Author: НОВА ТВ
Опозицијата бара оставка од Владата на Република Српска. Денешната седница на Народното собрание на Република Српска започна со барањата на пратениците на опозициските партии Владата на Република Српска да поднесе оставка поради аферата „Кислород“, пренесува „Слободен печат“. Се работи за тврдење кое изминатите денови беше презентирано во медиумите каде беа прикажани документи кои покажуваат дека болниците во РС се снабдувале со кислород од компании кои немале дозвола од Агенцијата за лекови на БиХ, за производство, трговија и дистрибуција на медицински кислород, туку бил испорачуван технички кислород за пациентите. Во меѓувреме на фирмата ТГТ Техногас која ги снабдувала болниците со технички,…
Северна Македонија е посочена како светол пример кој останатите држави е пожелно да го следат во истражувањето за „Отвореноста на извршната власт“ во регионот, во кое предмет на анализа беа Србија, Северна Македонија, Црна Гора и БиХ, на Конференцијата што денеска се одржа во Подгорица, по повод светскиот ден за слободен пристап до информации од јавен карактер. Според извештајот Северна Македонија освои рекордни 83,43% од поставените критериуми во доменот на транспарентноста. Зад неа е Србија со 74,9%, потоа следува Црна Гора со 59,5 и на крајот е БиХ со освоени 47,7% од максималниот број можни поени. Со поддршка од Проектот…
Споделување факти и отфрлање на сите митови или заблуди, е фокусот на годинашната глобална кампања по повод Светскиот ден на борба против беснилото, 28 Септември, соопшти Ветеринарната комора на Република Северна Македонија. Комората апелира сопствениците редовно да ги вакцинираат домашните миленици, кучињата и мачките. Вакцинацијата против беснило, нагласува, е со Закон утврдена обврска и гарантира превенција од оваа тешка и смртоносна заразна болест. -Корона пандемијата покрена многу сомнежи и заблуди за болестите, нивното ширење и за вакцинацијата воопшто. Поради ова, имаше одредено двоумење во врска со воведувањето на вакцините за КОВИД-19 во многу земји и многу луѓе се плашат да…
Решавањето поголем број прашања поврзани со функционирањето и работата на Уставниот суд беше тема на разговор на работната средба на претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска и министерот за правда, Бојан Маричиќ. Како што соопшти Уставниот суд, Кацарска и Маричиќ размениле мислења за начините за обезбедување целосна функционална независност и самостојност на Судот, унапредување на сегашниот систем на уставно-судска заштита на слободите и правата на човекот и граѓанинот, овозможување буџетска и административна самостојност и унапредување на статусот на уставните судии по примерот на повеќето споредбени решенија во регионот и Европската унија. Министерот Маричиќ, како што се наведува во соопштението, бил…
По конфузијата што се појави со изјавата на претседателката Урсула фон дер Лајен за одвојувањето на Северна Македонија и Албанија за почеток на преговори со ЕУ, од Европската Комисија попладнево потврдија дека нивната позиција не е сменета, јави дописничката на МИА од Брисел. На претседателката на Европската Комисија утрово во Тирана и беше поставено прашање за одвојувањето на Албанија од Северна Македонија на кое таа одговори дека Албанија ги исполни сите услови за одржувањето на првата меѓувладина конференција и дека се прави сѐ за да се надминат пречките. Овој одговор предизвика конфузија кај дел од новинарите околу тоа дали има…
Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен денеска во Тирана, на заедничката прес-конференција со нејзиниот домаќин, албанскиот премиер Еди Рама рече дека дава целосна поддршка за отпочнување на преговорите на Албанија и Северна Македонија со ЕУ. -Давам целосна поддршка за преговорите со Албанија и Северна Македонија што е можно поскоро. Ние разговаравме за тоа во минатото, работиме на тоа. Двете земји ги исполнија сите свои задачи и сега ние сме тие што треба да го реализираме својот дел. Јас сум одлучна Албанија и Северна Македонија да ги отворат преговорите што е можно поскоро. Многу очекувам меѓувладината седница да биде до…
