Author: НОВА ТВ

По повод Светскиот ден на животните, вчера, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, го посети паркот за миленици спроти Нова Македонија, каде поразговара за одговорно сопствеништво, чипирање и стерилизација на домашните миленици со сопствениците на кучиња кои беа во паркот. „Град Скопје е единствениот град со јавно претпријатие за улични животни, ’Лајка‘. Преку ’Лајка‘ се грижиме за бездомните животни на достоен и хуман начин. Граѓаните го паметат стационарот ’Вардариште‘ и хорор сцените кои веќе заминаа во минатото“, изјави Шилегов при посетата. Шилегов со присутните дискутираше за нивните предлози и идеи во однос на состојбата со животните во градот, но и за одговорноста…

Read More

Русија денеска треба да лансира глумица и филмски режисер во Вселената. Целта е – првиот филм снимен во Земјината Орбита. На Земјата се враќаат на 17 октомври. Јулија Пересилд и филмаџијата Клим Шипенко се очекува да полетаат од космодромот Бајконур во Република Казахстан. Предводени од космонаутот Антон Шкаплеров, тие ќе патуваат со вселенскиот брод „Сојуз МС-19“, како дел од 12-дневната мисија на Меѓународната вселенска станица (МВС) – снимање сцени од филмот „Предизвик“. Ако тоа биде успешно, рускиот екипаж „ќе ги претрка“ своите американски „соперници“ кои најавија сличен потфат со Том Круз, НАСА и „Спејс-Икс“ на Илон Маск. Режисерот го нарече…

Read More

Бугарскиот претседател Румен Радев бил поканет од страна на германската канцеларка Ангела Меркел на заедничка средба со францускиот претседател Емануел Макрон и македонскиот премиер Зоран Заев. Ова го соопшти прес -службата на Радев еден ден пред самитот на Европската унија и Западен Балкан, што треба да се одржи во Брдо, Словенија. – Сакам да потврдам дека утре рано со работен појадок почнувам состанок со комесарот Вархеји и премиерот на Словенија како земја претседавач со Европскиот совет и заедно со претседателот Румен Радев, секако тие до крај треба да бидат потврдени, но во агендата веќе се вклопени. Веднаш после тоа ќе…

Read More

Премиерот Зоран Заев најави дека во текот на денот или најдоцна утре ќе даде свој коментар за објавениот извештај од вештачењето за пожарот во Модуларната ковид болница во Тетово. – Навистина првпат слушам дека извештајот е објавен, веројатно веќе сме биле на прес-конфернција кога тоа е објавено. Дозволете да го прочитам извештајот, да го видам со се што е објавено, за да можам да ги дадам своите реакции и веднаш во текот на денот или најдоцна утре ќе дадам свој коментар за ова, изјави Заев, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција денеска во Владата. Прашан, што тоа конкретно ќе значи…

Read More

Здравствената криза ни покажа колку образовниот систем е кревок, а предизвиците кои ги донесе пандемијата може многу негативно да се одразат на знаењето на учениците, особено кај најмалите и да создадат празнини што тешко дека некогаш ќе можат да се надоместат доколку немаме квалитетен наставен кадар кој ќе успее ефектите од тие предизвици навремено да ги анулира и да ги заштити нашите деца. За среќа, нашата држава има токму таков наставен кадар, вели министерката Мила Царовска во честитка по повод Светскиот ден на учителот 5 Октомври. Посакувајќи им на сите наставници добро здравје и уште многу индивидуални и колективни успеси,…

Read More

Резултатите од тековните научни истражувања за можните здравствени ризици од изложеност на РФ ЕМП (електромагнентни полиња) покажуваат дека нема евидентни негативни здравствени ефекти доколку изложеноста остане под граничните нивоа на изложеност утврдени со сегашните меѓународни упатства, се наведува во заклучоците од научната монографија „Влијанието на зрачењата од телекомуникациските уреди и технологии врз здравјето на луѓето и околината – животната средина која нè опкружува (4Г, 5Г итн), што ја објави Агенцијата за електронски комуникации (АЕК). Aвтори на монографијата се: доц. д-р Кухар Андријана и вон. проф. д-р Раковиќ Валентин од Факултет за електротехника и информациски технологии при Универзитет Св. Кирил и…

