Author: НОВА ТВ
Кандидатот за градоначалник од СДСМ и Коалиција за Куманово, Оливер Илиевски во изјавата дадена за медиумите рече, дека од обработените 97 проценти влегува во вториот круг од изборите. – Заедно со Максим Димитриевски одиме во втор круг. Имаме изедначен број гласови со тоа што се обработени 97-8 проценти од бројот на гласовите, се менуваат бројките 30, 40 за едниот, другиот така што во вториот круг одиме со изедначен резултат, рече Илиевски. Тој очекува дека како СДСМ и со коалицијата појасни резултати во вториот круг и победа. Одговарајќи на новинарски прашања дали е изенадувачки резултатот, Илиевски кажа дека не во голема…
Ова е огромна победа на народот на Македонија, кажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој додаде дека денешниот исход е триумф на оние кои гласале и на оние кои не гласале, но сепак ја имаат неговата почит. -Полицијата на Спасовски, обвинителството на Русковска и примитизмот на Заев беа против нас, но со нас беше народот, кажа Мицкоски. Тој додаде дека победата за него претставува и голема одговорност. -Денес трешти гласот на промените. Со вашата верба во себе ќе ја постигнеме целта. Ова е првиот голем чекор до финалната победа, до она што го сакаме од нашата Македонија, да биде просперитетна,…
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски во своето телевизиско вклучување на телевизија Алфа објави дека ВМРО-ДПМНЕ убедливо прогласува победи во над 13 општини низ земјава. -Македонија ви благодариме, она што се случува вечерва е нешто позитивно, се бројат и Советничките листи, но еве неколку каде водиме и прогласуваме победа: Во Ѓорче Петров, Виница, Петровец, Јегуновце, Новаци, Могила, Босилово, Градско, Неготино, Кавадарци, Велес, Штип, Радовиш, Гевгелија, Битола, Кисела Вода, Илинден, Аеродром, Кисела Вода, Гази Баба, Бутел, Свети Николе, Сопиште, Скопје и многу други, многу други, рече Мисајловски. Тој додава дека во град Скопје ВМРО-ДПМНЕ има исто така водство, но наскоро ќе ги…
На изборите се покажа демократска култура, а изборите се рефлексија на една држава и со тоа овој процес помина во најдобар можен ред и сакам да им честитам на сите учесници, кажа претседателот на ДУИ, Али Ахмети. -Сакам да им честитам на сите членови на ДУИ за оваа победа и тоа после онаа од парламентарните избори во 2020 година, при што се зголеми и бројот на гласови на партијата од лани, рече Ахмети. Претседателот на ДУИ нагласи дека кандидатите од оваа партија победиле во прв круг во Липково, Сарај и Пласница. -ДУИ е во значителна предност во општина Тетово, значителна…
Германската партија Зелени на денешниот конгрес даде зелено светло за отпочнување на официјални коалициски преговори за нова влада со Социјалдемократска партија на Германија (СДП) и со Слободни демократи (ФДП). Ако разговорите бидат успешни, социјалдемократот Олаф Шолц, министер за финансии и вицеканцелар во владата во заминување, ќе биде нов канцелар на Германија. Тоа ќе биде крак на 16-годишното владеење на демохристијаните, предводени од канцеларката Ангела Меркел. По разговорите во петокот, лидерите на трите партии им препорачаа на своите партии официјално да започнат преговори за коалиција. Раководството на ФДП треба да се изјасни утре. Претходно, Шолц изјави дека се надева дека пред…
Можам со задоволство да констатирам дека имавме изборен ден со незначителен број на неправилности, без сериозно нарушување на јавниот ред и мир. До 19:00 часот се бележи вкупно намалување на бројот на пријавени настани и тоа за 40 проценти во споредба со изборите во јули 2020 година. Така годинава се пријавени 91 настан за разлика од претходните избори, кога беа пријавени 151 настан, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на прес-конференција по затворањето на гласачките места. Спасовски потенцираше дека од досега пријавените случаи, МВР нема регистрирано посеризно нарушувања на изборниот процес и на јавниот ред и мир во текот…
