Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Австрискиот претседател Александар ван дер Белен ќе допатува во посета на Западен Балкан

0
By Marta Pesevska on March 26, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Фото: Wikimedia Commons
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, March 26, 2023 12:19

Австрискиот претседател Александар ван дер Белен денеска заминува во четиридневна посета на Западен Балкан. Тој ќе биде придружуван од министерот за надворешни работи Александар Шаленберг, министерката за правда Алма Задич и економска делегација со претставници на 30 австриски компании.

Првата фаза од посетата ќе биде во Албанија, а во вторник австриската делегација ќе замине за Северна Македонија. Александар ван дер Белен сака да ја „отвори вратата“ за австриските бизниси во двете земји кандидати за членство во Европската Унија, се потенцира во кусото соопштение за медиумите.

По пристигнувањето во Албанија, австрискиот претседател ќе ја посети хидроцентралата Ашта во северниот дел на земјата, изградена од австриските електроенергетски концерни Фербунд и ЕВН, како и средното техничко училиште „Петер Марингер“ од Австрија во градот Скадар.

Според податоците на Австриската стопанска комора секторите туризам, инфраструктура и енергетика се од особен интерес за австриските инвеститори. Албанија има за цел да го зголеми процентот на производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија. Предвидена е изградба на неколку паркови за екстракција на сончева енергија и зголемување на капацитетите за добивање енергија од ветер.

Политичките разговори, во чиј центар ќе биде приближувањето на Албанија кон Европската Унија, ќе се одржат утре.

Извор: МИА

Албанија Александар ван дер Белен Европска унија Западен Балкан посета
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.