Author: НОВА ТВ

Од денеска почнува исплатата на септемвриските пензии. Исплатата ќе се одвива етапно до петок. Денеска ќе се исплаќаат пензии во висина до 11 илјади денари, утре до 14 илјади денари, задутре до 18 илјади денари. Во петок во филијалите и експозитурите на банките ќе се исплаќаат пензии во висина над 18 илјади денари. – Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 28 септември (вторник). Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања. Етапното процесирање на пензиите ќе…

Read More

Вакцинацијата се одвива со добро темпо на територијата на целата држава. Заклучно со 26ти септември, со една доза на вакцина против Ковид 19 вакцинирани се 46,9% од населението над 18 годишна возраст. Кај лицата над 40 годишна возраст опфатот со една доза изнесува 55%, кај лицата помеѓу 18-39 години опфатот со една доза на вакцина изнесува 31%. Според последните податоци, најмногу со прва доза вакцинирани граѓани има во градовите Охрид(63,9%), Кавадарци(64,3%), Гевгелија(61,4%) и Неготино(65,1%). Помеѓу 50-60% опфат на вакцинирано население со прва доза има во градовите Битола, Д.Хисар, Ресен, Велес, Берово, Пехчево, Прилеп, Крушево, Валандово, Штип и Пробиштип. Помеѓу 40-50%…

Read More

Европската фудбалска асоцијација, ја прекина постапката за против Барселона, Јувентус и Реал Мадрид за проектот Суперлига. – По отворањето на дисциплинска постапка против Барселона, Јувентус и Реал Мадрид за евентуална повреда на правната рамка на УЕФА во врска со таканаречениот проект Суперлига, Апелационото тело на УЕФА одлучи да ја прекине постапката до понатамошно известување. стои на веб-страницата на УЕФА. На 19 април англиските клубови Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Тотенхем, Ливерпул, Челзи и Арсенал, шпанските Барселона, Атлетико и Реал, италијанските Милан, Интер и Јувентус го објавија создавањето на Супер лигата. По остриот протест на навивачите и заканата од санкции од ФИФА…

Read More

„Наместо да кажат со какви задачи се соочувале како претседатели, што направиле за остварување на стратешките цели поставени во 1991, членство во НАТО и во ЕУ и кои се научените лекции, тие распалија по актуелната власт. Ваква немилосрдна канонада против владата на Зоран Заев, но, индиректно, и на претседателот на државата Стево Пендаровски е на рамниште на онаа што секојдневно доаѓа од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ“, вели професорот, политички аналитичар и поранешен министер за надворешни работи Денко Малески во текст објавен на Плусинфо. Малески ги коментираше вчерашните говори на поранешните претседатели Бранко Црвенковски и Ѓорге Иванов во МАНУ, во кои тие…

Read More

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола го коментираше трансферот на напаѓачот Лионел Меси во ПСЖ, пред натпреварот од групната фаза од Лигата на шампионите. – Преселбата на Меси во ПСЖ беше изненадување за сите, но сега сите се помирија со тоа. Претходно, не можевме ниту да го замислиме ова, но никогаш не знаете што ќе се случи. Главната работа е што Меси е среќен во Париз. Она што го постигна во текот на неговата кариера е исклучително. Се надевам дека ќе може да игра против нас, за доброто на фудбалот, изјави Гвардиола. Натпреварот ПСЖ – Манчестер сити ќе се одигра…

Read More

Докторка по биолошки науки и професорка на Факултетот за системска биологија на Универзитетот Џорџ Мејсон, Анча Баранова изјави дека главното сценарио за развој на пандемијата со Ковид-19 е трајно намалување на очекуваниот животен век за најмалку 10 години. – Главното сценарио сега е ова: вакцините функционираат некако, вирусот исто така мутира. Сите чекаат. Човештвото полека се помирува со идејата дека очекуваниот животен век е намален за десет години. Додека луѓето се млади и имуни, тие се справуваат со дури и со повеќекратни имунизации. Меѓутоа, како што старееме, телото се повеќе се разболува, а коронавирусот е една од тие болести, така…

