Author: НОВА ТВ
Главниот специјален обвинител на Црна Гора, Миливоје Катниќ, изјави дека во случајот со Пандорини докименти, ќе биде сослушан претседателот на државата, Мило Ѓукановиќ како граѓанин и додаде дека тие го формирале случајот бидејќи постои „сомневање“. Во емисија на ТВ Вијести во која гостуваше заедно со директорот на невладината организација МАНС Вања Шаловиќ Марковиќ, која учествуваше во истрагата за меѓународен конзорциум новинари, тој рече дека побарале документација и испратиле писмо до Ѓукановиќ за да им даде одговори. Специјалното државно обвинителство на Црна Гора отвори случај во врска со тврдењата на Мрежата за афирмација на невладиниот сектор (МАНС) дека Ѓукановиќ и неговиот…
Првиот круг на Локалните избори 2021 ќе се одржи на 17 октомври. Финишираат активностите за изборите како на Државната изборна комисија така и на учесниците на изборите. Први своето право на глас на овие избори ќе го искористат лицата што ќе се пријават да гласаат како болни и немоќни, болни од Ковид-19 или во самоизолација, затворениците, лицата во притвор, во стaрските домови и внатрешно-раселените лица. Тие гласаат ден претходно, на 16 октомври, а за нив за утврдување на идентитетот и проверката дали веќе гласале нема да се врши со уреди за биометриска идентификација, туку за нив ќе користи спреј и…
Шведската влада вчера донесе нова седумгодишна стратегија за реформска соработка помеѓу Шведска и Западен Балкан и Турција. Постојаната соработка со земјите од регионот има цел да ги зајакне условите за демократски и инклузивен развој. Соработката со Западен Балкан ги вклучува Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Србија и Црна Гора. Како што соопшти Шведската амбасада во Скопје, преку новата стратегија Шведска ќе ја интензивира својата работа во областа на човековите права, демократијата, владеењето на правото, родовата еднаквост, инклузивниот економски развој и заштитата на животната средина и борбата со климатските промени. Исто така, шведската поддршка ќе се фокусира и на…
Владата во Романија падна откако владејачката централно-десничарска коалиција предводена од Флорин Кицу не го издржа гласањето на наедоверба во Собранието. Опозициската левоцентристичка Социјалдемократска партија (ПСД) и екстремно десничарската Алијанса за единство на Романците (АУР) се приклучија во поддршката на иницијативата за недоверба на поранешните членови на коалицијата од Унијата за спасување на Романија. Падот на Владата може да доведе до предвремени избори во Романија, кои се активираат кога на премиерот и неговиот кабинет ќе му биде изгласана недоверба двапати по ред од страна на пратениците. Тоа може да потрае со месеци, оставајќи ја земјата во неизвесност, а социјадемократите побараа избори…
Никогаш не е прифатливо една земја да и диктира било што на друга земја, изјавиле денеска од Европската комисија како одговор на прашање од МИА, како реагираат на изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев вчера од Словенија кој кажа дека очекува 120 илјади граѓани да бидат попишани како Бугари во Северна Македонија. Според портпаролката на ЕК, Дана Спинант, земјите членки под ниеден услов не смеат да се мешаат во домашните работи на други земји. -Сакаме да се реши ова билатерално прашање поради кое Бугарија не прифаќа одржување на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија, вели портпаролката за МИА. Бугарскиот претседател…
ВМРО-ДПМНЕ својата програма за претстојните локални избори „Создади нова иднина“ вечерва ја презентираше во Македонски Брод, Гевгелија, Дојран, Богданци и Валандово. Реалноста во која живееме, тешкиот живот, немањето на пристојни услови за живот го даваат одговорот, а тој треба да се заокружи со вашиот глас и изборот тука во Македонски Брод на 17ти октомври, кога народот ќе биде силата која што ќе ги донесе промените, вели Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг пред граѓаните во Македонски Брод. Мицкоски потенцираше дека Европската унија со чело на државата на Зоран Заев станува се по далечна, а односите со Бугарија никогаш…
