Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Отворен Балкан“ создава амбиент за помирување и за спроведување на евро-атлантските вредности

0
By Marta Pesevska on March 12, 2023 ВЕСТИ, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, March 12, 2023 14:18
Освен што либерализира економски и административни бариери и олеснува слободен проток на луѓе, „Отворен Балкан“ има и потенцијал да создава амбиент за помирување и за спроведување на евро-атлантските вредности.

Зоран БОЈАРОВСКИ

На 18 март во Охрид, и покрај сета воздржаност која го следи овој процес, се очкеува нов исчекор во потрагата по прифатливи решенија за односите Белград-Приштина. За странитте кои се директно и посредно засеганати, како и за стратешките партнери на регионот, земјите членки на ЕУ и НАТО, прогресот во преговорите меѓу Србија и Косово, и изнаоѓањето на решение за отворените прашања, ќе означи нова страница не само во односите меѓу двете земји, туку и во севкупната регионална динамика која е под влијание на променетиот геополитички контекст и очекувањата за што поскора интеграција во Европската унија.

Вучиќ и Курти со Борел и Лајчак

Во пресрет на средбите во Охрид, на 18 март, во разговорот за Рацин.мк, министерот за надворешни работи Бујар Османи нагласува дека трајното и одржливо решение ќе обезбеди мир, стабилност и напредок на регионот во целина.

„Отворен Балкан“ освен што либерализира економски и административни бариери и олеснува слободен проток на луѓе, вели министерот за надворешни работи за Рацин.мк, има и потенцијал да создава амбиент за помирување и за спроведување на евро-атлантските вредности.

Во тој контекст треба да се гледа и на нагласеното инсистирање на Американците за „Отворен Балкан“ и лобирањето на американските допломати и специјални пратеници на Белата Куќа во регионот за да ја приближат идејата на оваа иницијатива и да ги убедат скептиците како што се Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина да ги видат придобивките од неа, меѓу кои сега во прва план се истакнуваат и политичките.

„Две причини би издвоил зошто треба да се смета на „Отворен Балкан“. Прво заради потребата од помирување во регионот кое нема алтернатива. Што е крајот на овие односи во Западен Балкан освен следење на француско-германското помирување. И тие поминаа меѓусебни воени конфликти. 200 илјади деца се убиени само заради Алзас Лорен. Денеска Французите и Германците се најголеми пријатели. Така ќе мораме и ние. „Отворен Балкан“ освен што е економска платформа за зголемување на потенцијалите на регионот за инвестиции, за слободна трговија, е и платформа за помирување“, нагласува министерот за надворешни работи Бујар Османи.

За Османи како подеднакво важна причина „Отворен Балкан“ сега да биде прифатен целосно е  Србија да биде во друштво со земји членки на НАТО, со земји коишто споделуваат вредности на либералниот и демократски свет.

Во таа насока од огромнo значење ќе биде приближувањрто на разликите меѓу Косово и Србија, што може да влијае и на поголемата доверба во „Отворен Балкан“.

„Се разбира, не само кон „Отворен Балкан“, туку и воопшто за соработката во регионот целосно. Затворањето на косовско-српскиот спор и придвижувањето кон европскиот пат на сите 6 Земји од Западен Балкан сериозно ќе го стабилизира и ќе го зголеми интензитетот на соработка во регионот“, вели Османи.

„Отворен Балкан“ и Берлинскиот процес не се исклучуваат, туку се надополнуваат во помирувањето во регионот

Поддршката за Западен Балкан уште еднаш беше потврдена и од СР Германија. На средбата Рама-Шолц на 7 март во Берлин, германскиот канцелар изјави дека неговата Влада ги засили своите дипломатски напори кон Западен Балкан во последниве месеци, стравувајќи дека руско-украинската војна може да предизвика нестабилност во регионот.

Рама и Шолц на средба во Берлин на 7 март

„За германската Влада, брзата интеграција на шесте земји од Западен Балкан во ЕУ има стратешко значење. Би сакале да им посакаме добредојде на овие земји како земји членки во ЕУ што е можно поскоро “, рече Шолц на заедничката прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама.

Оваа изјава на канцеларот на СР Германија, како и изјавите на американските дипломати, уште еднаш потврдуваат дека кога станува збор за интеграција на Западен Балкан во евро-атлантските интеграции, Берлинскиот процес и „Отворен Балкан“ не се исклучлуваат.

Во таа насока шефот на македонската дипломатија вели дека „Отворен Балкан“ е отворен концепт и додека нема конечна форма секој гледа различна перспектива и можности и дека на тоа треба да се гледа како приодбивка и предност.

„Економистите и бизнисмените гледаат бизнис можности, политиколозите гледаат друга перспектива, јас се обидувам да видам севкупна перспектива: Економската, помирувањето, задржувањето на сите земји во регионот во системот на евро-атлантски вредности, што значи демократија, човекови права. Бидејќи светот повеќе не се дели на географски блокови, туку на авторитарни и демократски системи, ние сакаме сите држави во регионот да бидат дел од демократскиот свет, а не да бидат под влијание на авторитарните режими“, истакнува министерот за надворешни работи Османи за Рацин.мк.

Вучиќ курти отворен балкан помирување Рама Шолц
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 5, 2026Updated:June 5, 2026

Радев: Македонија треба само да ги впише Бугарите во Устав / Мерц: Пропустите не се само кај кандидатите туку и во ЕУ

ВЕСТИ June 5, 2026

Во изјава за „Дојче Веле“ од самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват, бугарскиот премиер Румен Радев…

ЕУ реформа во најава: Француско – германски Нон пејпр за ЕУ етапна интеграција на државите од Западен Балкан

June 5, 2026

Европарламентот за Република Северна Македонија: Корупцијата и политичките блокади ја кочат државата

June 4, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

June 2, 2026
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.