Read More

Американскиот претседател Џо Бајден вчера телефонски разговарал со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пред која се залагаше за справедлив меѓународен даночен систем, се вели во соопштението на Белата куќа, цитирано од Ројтерс. Соединетите држави се надеваат дека на Самитот на Г -20 на крајот на месецот ќе се постигне политички договор за воведување глобален минимален данок на компаниите, соопшти агенцијата. Во разговор со Фон дер Лајен, Бајден исто така изразил силна поддршка за продолжување на процесот на пристапување на земјите од Западен Балкан во Европската унија, се вели во соопштението. Лидерите на ЕУ и Балканот ќе се…

Read More

Четвртиот рекет на светот, Александар Зверев, ја коментираше истрагата што ја започна АТП за наводите за семејно насилство од негова страна. – Отсекогаш целосно го поддржував креирањето на АТП пакетот мерки за борба против семејното насилство. Покрај тоа, мило ми е што АТП ја започна оваа истрага, па дури и јас самиот барав да го направат ова неколку месеци. Како што реков претходно, категорично и одлучно негирам сè што ми се припишува. Успеавме да добиеме прелиминарна забрана против изданието и новинарот што ги објави овие лажни информации. Во судското мислење се наведува дека сите обвиненија се лажни и клеветнички. Меѓутоа,…

Read More

Шведската Агенција за јавно здравје соопшти дека ја препорачува за аплицирање вакцината „Комирнати“ на Фајзер/Бионтек кај деца на возраст од 12 до 15 години и воедно информира дека нема да ја користи конкурентната вакцина „Спајквакс“ на Модерна. Европската агенција за лекови ја одобри употребата на Комирнати во мај, додека Спиквакс доби одобрение за употреба кај деца над 12 години во јули. – Општо земено, имаме причина да ја избереме вакцината за која најмногу знаеме и која е најдокажана кога станува збор за деца на возраст од 12 до 15 години, нагласи државниот епидемиолог Андерс Тегнел. Шведските здравствени власти велат дека…

Read More

Премиерлигашот Манчестер сити се најде на врвот на листата на клубови со најскапи состави меѓу екипите од најдобрите пет лиги во Европа. Според истражувачкиот центар „CIES Football Observatory“, вкупната вредност на фудбалери на Сити се проценува на 1,280 милијарди евра. На второ место е Манчестер јунајтед (1,214 милијарди), додека трет е Челзи (946 милиони). Следуваат Барселона (896 милиони), Баерн (890), Ливерпул (868), Реал (846), ПСЖ (808), Борусија Дортмунд (687) и Атлетико Мадрид (662). Проценетата вредност е од 1 октомври 2021 година. Играчите кои се на позајмица не беа земени предвид.

Read More

Не се планираат нови антиковид-мерки зашто е намален бројот на хоспитализирани, болниците не се оптоварени и се празнат. Трета доза „Фајзер“ им се препорачува на сите граѓани, без оглед на возраста и дали се хронично болни. Од идната недела околу 8200 основци и средношколци ќе бидат тестирани за присуство на КОВИД-19 за да се добијат податоци за преносливост на вирусот во училиштата. Според министерот за здравство Венко Филипче, состојбата со заразата со КОВИД-19 сега е стабилна зашто континуирано повеќе денови има речиси идентичен број нови случаи – меѓу 450 и 500, но насекаде низ државата е сè помал бројот на…

Read More

Поддршката на ЕУ за проширувањето се предвидува да биде спомената во завршната декларација на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брдо во Словенија, како и тоа да се каже дека Унијата ја реафирмира поддршката за регионот и има капацитет да прими нови членки, брифираат дипломатски извори од Брисел. Македонскиот државен врв очекува од Самитот ЕУ-Западен Балкан јасна и чиста порака дека местото на Западен Балкан е во Европската Унија и за тоа е подготвена и самата Унија. Во однос на прашањето меѓу Скопје и Софија, дипломатските извори исто така брифираат дека преговорите меѓу двете земји продолжуваат и ЕУ го поддржува тоа, како…

Read More