Северна Македонија и Босна и Херцеговина имаат многу блиски врски од минатото, но и определби за заедничка иднина, заклучија на денешната средба премиерот Зоран Заев и членот на претседателството на БиХ, Шефик Џаферовиќ. Премиерот Заев изрази искрено добредојде за делегацијата на БиХ и истакна дека посетата на Џаферовиќ е резултат на континуитетот и исклучително позитивните и традиционално блиски односи на двете земји. Заев и Џаферовиќ нагласија дека двете земји ги поврзуваат и заедничките интереси и вредности како што се членството во НАТО и ЕУ. Во таа насока, премиерот Заев рече дека Северна Македонија е подготвена да го сподели со Босна…
Нема пречки да се свика итна седница на која би се разгледала можноста за продолжување на пописот, но треба да се достави предлог од Владата или од група пратеници и да има политички консензус меѓу сите политички партии во Собранието. – Непишано правило е Собранието да работи во изборна кампања, но тоа не значи дека ако има итна потреба, да не заседава. Во однос на изјавата на директорот на Државниот завод за статистика дека е можно да биде побарано продолжување на пописот поради хакерските напади, ова е прашање кое треба да биде предлог на Владата или на група пратеници за…
Бесплатен јавен превоз за сите скопјани и понуда на избор за жителите за еколошка алтернатива на нивните автомобили беше најавено денеска на прес конференцијата што ја одржа кандидатката за градоначалник Данела Арсовска. -Со ова решение беше презентиран еден од 15+1 проекти од нејзината програма и истото се однесува на проблемот со загадениот воздух, подобрување на хаосот со транспортот во главниот град и воведување сообраќаен ред, пишува во соопштението. Кандидатката за градоначалник објасни дека вакви решенија има досега во Франција, каде во повеќе од 30 општини тоа веќе функционира. Во 2013 година во Естонија, Талин стана првиот главен град на ЕУ што…
Стимулирањето на продуктивноста и зајакнувањето на отпорноста на економијата, се одговорот за побрзо надминување на последиците коишто пандемијата ги нанесе на економијата. Повисока продуктивност може да се постигне преку инвестиции во човечки капитал, иновации и технолошки прогрес, што пак, ќе придонесе за забрзан и одржлив економски раст. Ова беше посочено на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и советникот за политички прашања во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во земјава, Џерек Бас. Користењето на придобивките од дигитализацијата, усвојувањето на нови производи и процеси, му овозможуваат на приватниот сектор побрзо да одговори на потребите кои ги наметнува новата состојба.…
Министерот за финансии Фатмир Бесими го презентира Планот за економски раст пред претставници на компаниите членки на Стопанската комора на Северна Македонија (СКСМ). Како што соопштија денеска од Стопанската комора на Северна Македонија, клучни компоненти во Планот за економски раст се зголемени инвестиции од четири милијарди евра во наредните пет години, кој ќе поттикнат нови работни места и раст на економијата до пет отсто и обезбедување фискална консолидација, намалувањето на јавниот долг под 60 отсто од БДП и враќање на буџетскиот дефицит на три отсто. Министерот Бесими, како што се наведува, кажа дека е ова оквирен план што ќе ги…
Вкупно 1.695.549 лица, 526.605 домаќинства и 752.916 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика. Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 199.819 граѓани од дијаспората. Денеска е 24-тиот ден од Пописот 2021 и до крајот остануваат уште два дена пописни активности. Освен во своите домови, граѓаните можат да се попишат и на одредени пунктови во нивните општини што ги отвори Државниот завод за статистика. Локациите за попишување се достапни на линкот на ДЗС: https://popis2021.stat.gov.mk/Upatstva/SpisokNaKPRzaPopisuvanje.pdf Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, кој официјално започна на…