Нобеловата награда за литература е основана во 1901 година. Ја доделува Шведската академија за литература во Стокхолм. Досега, наградата е доделена 114 пати. Нобеловата награда за литература не беше доделена во 1914, 1918, 1935, 1940-1943 година. Таму се 118 добитници на Нобелова награда за литература . Само 4 пати во историјата на наградата – во 1904, 1917, 1966 и 1974 година, таа беше доделена на двајца уметници. Ниту еднаш, ист автор двапати не ја доби Нобеловата награда за литература. Најмладиот добитник е британскиот писател и поет Рудијард Киплинг. Го добил во 1907 година кога имал 42 години. Најстарата добитничка на…
Кандидатката за градоначалник на Град Скопје, Ана Петровска на прес конференција го презентираше проектот за преработка на отпад и добивање на органско ѓубриво. „Изведба на компостара за био-отпад кој што био-отпад ќе се собира од јавните површини. Отпад од кроење, гранки, лисија итн. И отпад од храна. Тој отпад во оптимален состав ќе се преработува со цел да се добие органски ѓубриво“, изјави кандидатката за градоначалник на Скопје од Зелен хуман град, Ана Петровска. Таа кон медиумите и граѓаните се обрати од кај железничкиот мост во Лисиче, односно на местото каде што Усјанскиот канал се влева во Вардар, при што…
Министерот за надворешни работи на Бугарија Светлан Стоев ја прими делегацијата на Националната галерија на Република Северна Македонија, предводена од нејзината директорка Дита Старова – Керими, соопшти прес-центарот на бугарското Министерство за надворешни работи. Како што јави дописникот на МИА од Софија, главна тема на разговорот биле можностите за продлабочување на соработката во областа на културата, вклучително и реализација на заеднички проекти со Државниот културен институт на Бугарија при министерството за надворешни работи и Културно-информативниот центар на Бугарија во Северна Македонија и со други културни институции и галерии во Бугарија. – Преку културата може да се испратат пораки, кои тешко…
Набавката на нови дози вакцини од Фајзер конечно ги обедини, околу едно прашање, пратениците од власта и опозицијата во албанскиот законодавен дом. По подолга распарава, преполна со обвинувања од страна на опозицијата за нереало прикажување на бројките на заразени и починати од Ковид-19, како и на имунизрани, пратениците со 126 гласови „за“ и ниту еден против, го изгласаа нормативниот акт за набавка на над 500.000 вакцини од Фајзер. -Нормативниот акт што го одобруваме денеска го отвора патот за обезбедување, за многу брзо време, во рок од три месеци, на 500 илјади вакцини Фајзер, од кои првата пратка ќе пристигне овој…
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, попладнево во Тирана, имаше средба со министерката за здравство и социјални прашања на Албанија, Огерта Манастирлиу, на која разговараа за можностите за продлабочување на соработката во делот на социјалните прашања. Двете соговорнички разменија искуства за социјалните политики што двете држави ги водат за поддршка на ранливите категории на граѓани. Посебно внимание беше посветено на потребата за децентрализација на социјалните услуги, за што е неопходна интензивна соработка со локалните самоуправи. Во тој контекст, министерката Шахпаска информираше дека преку Проектот за подобрување на социјалните услуги Министерството за труд и социјална политика веќе поддржа 19…
Во американскиот Конгрес денеска беше постигнат договор за зголемување на лимитот за задолжување, соопшти шефот на демократите Чак Шумер, и додаде дека со него се избегна потенцијално катастрофална ситуација во која државата нема да може да ги плати доспеаните обврски. -Имам добри вести, постигнавме договор за зголемување на лимитот на задолжување до декември, рече Шумер. Договорот, постигнат по долги преговори со републиканците, ќе и овозможи на првата светска економија да избегне да се најде на 18 октомври во ситуација кога не може да ги плати обврските. Според Министерството за финансии, на 18 октомври земјата би се нашла во ситуација да…