Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Премиерите на Северна Македонија и на Албанија, Зоран Заев и Еди Рама, како и претседателот на Србија, Александар Вучиќ на денешната заедничка прес-конференција по завршувањето на Регионалниот економски форум во Скопје порачаа дека целта на иницијативата „Отворен Балкан“ е создавање една економија, без царини, без задржувања на границите и со сто проценти слободна трговија. „Отворен Балкан“, нагласија Заев, Рама и Вучиќ, значи ново поглавје во регионалната соработка. Иницијативата не е ограничена само на трите земји, Северна Македонија, Србија и Албанија. Напротив, секоја друга држава од опкружувањето е добредојдена и може да се вклучи ако сака. -Нашата цел е една економија,…
Собранието ја усвои Резолуцијата за утврдување на македонските државни позиции во контекст на блокадите на европските интеграции, поднесена од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. За Резолуцијата гласаа 96 пратеник, 95 гласаа „за“, а еден беше воздржан. Претходно, пратениците го поддржаа амандманот поднесен од група пратеници во Резолуцијата да се внесе уставното име на државата Република Северна Македонија. За Резолуцијата говореше само по еден претставник на пратеничките групи. Пратеникот од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски, образложувајќи ја потребата за усвојување на Предлог-резолуцијата рече дека со целосен консензус за нејзино донесување, пратениците имаат можност да покажат силно единство, подготвеност за рационален дијалог…
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 3.764 тестирања, а регистрирани се 54 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 16, Тетово – 9, Битола и Дебар – по 6, Куманово – 5, Кочани – 3, Гостивар и Струмица – по 2, Прилеп, Кавадарци, Охрид, Радовиш и Валандово – по 1. Регистрирани сe 12 оздравени пациенти од: Скопје – 7, Тетово – 3, Кочани и Гостивар – по 1. Не се регистрирани починати пациенти. Направени се 3.764 тестови преку: ИЈЗ-108, ЦЈЗ Скопје-71, ЦЈЗ Битола-49, ЦЈЗ Прилеп-46, ЦЈЗ Тетово–21, ЦЈЗ Куманово–27, Клиника…
Полицијата денеска постапувајќи по наредби за претреси во дом и други простории издадени од судија за претходна постапка, изврши претреси на вкупно 20 локации, при што од слобода се лишени и во полициски станици се приведени лицата Б.А. (22), Б.А. (19), М.А. (47), Б.А. (23), С.Ј. (22), Е.Б. (27), З.М. (33), Љ.А. (30), Ш.А. (35), Р. А. (33) (полициски службеник), А.А. (26) и Е.С. (24), сите од Скопје, а се трага по уште три лица кои биле дел од групата. При лишувањето од слобода и при извршените претреси, информираат од МВР, на повеќе локации се пронајдени и одземени наркотична дрога,…
Републичката фитосанитарна инспекција на Република Српска, како дел од редовната инспекција на пратките во надворешната трговија, забрани увоз на пратка од 400 килограми сливи со потекло од Северна Македонија, бидејќи се пронајдени остатоци од пестициди над пропишаното максимално ниво, соопшти Инспекторатот на Република Српска, јави дописникот на МИА од Белград. Контролата на овошјето и зеленчукот во Република Српска се врши при увоз, со цел да се утврди дали е здраво и безбедно за човечка употреба, а најголем ризик кај овие производи е недозволеното количество пестициди, микотоксини и тешки метали, и тоа се параметрите на кои се вршат лабораториски анализи, пренесува…
„Јас сум свесен дека не постои власт за која народот верува дека во нејзиниот прв и втор ешалон нема корупција. И завчера немав намера да го убедувам народот во тоа. Напротив, најважно е што ќе направи секој од нас за да бидеме поблиску до таа цел – а целта е нема корупција во било кој ешалон од власта и во кој било дел од општеството“, истакна во писмена изјава премиерот Зоран Заев, додавајќи дека власта е непријател и противник на корупцијата. -За разлика од претходната, оваа Влада сериозно ги зема предвид и постапува по меѓународните извештаи. Го читаме и анализараме секој…
Теренската вакцинација за четврток 29.07.2021 ќе се одвива во следните населени места: Тетово – Жеровјане, Г.Седларце, Радиовце, Теново, Стенче, Волковија, Гургурница Гостивар – Србиново, Трново, Падалиште, Страјане Берово – Владимирово Струмица – Едрениково Кочани – Мородвис Кичево – Челопеци, Лисичани, Миокази, Речани, Орланци Македонски Брод – Локвица, Девич Велес – Раштани, Бузалково Скопје – Д.Количани, Г.Количани, Пагаруша
Нема да имаме друга можност освен да воведеме некаква форма на рестрикција. За мерките е разговарано и дополнително ќе разговараме со цел да го заштитиме целокупното друго население, а тие мерки ќе се однесуваат на невакцинираните, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека за конкретните мерки ќе разговараат подетално во август. – Видовме во изминативе години што значи да нема вакцина за една болест, какви рестрикции, полициски часови итн., гледаме и следиме примери и од другите земји, има приватни компании кои едноставно сакаат вработените да им се вакцинирани за да може нормално да функционира работниот процес, а…
На сите граѓани што аплицирале и што ги исполнуваат условите за добивање ваучер за домашен туризам ќе им бидат врачени во текот на наредната недела и нема да важи условот „прв дојден, прв услужен“ што се применуваше досега, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши. -Министерството за економија во соработка со Министерството за финансии, пратениците и Собранието обезбеди средства за сите да бидат покриени и вкупно над 4.000 ваучери да бидат издадени во текот на наредната недела, рече Бектеши во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата и додаде дека ваучерите за домашен туризам ќе можат да се…
Предложени се измени на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, според кои новинарите ќе плаќаат максимални 400 евра отштета за клевета и навреда по изгубен судски спор, за разлика од досегашното решение, каде оваа сума изнесуваше 2 000 евра, информира министерот за правда, Бојан Маричиќ. – За уредниците, надоместокот на штета немa да биде поголем од 2 000 евра, а за правното лице пак, од 15 000 евра, износот се намалува на максимални 5 000 евра отштета, додава министерот. Со овие измени, како што рече министерот се става крај на можноста за насилствата врз новинарите. Пракси кога новинарите…
Владата го утврди текстот на Предлог-законот за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела, информираат од Министерството за правда. Воедно се утврдени и измените и дополнувањата на Законот за заштита на физичките лица во врска со обработката на личните податоци заради цели на спречување, истрага, откривање или гонење на кривични дела или за извршување на кривични санкции. Според Министерството за правда, целта на законот за исплата на паричен надомест на жртвите на кривично дело со насилство е да се изврши усогласување со меѓународните стандарди во сферата на правата на жртвите од кривични дела. – Причината за донесување на…
Апелацискиот суд Скопје постапувајќи по кривичниот предмет во јавноста познат како „Титаник 3“, ги уважи жалбите на обвинетите Исмет Гури и Ејуп Алими, и ја укина првостепената пресуда. – По одржана седница на ден 12.07.2021 година, донесе решение со кое ги уважи жалбите на обвинетите И.Г. од С. и Е.А. од С., изјавени преку нивните бранители, со што ја укина првостепената пресуда и предметот го врати пред Основниот кривичен суд Скопје на повторно постапување и одлучување, стои во денешното соопштение од Апелацискиот суд Скопје. Исмет Гури и Ејуп Алими на 31 март 2020 година беа осудени на по три и…