Author: НОВА ТВ
Христијанско -демократската унија (ЦДУ) на почетокот на декември планира да оддржи конгрес на кој најверојатно ќе се одлучува за судбината на претседателот Армин Лашет, јави германскиот весник Билд. Според весникот, ЦДУ веќе ја резервирала изложбената сала во Дрезден за периодот од 6 до 13 декември. Истовремено, од седиштето на партијата соопштуваат дека се уште не е познато дали настанот ќе се одржи или ќе биде одложен за следната година. „Во секој случај, јасно е дека времето на Лашет веќе помина“, пишува „Билд“. Политичката иднина на Лашет може да биде решена уште вечерва, за време на конференцијата на фракцијата ЦДУ/ЦСУ во…
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека „Европа е виновна за актуелната енергетска криза“, откако високите цени на бензинот предизвикаа обвинувања дека Москва ги прекинува испораките за да изврши притисок врз Западот. „Тие направија грешки“, рече Путин на телевизиска средба со руски енергетски претставници, откако критичарите ја обвинија Москва дека намерно ја ограничила испораката на гас во обид да го забрза стартот на гасоводот „Северен поток 2“, што ја поврзува Русија со Германија. – Инвестициските планови на глобалниот пазар на енергија имаат долгорочна природа што не толерира врева и конфузија, додаде тој. Според Путин, светската економија успешно закрепнува по минатогодишната криза…
Почнувајќи од утре, 7 октомври започнува испорака на топлинска енергија до потрошувачите поврзани на системите за централно греење во Скопје, којашто се врши по строго утврдени правила во зависност од атмосферските услови и надворешните температури. Овие правила се утврдени во регулативата за испорака на топлинска енергија до потрошувачите, информираа од РКЕ. Според регулативата, доколку надворешните температури се пониски се испорачува поголемо количество топлинска енергија и обратно, така што корисниците имаат обезбеден комфор и загреани домови согласно стандардите, односно температури во домовите не пониски од 20 +1 степен Целзиусов. Во исто време, со овие правила на испорака се обезбедува оптимална потрошувачка…
„Силен и просперитетен Западен Балкан претставува неопходен придонес за европската економија и без сомнение, целосната интеграција на Западен Балкан во Европската Унија треба да биде природен исход на реформскиот пат во регионот“, истакна претседателот на Владата на Северна Македонија, Зоран Заев на првата пленарна сесија на Самитот на ЕУ за Западен Балкан посветена на социо-економскитe прашања во соработката на земјите од регионот со Европската Унија. Премиерот Заев нагласи дека активностите на Владата за економски развој се одвиваат истовремено со мерките што обезбедуваат социјална сигурност и социјална правда, со позитивно влијание врз намалувањето на сиромаштијата и подобрувањето на социјалната вклученост. „Преку…
Пристапувањето на земјите од Западен Балкан во ЕУ е континуиран приоритет на бугарската надворешна политика и поддршката на Софија за тоа е конзистентна, но се базира на клучните принципи на индивидуални достигнувања во исполнувањето на критериумите за реформи и важноста за одржување добрососедски односи, изјави претседателот на Бугарија, Румен Радев пред почетокот на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брдо кај Крањ во Словенија. – Имав важни средби и со лидерите на европските институции, како и трилатерална средба со канцеларката Ангела Меркел, претседателот Емануел Макрон на која присуствуваше и премиерот на земјата-кандидат за членство во ЕУ, Република Северна Македонија, Зоран Заев, рече…
Зголемувањето на прогнозата за растот на БДП за Северна Македонија што денеска е објавено од страна на Светска банка е потврда за навремените мерки и исправните политики што ги преземаме во текот на оваа година, оценува во изјава за МИА министерот за финансии Фатмир Бесими. – Позитивните движења во економијата започнаа во вториот квартал од оваа година со регистриран раст на БДП од 13,1 отсто. Тие позитивни движења се очекува да продолжат до крајот на годината. Проекцијата на Владата и на Министерството за финансии е годинава растот на БДП да биде 4,1 отсто, но позитивните движења во вториот квартал и…
