Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
Во болницата „Молинете“ во Торино, за првпат во светот, благодарение на специфичната трансплантација на дел од едното око на местото на другото, 83-годишен маж кој, поради разни болести, останал целосно слеп во двете очи – прогледа.
Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во Северна Македонија за 2023 година“ од угледниот магазин Global Finance, награда која се должи на понудата на врвни услуги и знаење, грижата за клиентите и на стабилноста на Банката, се вели во соопштението на Комерцијална банка. Со оваа престижна награда, која ѝ се доделува на Банката по 12-ти пат, Комерцијална банка е препознаена како банка која во континуитет ги следи потребите на клиентите и на тој начин ги поставува темелите за иден заеднички успех. Тоа ја вброи Комерцијална банка во друштвото на најдобрите банки во над 150 држави во светот, избрани во рамките…
Украина бара свикување на итен состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации поради најавата на Русија дека ќе стационира тактичко нуклеарно оружје во Белорусија.
Министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Ољта Џачка утре ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија, при што ќе оствари средба со министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
НАТО ја критикуваше Русија поради нејзината „опасна и неодговорна“ нуклеарна реторика, еден ден откако рускиот претседател Владимир Путин рече дека Русија ќе стационира тактичко нуклеарно оружје во Белорусија.
Делегација на Владата на Република Северна Македонија, предводена од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и советникот за одбрана на претседателот на Владата, Драган Василевски, денеска, пред „Споменикот на бранителите“ во паркот „Жена борец“ во Скопје, оддадоа почит и положија цвеќе во чест на бранителите, кои учествуваа во вооружените борби на тетовското Кале, во воениот конфликт од 2001 година.
Министерката за надворешни работи на Сојузна Република Германија Аналена Бербок во четвртокот престојуваше во официјална посета на Северна Македонија на покана на нејзиниот колега шефот на дипломатијата Бујар Османи. Главниот фокус во разговорите беше пристапувањето на земјата во ЕУ, а особено потребата за уставни измени како неопходен чекор кон Унијата. Во таа насока е и соопштение за печат на министерката Бербок, пред нејзиното поаѓање за Северна Македонија, објавено на Фејсбук страната на Амбасада на Сојузна Република Германија во Скопје коешто ви го пренесуваме во интегрална форма. Местото на Северна Македонија е исто како и местото на нашите други партнери на Западен…
Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ Манифестот е замена. Неговите романи се замена. За литературата. За животот. За визиите. Венко е мајката на тие замени. На понудата на шлаг без пандишпан, без кафе, без сладолед, чист шлаг во кој општеството е повикано да се покаже во својата омилена дисциплина, демек во тонењето во мекост, миризливост и празнотија, во бескрајот без содржина. Само шлаг. Огромен базен со шлаг. Впрочем, таква е литературата на која е формирана нацијата. И голем дел од професурата. Што е многу важно за понатамошниот тек на дебатата. Манифестот на Венко е милионити по ред. На милиони јајца им е извадена белката…
Австрискиот претседател Александар ван дер Белен денеска заминува во четиридневна посета на Западен Балкан. Тој ќе биде придружуван од министерот за надворешни работи Александар Шаленберг, министерката за правда Алма Задич и економска делегација со претставници на 30 австриски компании.
Путин вчера во интервју изјави дека Москва и Минск се договориле да разместат тактичко нуклеарно оружје на територијата на Белорусија.
Група македонски државјани набргу ќе добијат кривични пријави за тероризам и ќе одговараат за лажните дојави за бомби во училиштата и други објекти, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Многу пати досега се покажа дека пребројувањето пратеници е многу слаба страна на Христијан Мицкоски.