Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Становите од поранешна ЈНА ќе може да се откупуваат, барањата се поднесуваат до 15 јануари

0
By НОВА ТВ on September 27, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 27, 2021 14:52

Припадниците од Министерството за одбрана и од Армијата кои речиси три децении живеат во станови добиени од фондот на поранешна ЈНА, без право да добијат сопственост, отсега ќе имаат можност да ги откупат. До 15 јануари 2022 ќе треба да поднесат барање за откуп на станот до комисијата формирана во рамки на Министерството за транспорт и врски.

Право на откуп ќе имаат оние лица кои имаат решение за користење на станот, а се државјани на Северна Македонија, лица кои се или биле вработени во Министерството за одбрана и во Армијата најмалку десет години или се стекнале со право на пензија, како и лица од семејства во кои сопственикот е починат, но имаат документ за користење на станот.

Со барањето за купување на станот, треба да се поднесе и решение за користење на станот, фотокопија од лична карта, уверение за државјанство, потврда од Агенцијата за катастар на недвижности со кое се потврдува дека корисникот нема стан или куќа во своја сопственост или во сопственост на член од неговото семејство, како и потврда од Министерството за одбрана дека корисникот е во работен однос во МО и во АРМ најмалку десет години.

– Документацијата се доставува во оргинал или копија заверена на нотар, не постара од шест месеци. Во однос на продажната цена на станот, таа се утврдува врз основа на градежната вредност, трошоците за уредување на градежното земјиште, местоположбата и амортизацијата на станот. Цената ја утврдува АД за стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката, појасни министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на денешната заедничка прес-конференција со министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Право на откуп ќе немаат оние корисници на станови кои веќе имаат стан или куќа во лична сопственост или во сопственост на некој член на домаќинството.

Корисниците на станови кои нема да поднесат барање за откуп, ќе случат договор за закуп, односно договор за користење со месечна кирија што ќе ја определи АД за стопанисување со станбен и деловен простор.

Според министерката за одбрана, со ова се решава децениски станбен проблем на дел од сегашните и поранешните припадници на Министерството за одбрана и на Армијата.

– Ова е една од темите која ја отвори Генералштабот и многу припадници кои работата во Армијата уште во далечната 2018 година. Тогаш се сретнавме за првпат и можев да видам дека нашите сегашни вработени во Министерството за одбрана и некои поранешни пензионери веќе беа уморни од нереализираните ветувања дека ова прашање ќе се реши. Еден период им било ветувано дека ќе можат да ги откупат становите, еден период дека ќе можат да добијат стан во рамки на т.н. проект „АРМ мој вистински дом“, но годините минувале, а ова прашање не е никогаш решено. На првите состаноци кога реков дека ова прашање може да се реши, свесна бев дека на другата страна има многу голема недоверба. Од тој момент започнавме да комуницираме со сите институции, а соработуваме и со Собранието бидејќи и тие беа контактирани од поранешни припадници на Армијата, рече Шекеринска.

Деновиве, како што посочи, завршени се сите неопходни чекори за да почне да се применува Законот за продажба на станови од поранешниот фонд на ЈНА, кој Собранието го донесе на 15 јули. Во рамки на Министерството за транспорт и врски формирана е комисијата составена од членови на повеќе институции, која ќе одлучува по барањата.

– Постапуваме по сите правила и го изодевме потешкиот пат затоа што сметавме дека мора да бидеме одлучни да го решиме проблемот, подвлече Шекеринска.

Корисниците на станови од поранешна ЈНА досега ги користеа становите без право да се стекнат со сопственост.

ЈНА станови Шекеринска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.