Read More

Северна Кореја утрово лансира неидентификувани проектили кон отворено, соопшти јужнокорејската армија. Додека Министерството за одбрана на Јапонија соопшти дека истрелана е балистичка ракета, но не наведе повеќе детали. Претходно, амбасадорот на Северна Кореја во Обединети нации ги повика САД да се откажат од непријателските политики кон Пјонгјанг со порака дека никој не може да го оспори правото на неговата земја на самоодбрана и тестирање на оружјето. Северна Кореја ги обвини Сеул и Вашингтон за „двојни стандарди“. Во средината на месецот и Северна и Јужна Кореја тестираа балистички проектили, продолжувајќи ја трката во вооружување.

Read More

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска попладне ќе допатува во посета на Скопје, при што меѓудругото со лидерите на земјава ќе разговара и за спорот со Бугарија. Како што јави дописничката на МИА од Брисел, од Европската Комисија не сакаат да откријат во кој правец ќе се движат разговорите во Скопје, ниту дали ќе има пораки до Бугарија во врска со блокираниот ЕУ-процес за Северна Македонија, а повеќе детали за разговорите ќе бидат соопштени по средбата. Засега единствена порака што ја пренесуваат службите на Фон дер Лајен е дека „ЕУ држи до регионот“. – Таа (Фон дер…

Read More

Со пораки за одговорно и отчетно управување, создавање подобра иднина, единство без разлика на етничката припадност и поставувањето на интересите, потребите и барањата на граѓаните на прво место, политичките партии вчера официјално ја започнаа кампањата за Локалните избори закажани за 17 октомври. Лидерот на СДСМ Зоран Заев од предизборниот собир во Битола порача дека власта четири години поставува стандарди на одговорно и отчетно управување со државата, ја развива земјата на меѓународен, а општините на домашен план. – Го унапредуваме квалитетот на животот. Расте животниот стандард. Земјата заедно ја поставивме на вистинскиот пат, патот е прав. Конечно тргнавме напред, посочи Заев.…

Read More

Вчерашната ковид-статистика покажа пад на бројот на новозаразени за три до четири процентни поени. Ако претходните денови бројот на нови случаи од вкупниот број на тестирани се движеше околу девет и 10, вчера тој процент беше 6,5. Од направени 1726 тестирања, вчера беа регистрирани 112 позитивни на коронавирусот или 6,49 отсто. Во претходното деноноќие беа регистрирани и 12 починати и оздравени 419. Министерот за економија Крешник Бектеши вчера најави можно олабавување на мерките ако граѓаните и угостителските објекти ги почитуваат протоколите. Тој рече дека очекува олабавување на рестриктивните мерки во претстојниот, зимски период, доколку граѓаните и угостителските објекти ги почитуваат…

Read More

ерманија е на пресвртница. На изборите победија социјалдемократите и притоа остварија еден од нивните најдобри самостојни резултати. Најверојатно, нивниот кандидат Олаф Шолц ќе ја наследи Ангела Меркел на позицијата канцелар. Сепак, аналитичарите потенцираат дека победата е премногу тесна и оти ќе биде потребно да се изоди долг пат за да се состави нова влада, која најверојатно ќе биде составена од три партии. ЦДУ на Меркел, од друга страна, ги постигна своите стандардни резултати, но нивниот помал партнер ЦСУ доживеа најлош резултат на изборите за Бундестагот од 1949 година, па аналитичарите предвидуваат дека ќе бидат неопходни реконструкции во партијата. Либералите и…

Read More

Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо, а на места нестабилно со пообилен пороен дожд, локално и над 20 литри на квадратен метар и со појава на ретки грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 26 степени. Во Скопје ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд и ретки грмежи. Максималната температура ќе достигне до 24 степени. Во наредните денови до четврток ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, а дневните температури значително ќе опаднат. В петок ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд. Во…

Read More