Author: НОВА ТВ

Над 60 млади активисти ќе учествуваат на 19. Меѓународна младинска конференција „Европски вредности за иднината на земјите во Југоисточна Европа“, што од денеска до 4 октомври се одржува во Крушево. Младите ќе дебатираат за европската иднина и трансформација на регионот водена од младите, како и за поголема интеграција и дигитална трансформација на општествата. Конференцијата е во организација на Младинскиот сојуз, со поддршка на Германската амбасада во Скопје, а во соработка со Регионалниот совет за соработка, Гете-институтот, Националната агенција за европски програми и мобилност и Германската фондација „Фридрих Науман“. Главната тема на годинашната конференција е „Регионална трансформација“, а има за цел…

Read More

Во Мелбурн бројот на заразени денеска достигна рекордно ниво, а лекарите ова го припишуваат на илегални домашни собири за гледање спортски настани за време на скоро двомесечното заклучување. Властите во Викторија, каде што се наоѓа Мелбурн, проценуваат дека речиси една третина од новите инфекции, од вкупно 1.438, може да бидат поврзани со домашни собири минатиот викенд, на кои се гледало големото финале на австралискиот фудбал. – Многу од овие случаи можеа целосно да се избегнат … Не се обидувам да обвинам никого, само се обидувам да објаснам, бидејќи многу луѓе ќе се прашуваат како можеше да се случи тоа толку…

Read More

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ изборната кампања „Создади нова иднина!“ денеска ја претстави во Кавадарци, Неготино и Демир Капија. Од митингот во Кавадарци претседателот на партијата, Христијан Мицкоски рече: -Ова се избори на кои се одлучува во каков правец ќе продолжи нашата Македонија. Овие избори точно е дека не се парламентарни, но се многу важен тест каква порака ќе испратите. А зошто е важна пораката? Затоа што знаете дека не се живее подобро, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во Кавадарци. Тој посочи дека власта ја крие тивката инфлација преку која се ограбува народот. „Мината година килограм зејтин беше…

Read More

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ неодамна најави дека ќе отпатува во САД на Мастерс 1000 турнирот во Индијан Велс, но, како што наведуваат денеска повеќе српски медиуми, освојувачот на 20 грен-слем титули, во меѓувреме, го променил ставот и многу веројатно ќе го откаже учеството. Ѓоковиќ во моментов се наоѓа во родниот Белград и од засега непознати причини не е во тренажен процес. Негов приоритет, сепак, останува да го задржи водечкото место на АТП листата на кое сериозно му се заканува Русинот Данил Медведев. Ѓоковиќ во кариерата шест пати завршуваше календарска година како најдобар светски тенисер и тој рекорд засега го…

Read More

Премиерката на Република Србија, Ана Брнабиќ, денеска во Нови Сад изјави дека регионалната интеграција е едно од најважните прашања пред нас, бидејќи ние сме должни да им понудиме на младите луѓе во регионот перспектива за подобра иднина, порачувајќи дека нема европска интеграција без регионални врски, јави дописникот на МИА од Белград. Како што соопштија од српската Влада, на конференцијата „Западен Балкан – еден регион, еден пазар“, Брнабиќ посочи дека посилната економска соработка меѓу соседните земји и земјите од регионот носи повисок квалитет на живот за сите граѓани. -Крајно време е да им понудиме на генерациите кои доаѓаат по нас поинаква…

Read More

Со нетрпение го очекуваме Самитот ЕУ-Западен Балкан идната седмица во Словенија. Западен Балкан е клучен приоритет за Европската комисија, иднината на регионот е во ЕУ. Разговаравме како да го придвижиме напред процесот на проширување преку отворање преговори за членство со Северна Македонија и со Албанија. Вака се огласи на „Твитер“ еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, кој денеска беше во посета на Скопје, по средбата со премиерот Зоран Заев. – Среќен сум повторно да го посетам Скопје за сеопфатни разговори со премиерот Зоран Заев. Се согласивме брзо да почнеме да ги спроведеме првите најважни проекти од Економскиот и инвестициски план за…

