Author: НОВА ТВ
Без проблем помина гласањето на Локалните избори 2021 за болните, немоќните и лицата со Ковид-19 и во самоизолација, чии пријави се прифатени од општинските изборни комисии, затворениците, лицата во притвор. Денеска вкупно гласале 10 653 гласачи, информираше вечерва на прес-конференција портпаролката на Државната изборна комисија (ДИК) Љупка Гугуческа. -На гласачките места во КПУ своето гласачко право денеска можеа да го остварат 1 899 гласачи. Од податоците кои што ги добивме од Општинските изборни комисии гласаа 1 229. Во однос на гласачкото право на лицата пријавени како болни или немоќни од пријавените 7 907, до овој момент според ОИК-ии гласаа 5…
Германската канцеларка во заминување Ангела Меркел денеска во Истанбул вети дека Европската Унија ќе продолжи да ја поддржува Турција, која има згрижено четири милиони бегалци. Меркел по средбата со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган истакна дека односите со Анкара ќе бидат од посебно значење за идната германска влада. Ние секогаш имаме заеднички интереси и така ќе ги гледа следната германска влада, истакна рече Меркел. Ердоган наведе дека се надева дека успешната соработка со Меркел ќе биде продолжена на ист начин и со новата германска влада. Тој се заблагодари за „позитивниот придонес“ во процесот на европска интеграција на Турција и за…
Во Полициската станица во Делчево на информативен разговор е повикан 35-годишниот Н.С. од Делчево поради основано сомнение за давање поткуп во врска со локалните избори, односно сторено кривично дело по член 162 од КЗ „поткуп при избори и гласање“, како и К.С. (35) кој примил 3.000 денари од Н.С. во замена за глас на утрешните избори. Како што информира преку соопштение, портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова, известено е Основното јавно обвинителство во Делчево и по насоки од јавен обвинител извршен е разговор со повеќе лица. Паричните средства во висина од 3.000 денари се одземени. По комплетирање на службената документација од…
Десетици илјади Италијанци учествуваа на денешните демонстрации во Рим против јакнење на фашизмот, една недела откако десничарските екстремисти упаднаа во седиштето на водечкиот италијански синдикат ЦГИЛ. Протестот беше предводен од синдикалните лидери под мотото „Никогаш повеќе фашизам“, а организаторите тврдат дека учествувале околу 100.000 луѓе. Лидерот на синдикатот ЦИСЛ, Луиџи Сбара изјави дека минатонеделниот напад на екстремната десница, предводен од партијата Нова сила „не остави друг избор“ освен доаѓањето на протести „обединети против сите форми на фашизамот“. Сбара побара од властите брзо да ја забранат работата на партијата Нова сила.
Шест фудбалски федерации од северот на Европа изразија противење на намерата на ФИФА на секои две години да организира Светско првенство во фудбал, порачувајќи и оти „со таква радикална одлука не треба да избрзува“. Претставниците на нордиските фудбалски федерации истакнаа дека евентуална таква одлука на ФИФА би го „уништила“ постојниот систем на натпреварувања, би го направила Европското првенство „застарено“ и би ги маргинализирано женските натпреварувања. – Тој предлог може во основа да го оневозможи продолжувањето на нашиот актуелен модел на национални лиги и натпреварите на репрезентациите, се наведува во соопштението од состанокот во Копенхаген. Противењето на нордиските земји не е…
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.595 тестирања, а регистрирани се 395 новислучаи на КОВИД-19: Скопје – 177, Куманово – 35, Велес – 31, Штип – 21, Кавадарци – 19, Прилеп – 17, Охрид и Кочани – по 12, Битола – 11, Струмица – 10, Гевгелија – 7, Тетово – 6, Кичево – 5, Кратово – 4, Гостивар, Свети Николе,Радовиш, Ресен, Крива Паланка, Валандово и Богданци – по 3, Пробиштип – 2, Струга, Крушево, Демир Хисар, Македонска Каменица и Дојран – по 1. Регистрирани сe 245 оздравени пациенти…
Истрагата околу смртта на четворицата руски туристи, кои синоќа беа понајдени мртви во сауна во хотелот “Глорија“ во туристичката зона Ќерет кај Каваја, се проширува и во Северна Македонија. Тоа, според агенцијата Балкан веб, од причина што тие во текот на вчерашниот ден престојувале во Орхид. – Откривањето нови детали, ја прошири истрагата. Во текот на вчерашнот ден тие патувале за Македонија, а по ручекот во Охрид, се вратиле во хотелот “Глорија“ каде што престојувале. Претходно, полицијата соопшти дека се сомневаат дека туристите починале од гушење, но не е исклучено тие да биле под дејство на алкохол. Исто така, дел…
Потпретседателот на руската Влада задолжен за енергетски прашања, Александар Новак денеска изјави дека Русија не ја исклучува можност за нова криза со гас во Европа и ја повика Европска Унија на преговори. – Не ја исклучувам можноста таквата ситуација да се повтори. Подготвени сме за дијалог, истакна Новак. Тој истакна дека во европските складишта недостасуваат околу 25 милиони кубни метри гас и оти „треба да се преземе нешто за тоа“. Испораките на гас на светските пазари се зголемија за дури 15 проценти во споредба со претходната година, а годинава Русија потроши повеќе гас од вообичаеното. Според Новак тоа се должи…
Во село Дрен, демиркаписко, вчера околу 8 часот бил пронајден починат Ш.У.(24) од Авганистан, информираат од Министерството за внатрешни работи. Смрта со видливи повреди на телото е констатирана од екипа од Итна медицинска помош, а по извршениот увид и по наредба на Јавен обвинител, телото било дадено на обдукција.
Шеесет и двегодишен жител на Скопје е уапсен утрово во 7:50 часот на ул.„23 Октомври“, поради сомневање дека ја убил неговата 84-годишна мајка во нејзиниот дом во скопската населба Аеродром. -Полициски службеници од Полициската станица Аеродром денеска во 7:50 часот на ул.„23 Октомври“, го лишиле од слобода И.Т.(62) од Скопје поради сомнение дека утрово околу 6:30 часот во нејзиниот дом со остар предмет и нанел убодна рана на неговата мајка В.Т.(84) од Скопје, по што таа починала, соопштија од МВР. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Поради поседување недозволени психотропни супстанци, две лица на возраст од 21, односно 28 години, се притворени во полициската станица во Делчево. -На 15 октомври 2021 година во 23:30 часот полицијата ги лиши од слобода 28 годишниот М.Д. и С.К (21). Кај двајцата Делчевци при извршен претрес пронајдена е прашкаста материја поради што се приведени во полициската станица, информираат од полицијата. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена кривична пријава.
Италијанскиот фудбалски стратег Клаудио Раниери нема подобро да го памети своето враќање во Премиер лигата, откако неговиот нов клуб Ватфорд попладнево загуби на домашен терен од Ливерпул со 5-0. Особено инспириран беше Роберто Фирмињо, кој постигна хет – трик, а стрелци во триумфот на Ливерпул беа и Садио Мане и Мохамед Салах. Ливерпул со триумфот изби на чело на табелата со 18 бодови, два повеќе од второпласираниот Челзи, кој има натпревар помалку. Ватфорд со седум бодови е на 15. место, четири бодови над зоната за испаѓање.