Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Предлог-датум за локалните избори останува 17 октомври согласно Изборниот законик, но засега е неизвесно дали за изборот на советници ќе има отворени листи, бидејќи за ваквиот концепт ќе се дискутира откако Собранието ќе ги донесе измените во Изборниот законик. Премиерот Зоран Заев вчера изјави дека според предлогот од работната група во којашто учествуваат сите политички партии, останува локалните избори да се одржат на 17 октомври, како што е утврдено во Изборниот законик. – Имаше дилеми заради трите дена поклопување на пописот со кампањата, но на крајот се одлучи дека трите дена не менуваат ништо. Пописот е обична активност којашто финишира…
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Попладне во планинските подрачја ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 34 до 41 степен. УВ индексот ќе изнесува 9. Во Скопје и околината сончево и многу топло со мала облачност. Максималната температура ќе достигне до 40 степени. Во следните денови времето ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината и ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури. На…
Засега не се планираат рестрикции на границите и во организирањето помасовни настани, но можно е од есен да ги има за невакцинираните граѓани. Се размислува за ограничувања од септември или октомври за оние што не примиле вакцина, најави вчера министерот за здравство Венко Филипче, соопштувајќи дека следат што преземаат другите земји за заштита од Ковид-19, особено со ширењето на позаразниот делта сој. – Некои земји воведуваат брзи тестови за влез во маркети, места за културни настани итн. Размислуваме за тоа, но одлука сè уште не сме донеле. Меѓутоа, ако процениме дека ризикот од невакцинираните, генерално популацијата, вклучувајќи ги и вакцинираните,…
Во иднина нападот врз новинари нив ќе се третира исто како напад врз службено лице. Воведуваме строги казни и за закана за напад врз новинари. Дополнително, во иднина обвинителството ќе постапува по службена должност при вакви случаи. Ова беше едно големо барање на Здружението на новинари, чиј претставници активно учествуваа во Работната група која ги подготвуваше измените на КЗ. За ова денеска информираше на прес-конференција министерот за правда Бојан Маричиќ, кој посочи дека Владата на денешната седница, што се уште е во тек, усвоила повеќе измени и дополнувања на Кривичниот законик, а првите се однесуваат на новинарите. Со тие измени,…
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен откри дека Европската унија ја постигнала целта за имунизација против коронавирусот, односно до крајот на јули со најмалку една доза вакцина да бидат вакцинирани 70% од сите полнолетни граѓани на Унијата. Фон дер Лајен ја поздрави програмата за вакцинација, велејќи дека 57% од полнолетните Европејци сега се целосно вакцинирани и дека овие бројки ја ставаат Европа „меѓу светските лидери“ кога станува збор за процесот на имунизација против коронавирусот. Таа исто така истакна дека процесот за достигнување на целта бил успешен, но предупреди дека треба да се продолжат напорите за вакцинирање на што…
„Целта на седницата е да го означи почетокот на одбележувањето на оваа јубиларна годишнина на на еден таков значаен документ кој што донесе мир, го промени уставот и општеството и ни ги отвори евроатлантските перспективи. Посебно драго ми е што годишнината ја одбележуваа токму оваа коалиција која што рушеше табуа во 2002 година и се до 2006 ја презема огромната одговорност и храбро го трансформира нашето општество“, истакна во говорот на тематската седница посветена 20-годишнината од Охрискиот рамковен договор, првиот потпретседател на Владата, Артан Груби. Тој потоа ги најави настаните преку кои се одбележи јубилејот. -Мотото на прославата е „По…
„Еден од првите приоритети на Владата од 2017 година беше нормативно заокружување на Рамковниот договор. Тогашниот состав ја исполни обврската што непотребно се одолговлекуваше со години и се усвои Законот за јазиците и сите подзаконски акти за правична застапеност, а со тоа се заокружи Рамковниот договор што произлезе од конфликтот“, кажа премиерот Зоран Заев на тематската седница по повод одбележувањето на 20-годишнината од Охридскиот рамковен договор. Заев додаде дека оваа значајна годишнина се совпаѓа со триесетгодишнината од осамостојувањето на државата. -Конфликтот понесе и жртви, но со Договорот веќе не сме општество без надеж, кажа премиерот, нагласувајќи дека на принципите на…
Претседателот на Владата Зоран Заев и првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби ќе се обратат на тематска седница за одбележување на 20 годишнина од Рамковниот договор. https://www.youtube.com/watch?v=ccEwHRIzzQs
Денеска продолжуваат експертските разговори на „Има таков народ“ со парламентарните политички сили. Целта на средбите е да се дискутираат главните начела на политиките на идната Влада. Темите со кои продолжуваат разговорите се здравството и образованието, објави „Дарик радио“. Претседателката на „Исправи се“, Маја Манолова објави дека денеска на експертските состаноци со претставниците на „Има таков народ“ на Слави Трифонов, ќе се зборува и за енергетиката. -Ние ќе понудиме можност да се преразгледаат цените на електричната енергија и парното и тоа преку законски измени што ќе бидат правно посилни од одлуките на Комисијата за енергетско и водно регулирање, рече Маја Манолова.…
Организацијата на Обединетите нации одлучи да им дозволи на светските лидери да присуствуваат на годишниот состанок на Генералното собрание во септември, а оние кои нема да можат да го сторат тоа ќе можат да снимаат говори и да ги испраќаат и оваа година. Претседателот на Генералното собрание во заминување Волкан Бозкир, поддржувач на средби во живо, синоќа ги извести сите 193 земји-членки на ОН дека се направени значителни напори да бидат домаќини на официјални лица на сесијата од 21 до 30 септември во Њујорк, објави неговиот кабинет Пандемијата со Ковид-19 минатата година ги спречи светските лидери да дојдат во Њујорк…
Црна Гора ќе добие Национален дигитален сертификат за Ковид што би бил во употреба од петок, 30 јули, кога се очекува црногорската влада да објави корегирани мерки во борбата против коронавирусот, соопшти Министерството за здравство во Подгорица. Министерството потсетува дека е најавено дека само оние кои исполнуваат одредени услови ќе можат да посетуваат ноќни клубови, дискотеки и внатрешност на угостителските објекти. Националната дигитална ковид потврда, направена по пример на ЕУ-дигиталниот сертификат, ќе содржи, меѓу другото, информации за тоа дали некое лице е целосно вакцинирано или ја примило првата доза на вакцина против коронавирусот. Сертификатот ги наведува датумот и времето на…
Американските граници засега остануваат затворени за меѓународните патници, без оглед дали се вакцинирани или тестирани за коронавирус, соопшти Белата куќа. – Во оваа фаза важат постојните ограничувања за патување, изјави портпаролката на Белата куќа Џен Псаки, додавајќи дека одлука е поради брзото ширење на делта сојот во САД и во странство. САД од март 2020 години ги затвори границите и одлуката ќе биде во сила се додека земјите-членки на ЕУ не одлучат да ги отворат своите граници за Американците, под услов да бидат вакцинирани против Ковид-19 или да имаат негативен тест, патниците кои доаѓаат од шенген зоната, од Велика Британија…