Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ во Рома Рок Скул: Вмрежувањето со врсниците даваат дополнителна мотивација за европеизација, со бројни придобивки за сите млади и амбициозни талентирани уметници кај нас

0
By Marta Pesevska on April 17, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 17, 2024 19:30

Првиот заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ го посети училиштето, односно здружението за мултиетничко музичко образование „Рома рок скул“ – Скопје кои го спроведуваат проектот „Музиката поврзува: Рок-музиката поттикнува инклузија низ Европа“.

На средбата Вицепремиерот Маричиќ се запозна со работата на училиштето кое е корисник на програмата „Креативна Европа“ претставена од претседателот на здружението Алвин Селимовски.

Важноста на овој проект е значењето на спроведувањето на програмата на Европската Унија наменената за поддршка на културниот, креативниот и аудиовизуелниот сектор. Проектот во рамки на програмата „Креативна Европа“ е дизајнирана да обезбеди полесен пристап до финансирање, зајакнување на конкурентноста на европскиот креативен и аудиовизуелен сектор, поддршка на мобилност за уметниците и професионалците.

По средбата Вицепремиерот Маричиќ ја истакна важноста на проектите на Европската унија со посебно внимание на поддршката на музичкиот сектор и музичката индустрија.
-Активностите на Рома Рок Скул го зајакнуваат младинскиот талент, се поттикнува инклузијата и развојот на младите и се реализира културна размена и соработка, користејќи ја рок музиката како заеднички јазик за премостување на историските и политичките јазови – рече Маричиќ.

Проектот е поддржан со 1 милион евра средства од ЕУ, додека пак активностите на македонскиот партнер се кофинансирани и од страна на Владата, преку Министерството за култура со средства од скоро 750 илјади денари.

-Нашата цел е да ги охрабриме младите да ги користат овие можности, да се стекнуваат со образование и знаење. Вмрежувањето со врсниците, поврзувањето и разменувањето на знаењето даваат дополнителна мотивација за европеизација, со бројни придобивки за сите млади, амбициозни и перспективни талентирани уметници кај нас – изјави Маричиќ.

Претседателот на здружението Рома Рок Скул Алвин Селимовски во продолжение изјави: „Проектот „Музиката поврзува“ и Рома Рок Скул функционира од 2017г и работиме на една иста цел, а тоа е зближување на учениците од различни етникуми во еден мешан бенд, Се трудиме преку музиката и интерактивна настава да ги срушиме стереотипите и да ги зближиме младите.“

маричиќ Рома Рок Скул
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 29, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

ВЕСТИ July 29, 2026

Претседателот на Собранието при утврдување на дневниот ред на седницата не го предложи законот за…

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026

Москва: Русија издаде меѓународна потерница за основачот на Телеграм Павел Дуров

July 29, 2026
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.