Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Двотретинското мнозинство е потребно за ЕУ-реформите, а не само за промена на Уставот

0
By Marta Pesevska on March 10, 2023 ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 10, 2023 22:43

Двотретинското мнозинство за уставни измени не е потребно на Владата, тоа е потребно на граѓаните и на државата, бидејќи една од одлуките до полноправно членство на Северна Македонија во ЕУ е внесувањето на делови од други заедници во нашиот Устав, кажа премиерот Димитар Ковачевски во гостувањето во ТВ24. Според него на тој пат до целосно зачленување постојат и други одлуки кои што ќе се носат и за кои повторно ќе биде потребно двотретинско мнозинство, како што се реформа на правосудниот систем, обвинителскиот систем, реформа на јавната администрација, реформа на децентрализација.

-Тоа се се одлуки кои што се носат со двотретинско мнозинство во Парламентот, затоа велам дека овие одлуки кои што се од стратешко значење не треба да бидат предмет на дневна политика, тоа има примери во држави како што е Хрватска, каде што и тие носеа тешки одлуки до зачленувањето во ЕУ, меѓутоа тие одлуки не беа дел од дневна политика и затоа велам дека опозицијата треба да учествува во овој процес, и ова треба да биде обврска и одговорност на сите 120 пратеници во Собранието, бидејќи преку тие одлуки се одлучува за иднината на нашите сегашни и идни генерации, рече Ковачевски.

Во однос на прашањето како ќе ја убеди опозицијата во оваа насока тој одговори:

-Првин за влада се потребни 61 глас, оваа влада има 65 гласа, за уставни измени се потребни две третини и да ги одвоиме тие процеси, тоа се два различни процеси. Јас истото ви го велам во оваа прашање вие ја доловивте  суштината на тоа се случува. Овие одлуки не треба да бидат предмет на уцена, бидејќи има уште одлуки кои што треба да се носат до финално зачленување во ЕУ…Ама ВМРО-ДПМНЕ до сега не поддржала ни една одлука за зачленување на Македонија во НАТО или ЕУ. Кажете ми една одлука која тие ја поддржале, беа против зачленување во НАТО, тие не влегоа во собраниската сала кога го гласавме договорот Фронтекс, Фронтекс е договор помеѓу нашата држава и ЕУ каде за прв пат на еден договор стојат сите официјални јазици на ЕУ и македонскиот јазик без никакви појаснувања, додавки или фусноти, и не влегоа во собраниската сала и не го гласаа, значи за каква поддршка ние зборуваме, тие секогаш имаме декларативна поддршка меѓутоа никогаш немала реална поддршка, затоа сега треба да се исправат себе си, да дадат реална поддршка на овој процес. Процесот на уставни измени е структуиран процес, значи првин започнува со експертска комисија во МП кое што ќе биде составено од експерти и кое што ќе вклучува експерти, јасно е дека треба да вклучува експерти и од опозицијата, рече Ковачевски.

Тој додаде дека сега има екипирање на Владата, а потоа тим треба да ги состави амандманите за да можат да се стават на јавна дискусија, да се видат од меѓународната заедница и академската заедница, невладините организации и медиумите.

-Потоа следува собраниската процедура која што исто така е подолга процедура, таму има прво уставна комисија која што ја води претседателот на Собранието, па потоа има отворање амандмандски расправи, затворање на Уставот и тн. Тоа е процедура која што кога ќе почне тогаш ќе можат сите да го кажат своето мислење, меѓутоа пак кажувам дека ова е одлука за иднината на нашите идни генерации и за сегашните генерации, бидејќи македонските граѓани сакаат да живеат во ЕУ, сакаат да живеат во ЕУ тука дома, а не да живеат во ЕУ да се иселуваат во странство, во Германија, Франција, Британија, тие одат во Италија, Германија и Франција заради подобар стандард. Ќе ви дадам една споредба, тоа е најдобрата споредба, погледнете ги Чешка, Словачка, Полска, Романија. Каде беа тие до пред зачленувањето на ЕУ, направете само споредба, повозрасните наши граѓани можат да направат. Тие земји кога беа дел од Варшавскиот договор имаа неколку кратно понизок животен стандард од нашиот. Погледете денес, наши граѓани одат да работат заради повисолки плати во Словачка и во Чешка, ако отидете во Прага вие ќе најдете голем број наши граѓани кои што работат таму во фабриките и во компаниите, зошто, затоа што тие го унапредија и животниот стандард и нивото на економијата и нивото на целото општество со зачленувањето во ЕУ. Па нашите граѓани тоа го заслужуваат, ние за тоа зборуваме, не зборуваме ние за надмудрување, кој ќе има 80 пратеници, кој ќе нема 80 пратеници, тоа не може да биде прашање на дневна политика, тоа е прашање на иднината на оваа држава, пред 31 година ние сме формирале држава каде што консензуално сме кажале дека државата ќе биде членка на НАТО и на ЕУ. Сите одлуки на тој пат на нашата држава и кон НАТО и кон ЕУ ги донеле прогресивното мнозинство во кое водечка улога има СДСМ.

На прашањето во однос на евентуалните пречки од бугарска страна Ковачевски рече дека државата преговара со Брисел а не со Бугарија.

-Патот за Брисел не води преку Софија, бидејќи процесот на пристапување во ЕУ е процес во кој што се исполнуваат критериуми, кои што критериуми ги обединуваат 27 земји членки на ЕУ, во тој процес секоја земја врз основа на критериумите може да побара унапредување, ќе видите кога ќе дојде делот на економијата, кога ќе дојде делот на енергетиката, кога ќе дојде делот на правосудство, на реформите на јавната администрација, ќе видите дека патот води  кроз домашни реформи и низ носење на тешки одлуки бидејќи јас сум живеел во земји членки на ЕУ и знам какви реформи таму се праврени, какви институции се градени и зошто нивоти и на стандар и на владеење на сите делови ви општеството е на такво ниво и тоа ќе биде прашање на предизвици. Ние со Бугарија имаме билатерални прашања кои што  билатерални прашања ќе се решаваат билатерално, ние имаме и со Грција билатерални прашања кои што ќе се решаваат билатерално, Хрватска и Словенија имаат билатерални прашања и ги решаваат билатерално, меѓутоа големите одлуки ги донесеа и станаа заеднички пред ЕУ, заклучи Ковачевски.

 

 

двотретинско мнозинство ЕУ Ковачевски реформи ТВ24
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 8, 2026

Мај поскап за уште 4,8 отсто

ВЕСТИ June 8, 2026

Трошоците на животот во мај годинава, во однос на мај лани, бележат зголемување од 4.8…

32 Конгрес: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

June 7, 2026

Кочани: 45-ти Марш за Ангелите: „За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај“

June 6, 2026

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

June 6, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.