Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
Состанокот на Советот НАТО-Украина на кој ќе се разговара за снабдување со системи за противвоздушна одбрана ќе се одржи на 19 април, изјави вчера генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, пренесува Кијивиндепендент. Претседателот Володимир Зеленски го побара собирот претходно оваа недела. Засилените воздушни напади на Русија врз украинските градови продолжуваат да го истакнуваат растечкиот недостиг на доволно системи за противвоздушна одбрана. Во рускиот ракетен напад на градот Чернихив вчера на 17 април загинаа најмалку 17 луѓе. Столтенберг рече дека кога членките на НАТО ќе се соочат со избор помеѓу задржување на нивните системи за воздушна одбрана или испраќање во Кијив,…
Премиерот Риши Сунак сака да го забрани пушењето во Обединетото Кралство. Пратениците ги поддржуваат плановите на владата за создавање „генерација без чад“ и намалување на бројот на смртни случаи поврзани со пушењето. Што значи забраната за пушење? Ограничувањата ќе се однесуваат на продажбата на цигари во ОК, а не на самиот чин на пушење. Според новиот закон, секоја година законската возраст за продажба на цигари, моментално 18 години, ќе се зголемува за една година. Тоа значи дека луѓето родени во или по 2009 година никогаш нема да можат на легален начин да купат цигари, што ќе доведе до ефективна забрана.…
Министерството за здравство денеска го повтори ставот дека решение за приватните специјализанти кои од понеделникот се во штрајк ќе има по изборите. Министерството за здравство секогаш се залага за подобрување на условите за работа на здравствените работници и соработници, кои меѓу нив спаѓаат и приватните специјализанти.Во изминатиот период, приватните специјализанти остварија неколку средби со министерот за здравство и со претставници од Министерството, кадешто се слушнаа нивните барања и се изготви извештај, со цел изнаоѓање решение за нивниот работен статус. На последната владина седница беше донесена одлука согласно закон, веднаш по изборите, да се подготват предлог законски решенија со коишто ќе…
ВМРО-ДПМНЕ на странци им ветува дека ќе направи измени на Уставот, а граѓаните ги лажат без усул, рече вечерва во Гостивар претседателскиот кандидат Стево Пендаровски. Тој ги коментираше и изјавите на германскиот пратеник Бајер кој кажа дека ВМРО-ДПМНЕ е за уставни измени. ,,Доаѓа тука во Македонија нивниот пријател од Германија од нивната сестринска партија и вели, по разговорите со раководството на таа партија, ВМРО-ДПМНЕ добив недвосмислен впечаток дека тие се за уставни промени. Значи Германецов еден состанок направил со своиве другари и тие му признале тоа што не го признаваат со години пред македонскиов народ и пред македонскиве граѓани”, рече…
Израел ќе донесе одлуки за тоа како да се брани, изјави премиерот Бенјамин Нетанјаху, додека западните земји повикаа на воздржаност во однос на нападите од Иран, пренесува Ројтерс. Соединетите Американски Држави, Европската Унија и групата индустриски развиени земји Г7 објавија планови за разгледување на построги санкции кон Иран, за кои се смета дека имаат за цел да го ублажат Израел и да го убедат да ја заузда својата одмазда за првите директни ирански напади по децениската конфронтација. Нетанјаху се состана со германскиот и британскиот министер за надворешни работи, кои двајцата отпатуваа во Израел како дел од координираните напори за спречување…
Американскиот претседател Џо Бајден ги повика пратениците да одобрат дополнителна воена помош за Украина и Израел што е можно поскоро, пренесува Укринформ. „Сега не е време да ги напуштиме нашите пријатели. Домот мора да донесе итно законодавство за национална безбедност за Украина и Израел, како и очајно потребна хуманитарна помош за Палестинците во Газа“, нагласи Бајден. Тој нагласи дека доколку Конгресот усвои воена помош за Украина и Израел, САД нема да пишуваат „бланко чекови“. „Ќе испратиме воена опрема од нашите сопствени залихи, а потоа ќе ги искористиме парите одобрени од Конгресот за да ги надополниме тие залихи – со купување…
Првиот заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ го посети училиштето, односно здружението за мултиетничко музичко образование „Рома рок скул“ – Скопје кои го спроведуваат проектот „Музиката поврзува: Рок-музиката поттикнува инклузија низ Европа“. На средбата Вицепремиерот Маричиќ се запозна со работата на училиштето кое е корисник на програмата „Креативна Европа“ претставена од претседателот на здружението Алвин Селимовски. Важноста на овој проект е значењето на спроведувањето на програмата на Европската Унија наменената за поддршка на културниот, креативниот и аудиовизуелниот сектор. Проектот во рамки на програмата „Креативна Европа“ е дизајнирана да обезбеди полесен пристап до финансирање, зајакнување на конкурентноста…
Општина Центар организира хуманитарен концерт со цел собирање средства за лекување на нашата Кара. Кара Селовска е наша ученичка во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“. Има 12 години и поради сериозни компликации е хоспитализирана на клиниката во Барселона, Шпанија.
„Членството во НАТО е тапија за нашата независност, нашите граници, суверенитет и личната безбедност на секој граѓанин, за секој од вас. Тоа е чин, според мое длабоко убедување, еднаков по значење на 8 септември 1991 година. Бидејќи не е доволно само да декларирате дека сте независна држава, треба да имате пријатели кои ќе застанат и ќе речат стварно сте независни и при било каква закана ќе бидат рамо до рамо со вас“ рече претседателот Стево Пендаровски на граѓанскиот митинг во Куманово. Тој додаде дека само така, кога сте безбедни може да градите посреќен живот и подобра економија за секој граѓанин.…
Руската агресија против Украина ја поткопа безбедноста на Црното Море, Азовските региони, Европа и светот. Со цел да развијат ефективни стратегии како одговор на постоечките предизвици и да обезбедат одржлив развој за сите мирољубиви нации во регионот, Украина и Бугарија заеднички ја организираат Втората конференција за безбедност на Црното Море на 15 април во Софија, информираат од Министерството за надворешни работи на Украина.
По синоќешните напади на Иран врз Израел министерот за надворешни работи Бујар Османи донел одлука за формирање Кризен штаб чија примарна задача е да организира извлекување на македонските државјани од Израел и од поширокиот Блиски исток доколку за тоа има потреба. Покрај Амбасадата во Тел Авив на граѓаните на располагање им стојат и амбасадите во Каиро, Абу Даби и Катар. -Ги повикувам сите државјани да бидат во комуникација со нашата Амбасада во Тел Авив на дежурниот телефон 972 549 267 378 како и СОС дежурните телефони на МНР 075 273 732 и 075 268 376 со цел подготовки за евентуална…
Чешка, Литванија и Романија котираат највисоко во овогодинешниот Светски Извештај за среќа. Овие земји добија високи оценки особено кога станува збор за среќата на луѓето на возраст под 30 години. Кога беше објавен годишниот извештај за светската среќа во март 2024 година, не беше изненадување што скандинавските земји како Финска, Данска, Исланд и Шведска и понатаму се врвот на листата. Но, она што изненадува е што нова група на земји тивко, но стабилно, напредуваат во рангот на најсреќни земји во Европа. Во текот на изминатите три години, земјите од Централна и Источна Европа ги надминаа некои од нивните западноевропски соседи…