Author: НОВА ТВ
САД очекуваат да ја продолжат соработката со Северна Македонија во областите од заеднички интерес, соопшти Стејт департментот за Гласот на Америка на македонски јазик, одговарајќи на барањето да ја искоментира оставката на премиерот Зоран Заев по завчерашните локални избори. – Американската амбасада ги следи настаните по вториот круг локални избори, вклучувајќи ја и најавата за оставка од премиерот Зоран Заев, се вели во изјавата од портпаролот на Стејт департментот. Во изјавата се нагласува дека „САД ја сметаат Северна Македонија како доверлив и ценет партнер во регионот, и со нетрпение очекуваат да продолжи соработката со Владата на Северна Македонија во областите…
Првиот ден од оваа седмица, регистриран е благ пад на бројот на новозаразени со Ковид-19 во однос на просекот на работните денови, кој последните месеци се движи од 10 до 16 проценти. Вчера тој процент беше 9,8 отсто, односно од направени 1549 тестирања, беа евидентирани 153 нови случаи на Ковид-19. Освен тоа, вчера беа регистрирани и помалку заразени во однос на викенд деновите, што е реткост, бидејќи бројот на новозаразени во сабота и недела обично е помал во однос на работните денови. Викендов, тој процент беше околу 12. Во претходното деноноќие беа евидентирани и 11 починати лица и уште две…
Времето денеска ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови (над 20 литри на квадратен метар) и проследени со засилен јужен ветер, особено во Повардарието. Во попладневните часови врнежите постепено ќе престануваат. Максималните температури ќе бидат во интервал од 12 до 16 степени. Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд и засилување на ветерот. Попладне, врнежите ќе престанат. Максималната температура ќе достигне до 12 степени. Во следните денови ќе преовладува стабилно време со појава на утринска магла и со умерен, на места засилен ветер претежно од јужен правец. Утринските температури ќе бидат…
Државната изборна комисија (ДИК) денеска на прес-конференција ги соопшти првичните официјални резултати од вториот круг од локалните избори според кои Скопје и 43 општини во земјава добија градоначалници. Првичните официјални резултати, како што информира претседателот на Комисијата Александар Даштевски, се врз основа на записниците што општинските изборни комисии ги доставиле до ДИК. Согласно објавените првични официјални податоци ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во вториот круг од Локалните избори освоија градоначалнички места во 20 општини и тоа во Битола, Брвеница, Василево, Вевчани, Гевгелија, Демир Хисар, Зелениково, Конче, Кочани, Кратово, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Ново Село, Пехчево, Охрид, Ранковце, Ресен,…
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 1.549 тестирања, а регистрирани се 153 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 108, Куманово – 12, Прилеп – 9, Кавадарци – 6, Битола – 5, Крива Паланка – 4, Виница – 2, Струмица, Кичево, Неготино, Свети Николе, Берово, Делчево и Пробиштип – по 1. Регистрирани сe 309 оздравени пациенти од: Скопје – 120, Куманово и Велес – по 26, Кочани – 20, Штип – 18, Кавадарци – 16, Прилеп – 13, Битола – 11, Тетово – 9, Македонска Каменица – 7, Крива…
Владата на Република Северна Македонија на 116-тата редовна седница, што се одржа на 30 октомври, поради запазување на роковите за донесување, го усвои Предлог-буџетот за 2022 година. Како што пишува на веб страницата на Владата, поради изборниот молк, соопштението за усвоениот Предлог-буџет се објавува денеска, 1 ноември, а во следниот период ќе биде објавена и детална презентација. Усвоениот Предлог-буџет, заедно со утврдениот Предлог-закон за извршување на Буџетот за 2022 година, ќе бидат доставени на усвојување во Собранието на Република Северна Македонија.
Оставката на премиерот Зоран Заев повлекува оставка на целата Влада што треба да биде констатирана од Собранието, но останува да ја врши должноста до изборот на новиот владин состав. Во член 93 од Уставот се наведува дека „оставката на претседателот на Владата, неговата смрт или трајната спреченост да ја врши функцијата, повлекуваат оставка на Владата. На Владата и престанува мандатот кога Собранието се распушта. Владата на која и е изгласана недоверба, која поднела оставка или на која мандатот и престанал поради распуштање на Собранието, останува на должност до изборот на нова Влада“. Според член 219 од Деловникот на Собранието „оставката…
Премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, кој синоќа поднесе оставка на премиерското место, на 3 и 4 ноември нема да дојде во Белград, како што првично беше планирано, на состанок на иницијативата „Отворен Балкан“, пишува денеска белградска „Политика“. – Господинот Заев нема да дојде во Белград со оглед на политичката ситуација, пренесува „Политика“ изјава од Кабинетот на Заев, додавајќи дека „Северна Македонија ќе биде претставена на состанокот во Белград со друг политички преставник, кој ќе биде утврден денеска или утре“. Првично беше планирано македонскиот и албанскиот премиер Зоран Заев и Еди Рама да ја посетат Србија на 3 и 4…
Денеска во 14:00, Државната изборна комисија одржува прес конференција на која ќе бидат соопштени првичните официјални резултати од гласањето за втор круг за градоначалници на општините, согласно записниците за сумирање и утврдување на резултати. https://www.youtube.com/watch?v=BXpyqfHJDs8
Бројот на смртни случаи од Ковид-19 во светот денеска надмина пет милиони, за помалку од две години од кризата што не само што ги опустоши сиромашните земји, туку и ги понижи богатите со првокласни здравствени системи, јави Тајм. Заедно, Соединетите Американски Држави, Европската унија, Велика Британија и Бразил – сите земји со висок среден или висок приход – претставуваат една осмина од светската популација, но кај нив се речиси половина од сите пријавени смртни случаи. Само во САД се забележани над 740.000 изгубени животи, повеќе од која било друга нација. – Ова е одлучувачки момент во нашиот живо“, рече д-р…
Кумановец пронашол граната од Втората светска војна, соопшти денеска СВР Куманово. А. М. пријавил во полицијата дека ја пронашол неексплодираната граната во населбата Ајдучка Чешма. – На 30 октомври, годинава во 16:57 во СВР Куманово, А.М. од Куманово пријави дека во населбата „Ајдучка Чешма“, пронашол неексплодирана минофрлачка граната од Втората светска војна со калибар 82 милиметри, соопшти полицијата Екипа од СВР Куманово извршила увид, а гранатата била безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка.
Светот е на „една минута до полноќ“, откако истече времето, чекајќи да се бориме против климатските промени, изјави за Би-Би-Си британскиот премиер Борис Џонсон. Додека светските лидери пристигнуваат на значајната конференција за климатски промени COP26 во Глазгов, Џонсон потенцира дека шефовите на влади или држави треба да преминат од „стремеж кон акција“ кога е во прашање забавувањето на глобалното затоплување. Тој додаде дека Самитот е „критичен“ момент и потенцираше дека амбициозниот исход е сè уште „лебди во воздух“. Велика Британија е домаќин на самитот во услови на зголемена загриженост меѓу научниците дека земјите не прават доволно за да ги ограничат…