Author: НОВА ТВ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 1.726 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 82, Кавадарци – 8, Куманово – 6, Прилеп, Битола, Неготино и Крива Паланка – по 2, Тетово, Велес, Струмица, Кичево, Свети Николе, Ресен, Делчево и Македонска Каменица – по 1. Регистрирани сe 419 оздравени пациенти од: Скопје – 175, Куманово – 46, Струмица – 27, Кавадарци – 23, Штип – 20, Тетово – 18, Битола – 12, Дебар – 10, Валандово – 9, Свети Николе – 8, Гостивар и Пробиштип…

Read More

ОВР Берово ќе поднесе 15 кривични пријави против две лица од Кочани и Штип за сторени 15 кривични дела „тешки кражби“, информира попладнево Министерството за внатрешни работи. – ОВР Берово ќе поднесе 15 кривични пријави против Т.М.(42) од Кочани и К.М.(38) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени 15 кривични дела. Тие се сомничат дека во периодот од 08.03.2020 до 24.02.2021 извршиле осум „тешки кражби“ во цркви по член 236 од Кривичниот законик, пет „одземање на моторно возило“ по член 242 од Кривичниот законик и две „тешки кражби“ во викенд куќи по член 236 од Кривичниот законик, се…

Read More

Две државјанки на Република Северна Македонија ги доведоа во заблуда здравствените работници во Србија, успевајќи да добијат потврда за вакцинација, иако не ја примиле вакцината, јави дописникот на МИА од Белград. Инцидентот се случил во саботата околу 12 часот во Спортската сала во Врање на главниот пункт за вакцинација во тој град, потврдија од Основното јавно обвинителство во тој град. Две државјанки на Република Северна Македонија од Скопје, на возраст од 54 и 40 години, по лекарскиот преглед и добивањето потврда за вакцинација ја напуштија Спортската сала, иако не беа вакцинирани. Според Миодраг Стојановиќ, портпарол на Основното јавно обвинителство во…

Read More

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи денеска оствари средба со амбасадорката на Швајцарија, Сибил Зутер Техада, на која набрзо и завршува мандатот во земјава. Битиќи упати благодарност за личниот ангажман на амбасадорката во процесот на спроведување на реформите во нашата држава, но и до Швајцарија, која уште од 1992 година е една од земјите кои даваат најголема поддршка во политичкиот, општествениот и економскиот развој и една од најголемите донатори на Северна Македонија, како и силен поддржувач на евроинтеграцискиот пат. Вицепремиерот констатираше дека во изминатиот период, со швајцарска поддршка, преку Амбасадата и Швајцарската агенција за развој и соработка, се реализирани голем…

Read More

Повозрасна кумановка пријавила во полицијата дека била измамена за сума од 2.300 евра, соопшти денеска СВР Куманово. Шеесет и седумгодишната жителка од кумановско село пријавила дека му платила пари на лице кое ѝ ветило дека ќе издејствува да се укине пресудата за нејзиниот син кој се лекувал на психијатрија. – Според пријавеното, во текот на февруари 2021 година лицето и се јавило и ѝ понудило да и помогне, односно дека може да издејствува да се укине пресудата за нејзиниот син, кој бил на задолжително лекување во психијатриска болница во Скопје. Откако се договориле, таа од февруари до април во неколку…

Read More

Претседателот на огранокот на ДУИ во Гостивар, Башким Хасани на денешната прес -конференција ги изброи проектите што се составен дел на оваа програма и изјави дека таа е составена во соработка со граѓанскиот сектор и граѓаните. Според Хасани, платформата е објективен одраз на потребите на граѓаните кои очекуваат промена. Во неа се предвидувени проекти кои ќе бидат решенија за сите проблеми со кои се соочуваат граѓаните на Гостивар и кои во фокусот го имаат квалитетниот живот, развојот на инфраструктурата, квалитетното образование, создавањето чиста животна средина и безбедно место за сите. Инаку, денеска во Гостивар ДУИ ќе одржи изборен собир на…

Read More

Продолжува узурпацијата на земјиште во државна сопственост долж брегот на Дебарско Езеро и бесправна градба на објекти. Дебарското одделение за внатрешни работи по таа основа денеска поднесе кривична пријава против жител на Дебар. – Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“ ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Л.Д.(30) од Дебар. Тој, во месноста „Бадеми“ на брегот на Дебарско Езеро, на локација од 48 метри квадратни во државна сопственост, неовластено и без соодветно одобрение издадено од надлежен орган, започнал градба на објект од цврста градба, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни…

Read More

Со изведување на материјални докази од обвинителството денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето за случајот „Плацеви на Водно“ во кое првообвинет е поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство. Дел од доказите кои беа презентирани беа документи на англиски јазик и нивни преводи на македонски, а се однесуваа на основањето на фирмата Сирах Лимитед, потврди за сопственост на акции, како и известувања од повеќе банки. За дел од изведените докази, одбраната побара да бидат подетално прочитани тврдејќи дека истите се од голема важност за нив. Одбраната, при изведувањето на доказите, исто така, имаше забелешка дека не…

Read More

Припадниците од Министерството за одбрана и од Армијата кои речиси три децении живеат во станови добиени од фондот на поранешна ЈНА, без право да добијат сопственост, отсега ќе имаат можност да ги откупат. До 15 јануари 2022 ќе треба да поднесат барање за откуп на станот до комисијата формирана во рамки на Министерството за транспорт и врски. Право на откуп ќе имаат оние лица кои имаат решение за користење на станот, а се државјани на Северна Македонија, лица кои се или биле вработени во Министерството за одбрана и во Армијата најмалку десет години или се стекнале со право на пензија,…

Read More

Независниот кандидат за градоначалник на Скопје Данела Арсовска денеска на прес-конференција истакна дека ќе обезбеди брзи проекти и сигурни решенија за Скопје, бидејќи тоа, како што рече, знае како да го направи, има искуство, знаење и контакти. Нагласи дека нејзиниот план содржи 15 плус еден главен проект за Скопје да биде модерен град достоен за живот. Нејзината визија, како што потенцира, е Скопје да стане модерен, европски, современ град и метропола на 21 век. – Од заживување на Скопје како културно жариште до одржливо решение за сообраќај, да се запре неконтролирана градба, нови паркови, чистење на градот… За да успееме…

Read More

Полициски службеници вчера привеле неколку лица од Кочани за сторење кривично дело „незаконит лов“, соопшти Министерството за внатрешни работи. – Вчера, по преземени мерки и добиени оперативни сознанија, полициски службеници од ОВР Кочани ги лишиле од слобода Д.Ј.(35) од с.Чешиново и А.М.(18) од с.Облешево, општина Чешиново – Облешево, поради постоење основи на сомнение дека во атарот на с.Спанчево сториле кривично дело „незаконит лов“. Во врска со случајот повикан бил А.Ј.(57) од с.Чешиново. Кај А.Ј. и Д.Ј. биле пронајдени и времено одземени три ловечки пушки, наведуваат од МВР. Посочуваат дека за овој настан е запознаен Јавен обвинител и по целосно комплетирање…

Read More

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска во Ресен го означи стартот на манифестацијата „Преспански Јаболкобер 2021” со што започна годинешната берба на јаболката во Преспа, соопштија од Владата. Премиерот Заев на настанот, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа и градоначалникот на Општина Ресен Живко Гошаревски, им посака бериќетна берба на овоштарите во текот на целата година. „Владата и Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство ги креираат сите неопходни политики за поддршка на земјоделството, па така и за стимулирање и развој на овоштарството. Тоа го правиме во континуитет во двата мандати на оваа…

Read More