Author: НОВА ТВ

Извештајот на американскиот Стејт Департмент за инвеститициската клима во Република Македонија за жал го потврдува она што веќе подолг временски период го забележуваат голем број меѓународни владини и невладини организации, а тоа е дека – Македонија е земја со распространета корупција и земја која создава непредвидливи услови за странски инвестиции, тврди пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски. Според него, од Извештајот може да се заклучи дека во последните четири години владеење на СДСМ и ДУИ не може да се забележи некој посериозен и позначаен исчекор во реформата на правосудниот систем и јавната администрација, а со цел да се создаде подобро деловното…

Read More

По повод 58-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, цвеќе пред Споменикот на жртвите од скопскиот земјотрес на Градските гробишта Бутел денеска положија делегации на државниот врв – од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски и владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев, во која беа првиот вицепремиер Артан Груби и министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Во чест на загинатите, венец положи и делегација на Град Скопје, предводена од градоначалникот Петре Шилегов, како и делегација на Советот на Град Скопје во која беа советниците Бранко Георгиевски, Ирена Попова и Бојан Ивановиќ. Почит на жртвите во земјотресот во Скопје оддадоа и делегации на…

Read More

Испорачаните резултати на Општина Охрид во насока на исполнување на препораките на УНЕСКО беа меѓу најважните причини Комитетот за светско природно и културно наследство на вчерашната седница да одлучи да ни даде уште една шанса и дополнителен рок за зачувување на статусот што Охридскиот регион го поседува веќе 40 години. Тоа денеска на прес-конференција го истакна градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, потсетувајќи на активностите што oпштината ги спроведе во насока на исполнување на препораките на УНЕСКО, пред се, со отстранувањето на бесправните градби, уредување на крајбрежјето и доследното почитување на Планот за управување со Охридскиот регион. – Оваа одлука значи…

Read More

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ја достави до Уставниот суд Иницијатива за оценување на уставноста на Законот за утврдување јавен интерес и номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и коридорот 10 Д (делница на автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија, со посебен предлог за издавање времена мерка за стопирање на неговата примена се додека судот не се произнесе, потврдија за МИА од Антикорупциска. За Законот, што веќе е објавен во Службени весник, од…

Read More

Поради осмислување на план за преку акт на насилство и упад во Собранието да не се формира нова Влада, екс-спикерот Трајко Вељаноски, поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и екс-директорот на УБК, Владимир Атанасовски, судот ги прогласи за виновни за делото „Организатори на 27 април“, поконкретно за делото „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“. Според судот, тие овозможиле непречен влез на масата народ во Собранието, а притоа континуирано ја намалувале бројката на присутни полициски службеници, додека првообвинетиот и поранешен премиер Никола Груевски, јасно повикувал на масовност на протестите „Излези за Македонија“, со оглед на фактот што и…

Read More

Бугарија не е заинтересирана да бара признавање на „бугарско малцинство“ во Северна Македонија, објави на Фејсбук познатиот бугарски политолог Огнен Минчев. Според него врз база на билатералната бугарско-македонска декларација од 1999 година е утврден принципот земјите да имаат обврска да ги почитуваат индивидуалните права на своите граѓани на самоидентификација и слободно изразување на својот идентитет во доброволни здруженија во сферата на граѓанското општество. Минчев во објавата додава дека бугарската држава признава рамноправни граѓани, а не малцинства и мнозинства. – Крајно време е во бугарските институции, најмногу во Министерството за надворешни работи, да започнат да раководат компетентни луѓе и да се…

Read More

Конгресмените Брендан Бојл и Џо Вилсон, кои ги предводат групите за пријателство со Северна Македонија и со Бугарија во Конгресот на САД, ќе раководат и со конгресната Група за соработка со Европската унија. Конгресменот Бојл ќе ја извршува оваа задача истовремено и како копретседавач со Групата за пријателство со Северна Македонија и македонската заедница во САД, додека конгресменот Вилсон е на чело на Групата за пријателство со Бугарија. Конгресмените Бојл и Вилсон, пренесува Гласот на Америка, ќе работат на унапредување на односите со ЕУ, покрај нивниот ангажман во македонската и бугарската конгресна група. Македонската група за пријателство има 32 членови, конгресмени…

Read More

„Денеска се сеќаваме на 26 јули 1963 година, кога во 5 часот и 17 минути беа урнати 15.800 станови, оштетени 28.000, а над 200.000 луѓе остана без покрив над глава. Катастрофалниот земјотрес пред 58 години за само 20 секунди го запре животот на Скопје, и им го одзеде животот на над илјада скопјани“, напиша на својот фејсбук профил премиерот Зоран Заев. – Денот на сеќавањето на скопскиот земјотрес е и ден кога им изразуваме благодарност на сите кои со љубов и солидарност учествуваа во споделувањето на болката со преживеаните и што учествуваа во обновата на градот. Скопје стана град на…

Read More

Генералниот секретар на Беса Аријанит Хоџа вели дека неговата партија нема да се приклучи кон евентуалната коалиција на СДСМ и ДУИ за локалните избори, и оти се подготвуваат на изборите да настапат сами. Како партија, нагласи тој, ценат дека нивното присуство во Владата направило разлика и сакаат таа разлика да се отслика во гласови и реално како политичка партија да видат како ќе биде оценето нивното десетмесечно учество во извршната власт. Тој не сакаше да коментира ништо во врска со средбата на лидерите на СДСМ и на ДУИ Зоран Заев и Али Ахмети, затоа што, како што истакна, не се…

Read More

Од Министерството за здравство информираат дека теренската вакцинација за сабота 24.07.2021 ќе се одвива во следните населени места: Тетово – Речица, Г.Речица,М.Речица, Калник, Чифлик Струга – Д.Белица, Враништа Битола – Ѓавато, Маловиште Берово – Смојмирово Оттаму додаваат дека секојдневно ќе информираат преку соопштенија за денот и местата за теренско вакцинирање за Ковид 19.

Read More

Во последните 24 часа се направени 3.569 тестирања, а регистрирани се 36 нови случаи на КОВИД-19: Куманово – 15, Скопје – 7, Тетово – 6, Гостивар – 2, Прилеп, Велес, Штип, Струмица, Кочани и Кичево – по 1, информира Министерството за здравство. Регистрирани сe 12 оздравени пациенти од:  Тетово – 5, Скопје – 4, Битола – 2 и Свети Николе – 1. Не се регистрирани починати пациенти. Направени се 3.569 тестови преку: ИЈЗ-78, ЦЈЗ Скопје-41, ЦЈЗ Битола-47, ЦЈЗ Прилеп-42, ЦЈЗ Тетово–23, ЦЈЗ Куманово–40, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 1,…

Read More

„Парламентарното мнозинство е стабилно, разбирачката е огромна“, кажа премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарското прашање дали ќе има последици во владината коалиција по најавата за коалиција на СДСМ и ДУИ на локалните избори. Тој додаде дека нема да биде дозволено било какво билатерално преговарање да наштети на некој друг партнер од коалицијата, додавајќи дека секој ќе добие шанса, но треба да го понуди најдобриот кандидат за градоначалник или советник. -Ние сме владина коалиција со повеќе политички партии, а најголем коалиционен партнер на СДСМ е ДУИ, но тука се и партнерите Беса и ДПА од албанскиот блок и 24 партии плус…

Read More