Author: Marta Pesevska

Освен што либерализира економски и административни бариери и олеснува слободен проток на луѓе, „Отворен Балкан“ има и потенцијал да создава амбиент за помирување и за спроведување на евро-атлантските вредности. Зоран БОЈАРОВСКИ На 18 март во Охрид, и покрај сета воздржаност која го следи овој процес, се очкеува нов исчекор во потрагата по прифатливи решенија за односите Белград-Приштина. За странитте кои се директно и посредно засеганати, како и за стратешките партнери на регионот, земјите членки на ЕУ и НАТО, прогресот во преговорите меѓу Србија и Косово, и изнаоѓањето на решение за отворените прашања, ќе означи нова страница не само во односите…

Read More

Денеска се сеќаваме на сите 7144 Евреи, тие не се бројка, тие се светлината која ни го покажува патот. Затоа денеска, како и сите денови, гласот на разумот, светлината, прифаќањето, човечноста и демократијата мора да е гласен и јасен, да го слушнат сите, рече во своето обраќање вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестии, Фатмир Битиќи на спомен обележјето во чест на депортираните Евреи од Македонија во дворот на некогашниот Тутунски комбинат Скопје.

Read More

Откривањето на потеклото на Ковид-19 е морален и научен императив и сите хипотези мора да се истражат, изјави генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус. Тој на Твитер напиша дека разбирањето на потеклото на Ковид-19 е научен императив, бидејќи ќе помогне да се спречат нови избувнувања, но и морален императив бидејќи милиони луѓе кои ги загубија животите.

Read More

Градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски до Советот на општината поднел предлог точка со која бара измена на член од Одлуката за извешување на Буџетот на општина Кисела Вода, односно промена на коефициентот за исплата на плата на Градоначалникот да изнесува 3,4 а основицата на која се пресметува изнесува 26.755,00 денари.

Read More

Никаде во Европа, морбидниот концепт наречен „конечно решение на Еврејското прашање“ не бил поефикасно спроведен отколку во тогашната окупирана Македонија. И во хебрејскиот и во македонскиот јазик изворното значење на зборот правда, упатува на она што одговара на вистината. Правда значи да се препознае и именува вистината и таа да биде почитувана од сите. За да има помирување, треба да има извинување за улогата на профашистичката влада во Софија во тоа време во депортацијата на македонските Евреи.

Read More

Горниот дом на францускиот Парламент го усвои контроверзниот план за реформа на пензискиот систем, предложен од францускиот претседател Емануел Макрон. Предлогот беше усвоен во францускиот Сенат со 195 гласа „за“, додека 112 сенатори беа „против“.

Read More

АД ЕСМ на 11.03.2023 година произведe 14.646 MWh електрична енергија, која е намената за домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални државни субјекти, се вели во владиното соопштение.

Read More

Под мотото „11 март 1943 – Никогаш повеќе” денеска ќе биде одбележана 80-годишнината од Холокаустот на македонските Евреи, што под покровителство на Владата, го организира Еврејската заедница во земјава и Фондот на Холокаустот.

Read More

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ Три работи го плафонираат духот на Македонецот и го хендикепираат во животот: Јазикот, православната вера/црква и историјата. Всушност, самата арматурата на нацијата, заедно со гипс плочите на вмро кои го затвораат погледот кон ѕвезденото небо и го прават убав изгледот на спуштениот плафон. Особено при сексуалното општење во мисионерска поза. Спознајната апаратура што му ја пружаат овие елементи е како стар, бавен и скромен софтвер кој не му овозможува да ги решава сложените задачи на современоста. Немоќта, пак, да ги реши проблемите не го испраќаат во некакви пробиви, или го испраќаат многу доцна, обично, го враќаат кон себе…

Read More

Двотретинското мнозинство за уставни измени не е потребно на Владата, тоа е потребно на граѓаните и на државата, бидејќи една од одлуките до полноправно членство на Северна Македонија во ЕУ е внесувањето на делови од други заедници во нашиот Устав, кажа премиерот Димитар Ковачевски во гостувањето во ТВ24. Според него на тој пат до целосно зачленување постојат и други одлуки кои што ќе се носат и за кои повторно ќе биде потребно двотретинско мнозинство, како што се реформа на правосудниот систем, обвинителскиот систем, реформа на јавната администрација, реформа на децентрализација.

Read More