Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со изведување на докази од обвинителството продолжи судењето за случајот „Плацеви на Водно“

0
By НОВА ТВ on September 27, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 27, 2021 15:04

Со изведување на материјални докази од обвинителството денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето за случајот „Плацеви на Водно“ во кое првообвинет е поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство.

Дел од доказите кои беа презентирани беа документи на англиски јазик и нивни преводи на македонски, а се однесуваа на основањето на фирмата Сирах Лимитед, потврди за сопственост на акции, како и известувања од повеќе банки.

За дел од изведените докази, одбраната побара да бидат подетално прочитани тврдејќи дека истите се од голема важност за нив. Одбраната, при изведувањето на доказите, исто така, имаше забелешка дека не е презентирана ниту една нотарска заверка на англиската верзија на документот, на што обвинителката одговори дека се заверени само документите на македонски, не и на англиски.

При изведувањето на доказите, на денешното рочиште, обвинителката повлече неколку докази потпишани од обвинетиот Јордан Камчев за кои изјави дека не се важни за предметот.

Според обвинението за овој случај, Никола Груевски е обвинет за делата „перење пари и за противправно стекнување и прикривање на имот“. Неговиот кум, Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Јордан (Орце) Камчев и Ратка Куновска Камчева се товарат за „перење пари“, а првиот братучед на Груевски и поранешен директор на УБК, Сашо Мијалков, е обвинет за „помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело“.

Претходно, на денешното рочиште бранителот на обвинетиот Јордан Камчев, адвокатот Еленко Миланов, до судот поднесе барање за изземање на обвинителката Лиле Стефанова, врз основа на поднесена кривична пријава на 24 септември која се однесува на постоење на основано сомнение за кривично дело несовесно работење во службата како и поднесување лажни докази.

По што судот, по добивање на дописот со донесеното решение од Основната јавна обвинителка на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, со кое Барањето се одбива како неосновано, одлучи да ја продолжи расправата.

Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е обвинителката Лиле Стефанова.

Лиле Стефанова обвинителство Плацеви на Водно
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.