Read More

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на завршниот час на обуката на лицата со телесна попреченост за први онлајн асистенти во земјава на која се запозна со значењето и постигнатите резултати на платформата, а учесниците на обуките ги споделија своите импресии од стекнатите знаења и можностите за вработување. На настанот, кој беше во организација на македонската компанија Бренд Солушн Дооел, а се одржа во канцеларијата на ЕУ, присуствуваа и заменик шефот на делегацијата на ЕУ во Скопје, Џулијан Васало и претставникот на Фондот за иновации и технолошки развој, Искра Лазарова. Компанијата Бренд Солушн Дооел ја има креирано платформата „Бест онлајн асистент”…

Read More

Фудбалските натпревари во Шпанија од петок повторно би требало да се играат пред 100-процентна исполнетост на трибините, објави шпанското Министерство за здравство. Одлуката доаѓа по денешниот состанок на здравствените власти со седумнаесет автономни покраини на кој едногласно е договорено проширување на капацитетот од сегашните 60 отсто. Шпанија во март 2020 година целосно ги затвори стадионите и спортските сали поради пандемијата на коронавирус која во земјата со 47 милиони жители зарази 4.9 милиони луѓе и однесе 86.000 животи. Почетокот на новата сезона дозволи делумно враќање на гледачите со задолжително носење заштитни маски на лицата и одржување растојание меѓу посетителите. Во Шпанија…

Read More

Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски денеска изјави дека утрово во 5 часот е лишена од слобода 23-годишната П.И. под сомение дека му нанела убодна рана на невенчаниот сопруг. – Утрово во 05 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода 23 годишната П.И. од Велес поради сомнение дека околу 02:20 часот во семејната куќа на ул.„Максим Горки“ со остар предмет му нанела убодна рана на нејзиниот невенчан сопруг А.Р.(40) по што починал, изјави Додевски. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Извршен е увид на местото на настанот и по целосно документирање на случајот против…

Read More

Мексиканскиот новинар Мануел Гонзалес Рејес е убиен во државата Морелос, во централниот дел на земјата, соопшти локалното обвинителство. Рејес, директор на локалниот портал „Морелос“, е убиен вчера попладне во Куернавака, главниот град на сојузната држава Морелос, кога бил застрелан од двајца напаѓачи на мотор, пренесуваат американските медиуми. Организацијата за слобода на медиумите „Артикл 19“ го осуди убиството на Гонзалес, кој е шести новинар убиен годинава во Мексико.

Read More

„Златната топка“ за фудбалер на годината која ја доделува француското списание „Франс фудбал“ ќе биде доделена на свеченост во Париз на 29 ноември, соопштија денеска организаторите. Листата на номинирани фудбалери во машка и женска конкуренција ќе биде објавена в петок. Престижната награда „Златна топка“ во чија организација повторно се вклучува реномираното француско списание, се враќа по едногодишна пауза, откако минатата година не беше врачена поради пандемијата на коронавирус. Лауреати во 2019 година беа Аргентинецот Лионел Меси во машка, и Американката Меган Рапино во женска конкуренција. Наградата за најдобар голман му припадна на Бразилецот Алисон, додека холандскиот дефанзивец Матијас Де Лихт…

Read More

Министерскиот совет на Бугарија денеска ја одобри позицијата на Софија за самитот ЕК-Западен Балкан, што треба да се одржи на 6 октомври во Брдо кај Крањ, во Словенија, на кој ќе учествуваат лидерите на ЕУ, шесте земји-партнери од Западен Балкан и други засегнати страни. Како што јави дописникот на МИА од Софија, меѓу главните цели на Самитот во Брдо е да се потврди поддршката на ЕУ за европската перспектива на Западен Балкан и соработката на Унијата со земјите од регионот во спроведувањето на Економскиот и инвестицискиот план за регионот. Бугарија, истовремено, го поддржува одржувањето на состанокот, што го смета за…

Read More