Од партијата ДУИ информираат дека веќе се сигурни за победа во три општини. Станува збор за Сарај, Липково и Пласница, каде од партијата на Али Ахмети тврдат дека извесно е дека победиле нивните кандидати за градоначалници. -Според прелимирнарни резултати од досега изброените гласови, уште во првиот круг очекуваме победа на ДУИ во Сарај, Пласница, Липково. ДУИ има предноста во сите други општини каде учествува со свои кандидати и можам да кажам целиот дел е озеленет. Според првичните сознанија, ДУИ е во предност на пример во Чаир. Во Куманово соодносот е 3-1 за ДУИ. Трендовите водат кон голема победа на ДУИ,…
Денеска имаше мирен, достоинствен изборен процес, заклучи генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски. Тој им честитаме на институциите за, како што вели, спроведените мирни и фер демократски избори, додавајќи кампањата завршила со мирен изборен ден. -Бевме сведоци на проблемите со апаратите за отпечаток од прст, но тоа беше барање на ВМРО-ДПМНЕ за да го гласаат Изборниот законик и ние како демократска партија тоа го прифативме за резултатите да бидат кредибилни и никој да не ги оспорува, рече Николовски. Според него првичните трендови говорат дека СДСМ и коалицијата ќе забележат уште една сигурна победа.
Јавното обвинителство на Република Северна Македонија соопшти дека до 19:00 часот денеска пристигнале уште неколку пријави за евентуално сторени кривични дела во врска со изборите и гласањето, по кои постапувала Комисијата за следење на евентуални изборни нерегуларности. – Основното јавно обвинителство Струга е известено дека на избирачко место едно лице го искинало гласачкото ливче и го напуштило гласачкото место. По дадени насоки од јавен обвинител, полицијата постапува за негово пронаоѓање и приведување. Во гостиварското обвинителство пристигната е информација за лице кое го сликало гласачкото ливче. Полицијата постапува во насока на расчистување на настанот, информираа од ОЈО. Основното јавно обвинитeлство Кочани…
Во дербито на осмото коло во германското фудбалско првенство екипата на Баерн Минхен забележа гостинска победа над Баер Леверкузен од 5-1 и се врати на чело на табелата во Бундеслигата. „Баварците“ сите пет голови ги постигнаа во воведните 37 минути со што го израмнија рекордот на Борусија Дортмунд и Карлсруе според најмногу постигнати голови во прво полувреме во историјата на Бундеслигата. Во сезоната 1963/64, Борусија Дортмунд против Шалке постигна пет голови, за 23 минути, а истата сезона Карлсруе против Ајнтрахт Франкфурт постигна идентичен број голови за 30 минути. Стрелци за Баерн вечерва беа Роберт Левандовски (3, 30), Томас Милер (34)…
Во 19:30 часот се затворија сите избирачки места на кои граѓаните на Република Северна Македонија денеска гласаа на локалните избори. Иако беше предвидено избирачките места да бидат затворени во 19 часот, изборниот процес продолжи половина час додека не гласаа граѓаните кои беа затекнати во објектите за гласање. Партиските раководства се во нивните штабови, каде ги чекаат резултатите од гласањето, кои се очекува да бидат објавени околу полноќ. Претседателот на ДИК на прес-конференцијата во 19 часот повика на воздржаност од политички активности до 19:30 часот, со цел затекнатите граѓани на избирачките места да можат да го остварат своето право на глас.…
Денеска во Струмица претседателот на СДСМ Зоран Заев заедно со сопругата Зорица и ќерката Александра го остварија своето гласачко право, по што тој рече дека ќе бидат потврдени вистинските политики од исклучителна важност за иднината на државата, а изјавата ја пренесуваме во целост. „Денеска македонската демократија е пред уште една победа. Денеска сведочиме на фер, слободни и демократски избори впрочем како што и личи на една земја членка на НАТО и аспирант за членство во Европската Унија. Нашиот народ граѓаните знаат многу добро колку се важни овие локални избори затоа што се поврзани со секојдневието на граѓаните, доминантно општините, со…