Author: НОВА ТВ
По неколкумесечна предистражна постапка, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување на истражна постапка против осум лица поради на активности за присвојување и продажба на добра под привремена заштита, културно наследство и природни реткости. Како што информира Јавното обвинителство, двајцата првообвинети во периодот од мај минатата година до денес, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, создале група на која се придружиле останатите осомничени. – Осомничените поединечно и заедно преземале дејствија на присвојување и продажба на добра под привремена заштита, културно наследство и природни реткости. Употребувајќи сонди…
Во август годинава продолжи трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити и таа се сведе на ниво од 4,49 проценти, а просечната каматна стапка на вкупните депозити во август изнесува 0,79 отсто. – Просечната каматна стапка на вкупните кредити, во август 2021 година изнесува 4,49 проценти и оствари месечен и годишен пад од 0,01 прроцентни поени и 0,24 процентни поенти, соодветно. Просечната каматна стапка на вкупните депозити се намали на месечно и годишно ниво за 0,04 процентни поени и 0,20 процентни поени соодветно и изнесува 0,79 отсто, соопшти денеска Народната банка. Во август година, просечната каматна стапка…
Проширувањето на Европската унија отсекогаш предизвикувало силни мислења и емоции, чувство на екстремен оптимизам и екстремен песимизам. Многу повеќе од другите политики, истакна еврокомесарот Оливер Вархеји на Форумот за граѓанското општество во Западен Балкан. Тој кажа дека од неговото долгогодишно искуство, она во што верува дека е навистина потребно за успехот на политиката за проширување е вистинската посветеност и, како што вели, политиката за проширување има вистинска трансформативна моќ. -Тоа е геостратешка инвестиција во мир, стабилност, безбедност и економски раст во цела Европа. Патот кон ЕУ сепак е долг и комплициран и полн со предизвици. Но, оние кои се навистина…
Во 21 век не смее да има цели населби и населени места во главниот град без основни потреби и услови за живот, порача кандидатката за градоначалник на Скооје, Данела Арсовска, која додаде дека Скопје се соочува со нерамномерен развој. -Додека центарот на градот и урбаните населби се пренатрупани со гужва, приградските населби немаат основни услови за живот. На само 7 до 8 километри од центарот на градот има десетина населби во кои, во една нема редовна и чиста вода, во друга нема канализација, во трета нема игралишта за децата, во некоја нема тротоари и асфалтни улици, во друга нема автобуска…
Министерство за здравство ги повикува сите граѓани да ги поддржат здравствените работници, волонтерите и излекуваните пациентите кои ќе трчаат на Скопскиот маратон, в недела на 3 октомври 2021 година. Учеството на Скопски маратон, е во чест на дарителите на органи и коскена срцевина и е во организација на националната координаторка за трансплантација, д-р Маја Мојсова-Миовска и ЈЗУ Клиника за хематологија – Скопје, соопштуваат од МЗ. Оттаму известуваат дека на почетокот на трката, пред салата Борис Трајковски, ќе има пункт, отворен од 08 до 12 часот, каде граѓаните ќе можат да се информираат за трансплантациите како можност за излекување и продолжување…
Најмногу дожд во изминатите 24 часа, до 8 часот утринава се наврнати во Тополчани – 30 литри на метар квадратен, потоа во Крушево – 17, Прилеп – 12, Берово – 6, Пожаране – 5, Скопје – Петровец – 4, Маврово – 3, Охрид, Битола и Ѓуриште по 2 и во Тетово и Скопје – Зајчев Рид по еден литар на метар квадратен, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Времето денеска ќе биде претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во западните делови, каде повремено ќе бидат поројни и се очекува локално да наврнат околу…
Јасна порака дека Грција не ја поддржува Бугарија во блокадата на европската перспектива на Северна Македонија, испрати грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на неговото учество на „Атинскиот демократски форум“, истакнувајќи дека тоа е „непотребна компликација“, јави дописничката на МИА од Атина. За време на дискусијата со Стивен Ерлангер, уредникот на дописништвото од Европа на „Њујорк Тајмс“, грчкиот премиер говореше за низа актуелни теми во Грција, меѓу кои и за интеграцијата на Северна Македонија во Унијата. – Не. Не ја поддржуваме Бугарија. Сметаме дека е непотребна компликација, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на прашањето дали Грција е на страната на…
Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 3.014 дози вакцини, од кои 1.240 се аплицирани како прва доза, 1.730 се ревакцинирани, а 44 граѓани примиле трета доза вакцина, информираа од Министерството за здравство. Заклучно со 29 септември вкупно се вакцинирани 786.979 граѓани, ревакцинирани се 726.625, а трета доза примиле 181 граѓани. 52% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирании, а 32% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина. Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација, е 47,2% , а со две дози опфатени се 43,6% од граѓаните над 18 години.…
Дваесеткратниот грен слем шампион Рафаел Надал е првиот тенисер со поминати 6 000 дена по ред во Топ 10. Шпанецот за првпат влезе помеѓу најдобрите десет играчи на 25 април 2005 година и оттогаш е во светската тениска елита. Во моментов Надал е на 7. место на светската АТП ранг-листа. Инаку, Роџер Федерер е првиот што има 6 000 дена во Топ-10, но не последователно, односно во текот на серијата ги има напуштено десетте најдобри.
Честитки до ДЗС за пописот, бидејќи беше сложена и тешка операција, која првпат се случува после 20 години и со нова методологија на Евростат, истакна министерот за правда Бојан Маричиќ. Тој кажа дека имало и политички проблеми, но и технички проблеми и хакерски напади, ама и покрај тоа очекува денеска ДЗС да каже дека пописот е успешно завршен. -Податоците што ги има ДЗС треба да се обработат и има одреден период да се заврши таа операција. Само партијата Левица повикуваше на бојкот, но тоа немаше ефект. Имаше индивидуални членови на партијата кои одбија да се попишат. тие се евидентирани, но…
Сите земји членки на ЕУ ја прифатија одлуката на ЕК од март 2020 година и се согласија дека интегрирањето на партнерите од Западен Балкан во ЕУ претставува геостратешка инвестиција во мирот, стабилноста, безбедноста и економскиот раст на целиот континент и дека Западен Балкан е составен дел на Европа и геостратешки приоритет за ЕУ. За жал, Бугарија ја блокираше оваа одлука и таа блокада е сѐ уште активна. Искрено се надевам дека вашите пораки од овој форум ќе бидат дел од новиот импетус кој е толку неопходен во овој момент и дека на 6 октомври во Словенија ќе бидат направени потребните…
Полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар, утринава околу 01..30 часот на бул.„Крсте Петков Мисирков“ во Скопје, го лишиле од слобода Џ.И.(40) од с.Страхојадица, општина Зелениково, поради сомнение дека непосредно пред тоа, со употреба на сила влегол во угостителски објект на ул.„Битпазарска“, сопственост на Б.Б.(34) од Република Турција, а со живеалиште во Велес, и одзел техничка стока и пари, соопштија од МВР. Во близина на местото на настанот биле пронајдени дел од предметите, а Џ.И. бил приведен во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 236 од Кривичниот законик.