Author: НОВА ТВ

Од понеделник трета доза на вакцина ќе може да примат сите граѓани на возраст над 60 години, и сите здравствени работници и пациенти кои имаат имунокомпромитирана состојба, без оглед на возраста. Се најавува и скрининг на генералната здравствена состојба на населението, како и брзи антигенски тестови тестови за учениците во основните и средните училишта во државата. Согласно сознанијата кои ги посочи министерот за здравство, Венко Филипче, на вчерашната прес-конференција, третата доза вакцина треба да биде од производителот „Фајзер“, а дополнително ќе следат препораки за вакцини од други производители. Филипче информираше дека сите граѓаните кои примиле втора доза во моментот кога…

Read More

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ продолжи со барањето за одговорност и оставки поради пожарот во модуларната болница во Тетово, а од Владата повикуваат трагедијата да не се злоупотребува за политички цели. Претседателот на Собранието Талат Џафери вчера и ја врати на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Предлог-одлуката за формирање Анкетна комисија во Парламентот за несреќата во модуларната болница во Тетово, со образложение дека е неуредна. Во одговорот што го упати до ВМРО-ДПМНЕ Џафери наведе дека предлог одлуката не е во согласност со Амандманот XXXIII од Уставот на Република Северна Македонија и посочи да биде усогласена во рок од 15 дена. Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, сметаат дека со…

Read More

Северна Македонија е подготвена да се вклучи во конструктивен дијалог со Бугарија, за да обезбеди целосна имплементација на Договорот за добрососедство и соработка. Во исто време согласно истиот Договор очекува Бугарија да продолжи да биде наш пријател и поддржувач во процесот на евроинтеграција, порача македонскиот државен врв. Претседателот Стево Пендаровски, вчера во обраќање на генералната дебата од 76. сесија на Генералното собрание на ООН во Њујорк, осврнувајќи се на ситуацијата во регионот и земјава подвлече дека Западниот Балкан е соочен со сериозни предизвици во поглед на неговите аспирации за европска интеграција и порача дека е крајно време е да се…

Read More

Пописот, претстојните локални избори и отворените прашања со Бугарија беа главни теми на денешната средба на првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби и в.д. шеф на мисијата во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје Ерик Мејер. Како што соопшти Кабинетот на вицепремиерот Груби, Груби и Мејер констатираа дека Вашингтон е најголемиот поддржувач на Република Северна Македонија. На средбата Груби и Мејер разговарале за спроведување на неопходните и важни реформи со цел институциите да функционираат непристрасно и независно, за владеењето на правото, вклучително и борбата против корупцијата и за пописот. Груби, како што…

Read More

Државната изборна комисија денеска ја одржа 26. седница на која едногласно беше усвоено Предлог-упатството за начинот на утврдување на идентитетот на гласачот, кое произлегло од новите измени на Изборниот законик. – Една од измените е дека граѓаните можат да гласаат со истечена лична карта, која им е истечена од денот на распишување до денот на одржување на изборите, рече потпретседателката на ДИК, Дитмире Шеху. Втората измена, како што појасни таа, е дека граѓаните ќе можат да гласаат со патни исправи, но според измените на Законот за патни исправи, важноста на патната исправа ќе се смета со рок на важност од…

Read More

Заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски и министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, го промовираа новиот „Електронски систем за онлајн поднесување и следење на пријави“. Станува збор за систем со чиешто воспоставување се добива дигитален канал за пријава на поплаки поврзани со услугите кои ги дава јавната администрација со што се овозможува подобрување на ефикасноста на јавните институции и квалитетот на услугите. „Веќе од утре граѓаните непречено ќе можат да го користат и преку интернет да ги поднесуваат своите пријави коишто се поврзани со услугите кои ги…

Read More

Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија 2021, се наближува кон крајот. Остануваат уште осум дена и попишувачите со максимален интензитет ги посетуваат домаќинствата за никој да не биде изоставен и непопишан, информираат од Државниот завод за статистика. Државниот завод за статистика апелира до граѓаните за трпеливост, посочувајќи дека попишувачите се на терен и ќе го посетат секое домаќинство. – Би сакале да ги потсетиме граѓаните дека треба да ги проверуваат овластувањата на попишувачите и да ги примаат само оние кои имаат овластувања од Државниот завод за статистика. Исто така, би сакале да потсетиме дека податоците од…

Read More

Претседателот на Алијансата за Албанците Зијадин Села прашан за став околу барањето за анкетна комисија за трагедијата во тетовската модуларна болница, истакна дека стојат зад секаква комисија која ќе работи за да излезе вистината на виделина и да има одговорност. – Треба да има законска одговорност за сите тие кои беа одговорни. За жал, откога се случија овие многу тешки немили настани, јас не гледам дека обвинителството работи да повика некого на одговорност. Не треба некои експерти од странство да ни дојдат за да се гледа дека таму биле луѓе кои не требало со закон да бидат присутни. Според тоа,…

Read More

Премиерот Зоран Заев и заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, присуствуваа на настан по повод отворањето на 50 нови работни места како резултат на иницијативата на „Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп“ (ФМТКП) за реалокација на центарот за корисничка поддршка од Атина во Скопје. Центарот започна со работа во Скопје и оттука ќе се води грижа за корисниците на новите иновативни производи на компанијата во Северна Македонија, но и на 4 други земји во регионот, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, информираа од Владата. Филијалата на контакт центарот за корисничка…

Read More

Премиерот Зоран Заев очекува Бугарија да продолжи да биде наш пријател и поддржувач во процесот на евроинтеграција согласно членот 2 од Договорот за добрососедство, пријателство и соработка. Како што денеска изјави земјава нема да испорача никакви конкретни чекори додека не ја добие поддршката. – Ние сме подготвени да ги преземеме заемно како две страни нашите обврски. Впрочем, голем дел и ги преземаме непишано – борбата против говорот на омраза да ја таргетираат двете министерства за надворешни работи, но и самите институции реагираат кога се сквернават споменици, кога се валка национално знаме на која било од двете земји итн. Ги преземаме…

Read More

Доставената Предлог-одлука за основање Анкетна комисија за утврдување на факти и одговорност за пожарот во модуларната болница во Тетово од 21 септември не е во согласност со Амандманот XXXIII од Уставот на Република Северна Македонија и ви се враќа како неуредна, се наведува во одговорот потпишан од спикерот Талат Џафери на поднесената Предлог-одлука од пратеници од ВМРО-ДПМНЕ. Истата, се наведува во одговорот, треба да се усогласи во рок од 15 дена. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски претходно денеска на прес-конференција рече дека добиле неофицијална информација дека собраниското мнозинство ја одбива Предлог-одлуката за формирање на Анкетна комисија. – Сметаме дека со…

Read More

Заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски денеска изрази уверување дека многу наскоро ќе биде достапна Нацрт верзијата на законот за потекло на имот, а во моментот се останати неколку отворени прашања. Николовски оцени дека со овој закон не ќе може да се сокрие имотот и ќе мора да се докаже неговото потекло. Тој смета дека граѓанската постапка е прифатлива и очекува максимална поддршка од сите чинители затоа што, како што нагласи овој систем се прави за бескрупулозно и неселективна борба против корупцијата. Одговарајќи на новинарско прашање, кога ќе биде…

Read More