедноста на пунктовите за вакцинација по два инциденти со подметнување пожар во еден од нив и обид на активисти против вакцини да се инфилтрираат во друг. – За жал, овие инциденти се повторуваат, изјави премиерот Матеуш Моравецки. – Сите ќе бидат строго казнети во согласност со сегашните прописи, а ние исто така ќе спроведуваме активности насочени кон зголемување на безбедноста на сите овие центри, рече тој. Шефот на полицијата Јарослав Симчик рече дека бил подметнат пожар во мобилен центар за вакцинација и канцеларија што ја користи локалната епидемиолошка агенција во источниот полски град Замош. Нема жртви од…

Read More

Втори август – Илинден е важен ден во историски контекст за нашата земја, важен празник преку кој го негуваме значењето на вредностите на Крушевскиот манифест и Асномските заклучоци, кои заедно со Охридскиот рамковен договор ги вреднуваме како столбови во изградбата на нашата заедничка држава. Во современиот контекст, ова е празник кој создава мостови и за внатрешно и надворешно поврзување. Ние сме растени со идејата дека Илинден преставува паметник на заедништвото на народите кои живееле на овие простори, затоа денес со право очекуваме Илинден да прерасне во современик преку кој ќе ги одбележуваме заедничките историски вредности. Ова го истакнува во видеообраќањето…

Read More

Невладината организација Движење за демократија (ДД) одржа денеска симболична акција пред амбасадата на Албанија во Косово против иницијативата „Отворен Балкан“, што ја покренаа македонскиот и албанскиот премиер, Зоран Заев и Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ на економскиот форум одржан минатиот четврток во Скопје, јави дописникот на МИА од Приштина. Пред амбасадата беше истакнато пано со слики на Вучиќ со Рама и Зев и со осудениот за воени злосторства од страна на Хашкиот трибунал, Војислав Шешељ, како и прикази на српските злосторства во војната во Косово во 1998-99 година. Над сликите беше запишана пораката до Рама: „Ние не сме…

Read More

„Благодарам за присуството, би сакал на целиот македонски народ и на сите граѓани на Македонија да го честитам најголемиот празник 2-ри Август Илинден, денот на Илинденското востание, денот на почетокот на Крушевската Република, првата Република на Балканот, и денот на првото заседание на АСНОМ со кој што беа удрени темелите на македонската државност и држава кои што беа крунисани со 8-ми Септември како ден на независноста на Македонија“, кажа од Мечкин камен, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, кој ја предводеше партиската делегација на чествувањето во Крушево. -Македонија и македонскиот народ имаат јасен, политичко историски континуитет кој што започнува некаде во…

Read More

Владина делегација положи венци свежо цвеќе на историските спомен обележја посветени на Илинден во Крушево. Како што соопшти владината прес-служба, утринската програма од централните државни почести по повод Денот на Републиката во Крушево, во организација на претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски започнаа со панихида во храм Св. Никола. Владината делегација во овој дел од програмата предводена од министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, во чиј состав уште беа и министерот за локална самоуправа Горан Милески, и заменик-министерот за образование и наука Арафат Шабани, положи венци свежо цвеќе на гробот на Никола Карев на споменикот на хероите…

Read More

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 3.087 тестирања, а регистрирани се 54 нови случаи на КОВИД-19: Тетово – 32, Скопје – 13, Дебар – 4, Гостивар и Валандово – по 2, Кичево – 1. Починато е едно лице од Тетово, на возраст од 77г, во болнички услови. Регистрирани сe 28 оздравени пациенти од: Скопје – 12, Куманово – 4,  Тетово – 3, Кичево, Велес, Охрид и Струга – по 2, Струмица– 1. Направени се 3.087 тестови преку: ИЈЗ-19, ЦЈЗ Скопје-21, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово–4, Клиника…

Read More

Во хеликоптерска несреќа во Колуса, Калифорнија загинаа четири лица, јавија американски медиуми. Во соопштението на Федералната управа за авијација (ФАА) се наведува дека хеликоптер Робинсон Р66 се урнал во 13 часот и 15 минути по локално време во Колуса, северно од Сакраменто. Од канцеларијата на шерифот на Колуса за локалната телевизија КХТВ изјавија дека четири лица загинале на самото место, а нивниот идентитет не е соопштен. Несреќата ќе ја испитаат ФАА и Националната агенција за безбедност во сообраќајот.

Read More