Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,03% во однос на Одлуката од 1.11.2021 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-ЕV) се намалуваат за 0,50 денари/литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 денари/литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,690 денар/килограм и сега ќе изнесува 41,445 ден/кг. Од 9.11.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС…
Вкупната вредност на извозот на стоки од државава во периодот јануари – септември годинава изнесува 6 133 253 000 долари и бележи пораст од 33,8 проценти во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 8 341 164 000 долари, што е за 38,5 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година, објави Државниот завод за статистика. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – септември годинава изнесува 2 207 912 000 долари. Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни…
Сакам да ве информирам дека по пријава на граѓани за „диво“ копање на улицата Букурешка, утрово излегов на терен за лично да се запознаам со ситуацијата, информира на својот фејсбук профил новиот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски. -Од одговорното лице на фирмата што го затекнав на лице место побарав дозвола за прекопување на улицата на што ми беше одговорено дека наводно имал одобрение од секторот за урбанизам, но не ми покажа документ. Поради тоа наредив веднаш да прекинат активностите на улицата и да се направи записник, пиша Јакимовски. Тој додаде дека по настанот веднаш ја повикал раководителката на секторот…
Досегашниот претседател на скопскиот Основен кривичен суд, Иван Џолев, со одлука на Судскиот совет денеска е определен за вршител на должност претседател на Кривичниот суд Скопје. Судијата Џолев, како што изјави портпаролот на Судскиот Совет, Љубиша Арсиќ, е определен на оваа должност заради континуитетот во работата и затоа што Судот под негово водство спаѓа во листата ажурни судови. Арсиќ и истакна дека во блиска иднина ќе биде објавен оглас за избор на претседател на Основен кривичен суд – Скопје, како и на други три основни судови – Тетово, Куманово и Ресен. Тој воедно истакна дека во случајот со определување на…
На Универзитетската Клиника за гастроентерохепатологија денеска за првпат беа изведени три интервенции на Радиофреквентна аблација кај пациенти кои страдаат од Баретов езофагус. -Ова заболување се карактеризира со измена на нормалната лигавица во долната третина на хранопроводот која доколку соодветно не се третира може во одреден процент да доведе до карцином на хранопровод. Со Радиофреквентна аблација, која е ендоскопска техника, променетото ткиво се изложува на топлинска енергија со што се уништува променетото ткиво, информираат од Клиниката. Проф. д-р Калина Гривчева Старделова, директор на Клиниката за гастроентерохепатологија објасни дека воведувањето на новата метода носи големи придобивки за пациентите, како и заштеда за…
Железници Инфраструктура се вклучува од логистички аспект во решевање на енергетската криза и презема активности да се стават во функција капацитетите за транспорт на јаглен и мазут, изјави денеска за МИА Хари Локвенец, директор на ЈП ЖРСМ Инфраструктура. Како што информира Локвенец, ЖРСМ Инфраструктура во соработка со ТЕЦ Неготино е во финална фаза за целосната реконструкција на колосекот до термоцентралата, со што ќе овозможи непречен и безбеден транспорт на сите потребни количини мазут во следниот период. Активностите за таа цел се споредуваат во изминатите две недели. -Самоиницијативно, ЖРСМ Инфаструктура како општетвено одговорна компанија пристапија кон подготовка на железничката станица „Никола…
Временските услови влијаат на безбедното одвивање на патниот сообраќај и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) апелира до учесниците во сообраќајот да бидат внимателни, одговорни и подготвени за безбедно управување на возилото при услови на влажни коловози и пониски температури при есенски и зимски услови на патиштата. РСБСП ги потсетува возачите да ги подготват своите возила за возење во есенски и зимски услови, со особен акцент на следното: • НАМАЛЕТЕ ЈА БРЗИНАТА. Во услови на ниски температури и обилни врнежи од дожд или снег, појавите на голомразица на патот, влажни и лизгави коловози се очекувани, особено доколку…
Двајца мажи од Берово и Штип на возраст од 35 и 38 години починаа во штипскиот Ковид-центар, информира портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска во дневниот здравствен билтен. Се очекува во текот на денот раководството да информира во каква состојба биле донесени пациентите и кои компликации од коронавирусот предизвикале смрт кај пациентите на возраст од 35 и 38 години. Штипскиот Ковид-центар веќе десетина дена континуирано се полни со пациенти од источниот регион. Во Инфективното одделение се хоспитализирани 54 пациенти, од кои 48 се на кисолородна поддршка, а на Кожното одделение се лекуваат девет пациенти. Во штипскиот Ковид центар има шест…
Судскиот совет на Република Северна Македонија на денешната седница треба да донесе одлукa за определување вршител на должност – претседател на Основниот кривичен суд Скопје. Членовите на Судскиот совет треба да изберат в.д. претседател на скопскиот Кривичен суд, бидејќи минатата недела на актуелниот претседател на Судот, судијата Иван Џолев, му заврши мандатот. На дневен ред на денешната седница се и барањето од судија во врска со утврден надоместок на трошоци за превоз, како и Одлуката за престанок на судиска функција пoради исполнување на услови за старосна пензија.
Народот виде како на иста маса седнале претставниците на анти-НАТО, анти-ЕУ, анти-Преспа и анти-демократските структури во земјава, учесниците во крвавите дејствија од 27 април, заедно со оние кои декларативно се залагаат за евро-атланскиот курс на земјата и тепани на истиот 27 април. Овој состав значи конфликт на принципи, конфликт на ставови, конфликт на политики и конфликт на вредности. Таков политички состав не може да испорача ништо за интересот на граѓаните, ниту пак за националните интереси на државата, бидејќи единственото заедничко на таа маса е желбата за власт, соопштија од СДСМ по изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ дека е оформено ново…
Новата иднина доаѓа, ново време и нова надеж, напиша на фејсбук претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, споделувајќи фотографија со лидери на парламентарни партии. -Не чекаат силни предизвици, свесни и благодарни за поддршката заедно ќе успееме. Македонија ќе успее! Имаме ново парламентарно мнозинство, пиша Мицкоски.
Македонската ракометна репрезентација загуби вечерва на гостувањето во Каиро со 32-25 (12-10) во првиот од двата натпревари против Египет во рамки на ЕХФ неделата резервирана за меѓународни контролни натпревари. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров одржуваа резултатска неизвесност до 42. минута, кога домаќините со серија од 4-0 стекнаа предност од 23-18, која до крајот на натпреварот беше недостижна. Најефикасни во македонските редови беа Филип Талевски со шест и Филип Кузмановски со четири голови, а голманот Никола Митревски запиша 11 одбрани. Македонските ракометари ќе имаат шанса за реванш против истиот противник утре во Каиро со почеток во 17 часот. Двомечот против Египет…