Author: НОВА ТВ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски смета дека органите на СДСМ вечер на седниците на Централниот и Извршниот одбор ќе одлучуваат како понатаму ќе функционира СДСМ, но нема да ги коментира нивните одлуки и состаноци затоа што, рече, тоа е нивна работа. -Прво треба да се коригираат однатре, па потоа да најдат луѓе кои ќе испорачуваат работа затоа што на Македонија и е потребна квалитетна СДСМ, а не СДСМ која ќе биде посветена на лоповлук, измами, предавства, рече Мицкоски по посетата на ОУ „Александар Македонски“ во општина Аеродром. По оставката на лидерот на партијата и премиер Зоран Заев не очекува промени…

Read More

Со едноминутно молчење за загинатите во автобуската несреќа во Бугарија, собраниската Комисија за финансирање и буџет претпладнево ја продолжи општата расправа по Предлог-буџетот за 2022 година. Во текот на расправата власта и опозицијата повторно ги спротивставија ставовите. Додека за пратениците од владејачките партии Предлог-буџетот е развоен, насочен кон економско заздравување, заштита на здравјето, зголемување на инвестициите и непречна исплата на плати и пензии, за пратениците од опозицијата проекциите се погрешни и преамбициозни поради што ребаланс треба да се очекува уште во првиот квартал од 2022 година. Прв за збор се јави пратеникот Зоранчо Јованчев од ВМРО-ДПМНЕ кој нагласи дека желбите…

Read More

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска имаше средба со неговиот црногорски колега Алекса Бечиќ, кој е дојден во земјава како учесник на регионалната конференција „Подобрување на дијалогот меѓу парламентите и новинарите од Западен Балкан”, во организација на Собранието на Република Северна Македонија и Здружението на новинари на Македонија, а се одржува во собраниската зграда. Собраниската прес-служба соопшти дека Џафери го информирал гостинот за актуелната ситуација во земјава по локалните избори и по најавената оставка на претседателот на Владата и за начинот како ќе се следи деловната постапка за избор на нова Влада за што побрзо нормализирање на функционалноста на институциите,…

Read More

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска го претстави Предлог-буџетот на МВР за 2022 година, со вкупна вредност од 10 милијарди и 410 милиони денари, испланиран согласно развојната компонента за подобрување на работењето и реализирање на сите активности што се во надлежност на Министерството, како и негово непречено функционирање и работење за остварување на основните стратешки приоритети и цели. Според Спасовски, овој буџет целосно ги одразува заложбите и приоритетите на МВР за континуирано системско реформирање на полицијата, преку етаблирање на принципите на владеење на правото во сферата на безбедноста, како еден од најкруцијалните фактори за просперитет на државата. Во Предлог-буџетот…

Read More

Прва поголема снежна покривка на скијачкиот центар Попова Шапка има од ноќеска, но сепак не е доволна се уште за почеток на скијачката сезона, информираат од друштвото Попова Шапка. Во летниот и есенскиот период, уверуваат дека се работело на унапредување на состојбите за скијање. -Имаме прва посериозна снежна покривка, но се уште е рано да се прогнозира кога ќе почне скијачката сезона. Во изминатиот период отстранет е дефектот кој минатата година беше на жичарницата Церипашина и таа ќе може да се користи оваа сезона. Така, на располагање ќе бидат сите ски лифтови и жичарници се сервисирани и ремонтирани. Скијачките патеки…

Read More

Уште едно тело е пронајдено при дополнителен преглед на автобусот со државјани на Република Северна Македонија кој излетал на автопатот Струма. Така, бројот на жртвите во тешката сообраќајна несреќа стана 45, како што првично беше најавено, потврди за БНР заменикот главен обвинител и началник на бугарската Националната истражна служба Борислав Сарафов. -Во 21.15 часот во трагичната ноќ преку „Капитан Андреево“ влегле 52 патници, од кои 45 ги затекнавме во автобусот, 7 се во „Пирогов“, за жал ниту еден не е спасен, кажа Сарафов. Тој додаде и дека истражител и обвинител се упатени во Скопје каде ќе останат најдоцна до недела.…

Read More

За време на викендот ќе дува умерен дозасилен ветер од јужен правец (над 60 км/час), што ќе услови повисоки температури. Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни и поројни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во вторник под влијание на студен бран ќе дува засилен северен ветер, ќе има значително намалување на температурите и повремен снег и на повисоките места, информираат од УХМР.

Read More

Броевите на изводи на лиценци кои се евидентирани во Царинската управа при влез и излез и со кои што се шпекулира во јавноста, во ниту еден случај на се во сопственост на опожарениот автобус на превозникот „Беса Транс“. Тоа подразбира дека превозникот вршел злоупотреба на извод од лиценца од друго возило и лиценца од фирмата и со тоа свесно ги прекршувал одредбите од Законот за превоз во патниот сообраќај, информираат од Министерството за транспорт и врски. Како превозникот вршел влез и излез од земјата, од Министерството за транспорт и врски, посочуваат дека тие не се орган кој што има надлежност…

Read More

Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид 19, во период од 6 август заклучно со 25 ноември 2021 година. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина. Во период од 06.08 до 25.11.2021 на територија на државата 58.276 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид 19, од нив 31% биле целосно вакцинирани, односно 17.896 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид 19. Според статистика за изминативе месеци, 40.380, граѓани, односно 69% од позитивните на Ковид…

Read More

Сите ученици и студенти кои се нови добитници на стипендија, односно ова право го имаат остварено на конкурсите за доделување стипендии за учебната/академската 2021-2022 година, ќе може и утре (сабота, 27 ноември 2021), од 9 до 16 часот, да ги доставуваат потребните документи во писарницата на Министерството за образование и наука. – Согласно наведените информации при објавата на резултатите од конкурсите, сите апликанти чии пријави се прифатени и се наоѓаат на листите со добитници на стипендија, имаат обврска од веб-страницата на МОН да го симнат соодветниот договор, да го пополнат во три примероци и заедно со копија од лична трансакциска…

Read More

Државниот инспекторат за транспорт (ДИТ) вчера се обидел, но не можел да изврши вонреден инспекциски надзор во компанијата „Беса транс“, чијшто автобус изгоре во Бугарија, бидејќи, како што изјави за МИА директорот Руфат Хусеини, канцелариите и на компанијата и на нејзините агенции биле затворени, а никој не се јавувал на телефон. – Вчера се упативме во просториите на „Беса транс“, во седиштето, но беа затворени, никој не се јавуваше на службените телефони. Оттаму се упативме во седиштата на двете агенции што ги имаат во Скопје, кои исто така беа затворени и немаше никој. Во Тетово знаеме дека има една агенција,…

Read More

Опрема за лична заштита, вредна 340.000 долари, во која има над 260.000 хируршки маски за една употреба и околу 209.000 висококвалитетни калјачи, донираше УНИЦЕФ во институциите од областа на здравствената грижа, образованието и детската заштита во Северна Македонија. Донацијата е обезбедена од Глобалното седиште на УНИЦЕФ за снабдување и логистика. – Мора да продолжиме да се фокусираме на заштита на оние кои се во првите борбени редови, бидејќи токму тие се грижат за сите нас и целосно ги посветија своето време и енергија за да спaсуваат животи, да го чуваат нашето здравје, да ги задржат нашите деца во училиште и…

Read More