Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Европската фудбалска асоцијација нема да ги почитува барањата на мадридскиот суд, кој одлучи дека клубовите – основачи на европската Суперлига не можат да бидат подложени на санкции. „Тајмс“ пишува дека УЕФА ги отфрлила барањата на мадридскиот суд и е уверена дека судот на Европската унија ќе донесе одлука во нејзина полза. Во петокот, судот во Мадрид донесе одлука УЕФА јавно да објави дека се откажува од санкциите против клубовите основачи на Суперлигата, како и да ги извести италијанската и англиската федерација дека немаат право да ги казнуваат клубовите кои учествуваа во создавањето на турнирот, но потоа го напуштија проектот. Извор…
Во сообраќајка која се случила вчеравечер меѓу автомобил и електричен тротинет, една малолетна сопатничка од тротинетот се здобила со тешки телесни повреди, додека малолетничката што го управувала тротинетот со телесни повреди. – Вчеравечер во 22:30 часот било пријавено дека во Скопје, на крстосницата од бул.„Никола Карев“, ул.„Самоилова“ и ул.„Максут Садик“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мицубиши“, со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Р.(25) од Скопје и електричен тротинет „нунебот“, управуван од малолетничка од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила малолетната сопатничка од тротинетот, а со телесни повреди се здобила малолетничката што го управувала тротинетот, констатирани…
„На сите Македонци, каде и да се, честит Илинден и нека е вечен празникот“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во говорот од струшкото село Ташмаруништа, каде го празнува Денот на Републиката – Илинден. – Додека трае споменот за Илинден ќе трае и Македонија, зошто Илинден е нашата епска битка, нашата библија, и нашиот крст кој ние со исклучителен пиетет го прифаќаме и носиме. Двата Илиндена не беа создадени за да не успееме, туку за да живее идејата која донесе слобода, а слободата денес е платена со крв, пот, солзи и многу животи. Ете толку е скапо она што ни…
„Светол е овој празник, а неговата светлина е уште посилна оваа година кога ја славиме и 30 годишнината од независноста на нашата држава и 80 години од Народното востание. Денеска славиме и воздигнуваме ден кога се оствари вековната желба на великаните на Крушевската илинденска епопеја и на храбрите борци на Народно ослободителната борба“, кажа во обраќањето од Меморијалниот центар во Пелинце, претседателот на Владата, Зоран Заев, по повод празникот Илинден. -Овој ден, овој наш најголем празник, е ден кога им оддаваме почит и ги чествуваме сите наши мажи и жени кои беа живи факели и гореа во желбата за македонска…
Пораки за заемно почитување, за општество на сите граѓани и европска иднина, испрати претседателот на Собранието, Талат Џафери, во неговото обраќање по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката. -Тоа што денес сме тука, а не сме во Крушево, или пак во Пелинце, или пак малку полево пред споменикот на Методија Андонов Ченто, не прави воопшто разлика во однос на важноста на овој празник, во однос на неговата долговечност или пак во однос на тоа каде сѐ се наоѓа духот на заедништвото, храброста, визионерството односно, тоа што претставува концепт кој што ги опишува заедничките вредности кои ги славиме и…
Капитенот на Тотенхем, Хари Кејн го извести раководството на лондонскиот клуб дека сака да се пресели во Манчестер сити, објавија некои британски медиуми. Во јули 2021 година, беше објавено дека 28-годишниот Англичанец се договорил со „граѓаните“ за соработка до 2026 година. Сити е подготвен да плати 187 милиони евра за фудбалерот. Минатата сезона Кејн одигра 49 натпревари, постигна 33 голови и оствари 17 асистенции. Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на играчот на 120 милиони евра
Амбасадата на САД во земјава, преку фејсбук профил, го честиташе Денот на Републиката – Илинден. -Од сите нас во Американската aмбасада; Честита 118-та годишнина од Илинден!, пишува во објавата.
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 402 возачи. Од нив, како што се наведува во сопштението од МВР, 48 возилa се движелe со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а девет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички…
Дваесеткратниот освојувач на Грен слем трофеи, Рафаел Надал го критикуваше Новак Ѓоковиќ за однесувањето на Олимпијадата во Токио. Србинот го фрли својот рекет на трибините во мечот за бронзата. – За среќа, немаше никој таму и ништо не се случи. Но, овие работи се случуваат понекогаш. Се разбира, треба да се обидете да ги избегнете. Ова не е добро за сликата, и подобро е да избегнувате такви ситуации – особено кога сте пример за многу деца. Малку е чудно да се види како успешен играч понекогаш реагира на овој начин, истакна Надал. Шпанскиот тенисер одлучи да ги пропушти Олимписките игри,…
Празникот Илинден се чествува и во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, во чест на Првото заседание на Антифашистичкото Собрание на Народното ослободување на Македонија АСНОМ. Програмските содржини во Пелинце започнуваат со положување на свежо цвеќе на споменикот пред Меморијалниот центар, по што ќе започне првиот дел од пригодната празнична културно-уметничка програма, а обраќање ќе има и претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев. https://www.youtube.com/watch?v=UEpihiwEq3Y
„Слободата е највисокиот идеал и цел на еден народ. Таа започнува како идеја на една генерација која сака да биде своја на своето и самата да одлучува за својата иднина“ – вака ја започнува честитката до граѓаните претседателот на државата Стево Пендаровски, по повод празникот Илинден – Денот на Републиката. -На 2 август 1903-та, борбата за слобода ја започна револуционерната илинденска генерација која во епохата на монархии прогласи демократска република, а во времето на тесногради национализми реши да гради соживот меѓу различните. Борбата за слобода ја продолжи славната антифашистичка генерација која ги надмина пропагандите и поделбите и се сплоти околу…
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Поради зголемена фреквенција на возила, на ГП Богородица времето на чекање за излез од државата е околу еден час. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, соопшти АМСМ. и препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес,…