Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Премиерот Зоран Заев беше домаќин на премиерот на Холандија Марк Руте во првата официјална посета на Северна Македонија, соопштија од Владата. На средбата премиерот Заев го изразил своето и задоволството на Владата од интензивираниот политички дијалог на високо ниво во последните неколку години. -Холандија е важен партнер на Северна Македонија во НАТО. Постигнавме силни билатерални врски и развивме соработка во последните 28 години. Дополнително, Холандија стана наш најпосветен поддржувач на нашите напори за интеграција во ЕУ, исто така, се вели во соопштението. Премиерот Заев нагласил дека Владата на Северна Македонија силно ги цени охрабрувачките пораки на холандската поддршка за процесот…
Фудбалерката на ПСЖ и на француската репрезентација Амината Диало е притворена поради вмешаност во напад врз клупска колешка, објавија денеска француските медиуми. Весникот Л Екип објави дека Диало (26) е осомничена дека го организирала физичкиот напад врз клупската и репрезентативна колешка Кеира Хамрауи што се случил на 4 ноември. Хамрауи и Диало се наоѓале во исто возило, кога двајца маскирани мажи ја извлекле од автомобилот Хамрауи, удирајќи ја притоа со железна прачка по нозете. Инцидентот го потврди и ПСЖ, но засега не е познат поводот за нападот. Во вторникот вечерта Диало беше во составот на ПСЖ во победата од 4-0…
Заменик министерот за одбрана Башким Хасани, заедно со министри и шефови на делегации од земјите членки на иницијативата САД-Јадранската Повелба (А-5), Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Северна Македонија и Соединетите Американски Држави и делегации од земјите набљудувачи: Косово, Словенија и Србија, учествува на редовниот состанок на А-5 иницијативата која се одржува во Сплит, Република Хрватска. На состанокот, како што соопшти Министерството за одбрана, заменик министерот Хасани истакна дека е потребно да се продолжи по патот на регионалната соработка, како начин за меѓународна безбедност и стабилност. Тој додаде дека активностите во рамките на иницијативата како што се заедничките вежби…
Едно лице почина во пожар кој избувнал денеска во канцелариски простории на стовариште за градежен материјал во Куманово. Пожарот во територијалната противпожарна единица бил пријавен во 15 часот. Во моментов пожарот е под контрола, екипите работат на негово догасување. – На терен се упатија две екипи од противпожарната единица, со шестмина пожарникари зафатени биле канцелариски простории во кои живеело едно лице. Во пожарот настрадал човек кој се обидел да го гаси пожарот, но најверојатно дошло до задушување и човекот починал. Кога нашите екипи пристигнаа на местото, човекот беше веќе починат, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски. Пожарникарот Стојан Илиевски,…
Зоран Милески – Кичеец доби шест месеци затвор за сообраќајката на превојот Стража, која се случи на четврти септември, потврдуваат од Обвинителството за ТВ24. Според информациите на телевизијата, обвинетиот постигнал спогодба со Обвинителството, а судија на претходна постапка ја прифатил спогодбата. Во сообраќајката животот го загуби сопатник во автомобилот „Санг јонг“, четири лица се здобија со тешки телесни повреди, а тројца, меѓу кои и осомничениот, се здобија со полесни телесни повреди.
Кабинетот на претседателот на Собранието попладнево соопшти дека е пристигнато известување со кое 17 пратеници ги повлекуваат потписите од иницијативата за доверба на Владата. – Информираме дека до Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија е доставено Известување за повлекување од потписници на материјалот Прашање за Доверба на Владата на Република Северна Македонија со вкупно 17 потписи на пратеници и истото ви го пуштаме за Ваше информирање во прилог, се вели во соопштението од Кабинетот на претседателот на Собранието. Со ова, ревидираниот список, со кој опозицијата бара изгласување на недоверба на Владата, има потписи од 17 пратеника помалку. Ова е…
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: · Направени се 3.597 тестирањa, а регистрирани се 656 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 257, Битола – 38, Куманово – 34, Прилеп – 31, Штип – 30, Кавадарци – 27, Тетово – 26, Велес – 24, Кочани – 23, Охрид и Крива Паланка – по 18, Струмица, Неготино и Делчево – по 13, Гевгелија – 12, Кратово – 11, Радовиш – 10, Ресен, Пробиштип и Демир Хисар – по 8, Струга – 6, Кичево, Свети Николе, Крушево и Македонска Каменица – по 4,…
Излез не се брзи предвремени избори, кажа претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, на прес-конференција по состанокот на раководството на партијата. -Имаше голема пречка за нас во однос на гласањето за недоверба на Владата, но Димитар Апасиев го повлече својот потпис од Иницијативата за гласање недоверба на Владата и сега можем да потврдам дека четирите пратеници на Алтернатива утре ќе гласаме за недоверба на Владата, рече Гаши. -Во оваа состојба, со пандемијата и енергетската криза не е време за избори. Сепак, ни треба нова Влада, кажа Гаши, додавајќи дека наскоро се очекува и отпочнување на преговорите со ЕУ. Тој одговори дека…
Земјите и производителите на возила денеска, во рамки на КОП26, се согласија да ја прекинат продажбата на возила со мотори со внатрешно согорување до 2040 година според COP26, но четирите најголеми светски производители не презедоа таква обврска. Во соопштението од домаќинот на Конференцијата за климата во Велика Британија се ветува дека потписниците ќе се стремат да продаваат само нови автомобили со нулта емисија од 2040 година и „најдоцна до 2035 година на водечките пазари“. Тие рекоа дека ќе ги поддржат владите во нивното барање „да ги направат возилата со нулта емисија достапни, со прифатливи цени и одржливи во сите региони…
Во полициската станица Гевгелија вчера било пријавено дека утрината во 8 часот и 15 минути, на паркинг простор на терминалот во близина на ГП „Богородица“ во патничко моторно возило „Хјундаи“ со грчки регистарски ознаки, бил пронајден починат грчкиот државјанин С.С.(59). Лекар од гевгелиската Итна медицинска помош контатирал смрт без траги на насилство, а увид на местото на настанот бил извршен и од екипи од ОВР Гевгелија. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Конфискацијата на имот претставува една од најважните и најрелевантни алатки за сузбивање на економскиот криминал и за спречување и за борба против корупцијата. Законската рамка во однос на конфискацијата на имот во државава е неконзистентна и има многу недоследности, додека за примената на конфискацијата на имот и имотна корист важно е да се работи на отстранување на неусогласеноста меѓу институциите и да се зајакне меѓуресорската соработка. Финансиските истраги треба да бидат мултидимензионални и да ги сочинуваат сите видови кривични истраги за организиран криминал. Ова беа главните заклучоци на учесниците на Работната група 3 – Правосудство и основни права (Поглавје 23),…
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, им испратил писма на сите француски амбасадори во земјите од Европаката Унија, во кои бара од нив интензивно да работат за отворање на преговори со Албанија и Северна Македонија, пренесува Алабниан Пост. Албанскиот интернет портал според негови извори од Елисејскатра палата, пишува дека Макрон поставил два датума. Првиот датум за решавање на проблемот меѓу Бугарија и Северна Македонија е 14 декември, односно дотогаш двете балкански земји треба да постигнат договор за бугарското вето за С Македонија, што е пречка за отворање на преговори и за Албанија. Вториот датум поставен од Макрон, е 31 декември. До…