На маргините на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брдо кај Крањ, Словенија, претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев оствари билатерална средба со неговата колешка од Естонија Каја Калис, на која, како што информира владината Прес-служба, биле истакнати пријателските односи меѓу двете земји и взаемната посветеност за понатамошно унапредување на соработката. Заев, се вели во соопштението, во разговорот ја поздрави заложбата на Естонија како вреден партнер и поддржувач на нашата интеграција во Европската Унија, како и во процесот на зачленување на Северна Македонија во НАТО и се заблагодари за силната и гласна поддршка за започнување преговори за пристапување. –…
Околу 75 отсто наставници во училиштата се вакцинирани, а настава на далечина следат околу два процента од учениците, соопшти Министерството за образование и наука. Со одлука на Владата училиштата одржуваат онлајн-настава за оние ученици за кои родителите ќе побараат од медицински и од немедицински причини. МОН очекува дека со континуираната имунизација ќе се обезбеди дополнителна сигурност и услови за продолжување на наставата со физичко присуство. Од понеделник треба да почне и најавениот скрининг на околу 8200 ученици во основните и средните училишта со цел да се добие податок дали има трансмисија на вирусот во училиштата. Тестираењето за присуство на КОВИД-19…
Повеќе од половина возрасни Британци веруваат дека излегувањето на Велика Британија од Европската унија е неуспешно, покажува најновата анкета на лондонската агенција Savanta ComRes. Во анкетата, 52 проценти од испитаниците одговориле дека Брегзит не донел ништо, а 36 проценти оцениле дека излегувањето на Британија од ЕУ претставува успех. Дека Брегзит е неуспешен, рекоа и 32 отсто од граѓаните кои се изјаснија како поддржувачи на владејачката конзервативна партија, која беше главниот мотор за напуштање на ЕУ, како и 26 отсто од оние кои гласаа за Брегзит на референдумот во јуни 2016 година. Истражувањето, во кое учествуваа 2.000 граѓани, сепак покажа дека…
Албанскиот премиер Еди Рама, во интервју за шпански Ел Паис дадено ден пред денешниот самит ЕУ-западен Балкан, вели дека „веќе не очекуваме ништо од Европската унија“. -Научивме, на тешкиот пат, да не очекуваме ништо, бидејќи видовме дека Европа не е во многу добар момент, има многу внатрешни проблеми и проширувањето не се чека со ентузијазам, изјавил Рама за самитот, пренесува Топ чанел. Запрашан за извештаите за високи нивоа на корупција во неговата земја, премиерот вели дека не е сè веродостојно. -Ситуацијата е поинаква. Некои извештаи треба да се земат многу внимателно: како се прават, кој ги прави, итн. Тие не…
Премиерот Зоран Заев во рамките на Самитот на ЕУ за Западен Балкан во Брдо кај Крањ, оствари заедничка средба со германската канцеларка Ангела Меркел и претседателите на Франција и Бугарија, Емануел Макрон и Румен Радев на која е изразена посветеноста на процесот на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан, со што е потврден стратешкиот интерес на Унијата за ова прашање. Како што соопшти владината Прес-служба, на средбата, на која присуствуваше и вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, Заев изрази благодарност за оваа определба и потенцираше дека е од огромно значење што лидери, како претседателот Макрон и канцеларката Меркел,…
Холандски суд денеска го отфрли повикот за укинување на „ковид-пропусниците“, потребни за влез во ресторани, барови, музеи, театри и други јавни места во Холандија. Суд во Хаг наведе дека Владата била во право кога побарала да се достават докази за вакцинација против Ковид-19 или негативен тест за коронавирус за да се ограничи ширењето на коронавирусот, откако повеќето други мерки беа укинати минатиот месец. Според Судот, владата убедливо ставила до знаење дека невакцинираните луѓе имаат поголем ризик да заболат од коронавирус и други инфекции. Тие го отфрлат тврдењето на противниците дека правилата ги дискриминираат оние што не сакаат или не можат…