Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
Хаосот со јавниот автобуски превоз во Скопје никако да се надмине.
Германската полиција во Карлсруе опколи област поради тековната заложничка ситуација во аптека, јави ДПА. Во тек е голема полициска акција.
Пишува: ВЛАДИМИР КОЧОВСКИ Само минатата недела починаа четворица пожарникари. Во изминатите две години 12 пожарникари. Дел не ја дочекаа пензијата, дел неполна година по одење во пензија. Што треба да се случи за да го добиеме тоа што одамна ни следува? Законот за пожарникарство е отворен. Ајде да го затвориме онака како што треба. Треба само волја и ништо повеќе. Пожарникарите се ЕДИНСТВЕНИ кои стекнатото право, да одат во пензија единствено по основ на остварен бенифициран стаж од 40 години, го изгубија и не можат да го добијат назад тоа право, како што тоа го добија полицијата, војската, рударите, танец… За…
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека Грузија е под притисок по алармантните случувања неделава – нешто што, според него, Европската унија не може да го игнорира.
Жените земјоделки кои родиле од декември минатата до крајот на оваа година ќе добиваат по 81 000 денари за девет месеци. Тоа е привремената мерка на Министерството за земјоделство што се реализира и има обезбедено средства, рече Љупчо Николовски, министер за земјоделство. Тој заедно со министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска и со Васка Мојсковска, претседателката на Националната федерација на фармери беа на трибина во општина Кривогаштани во Прилепско каде денеска беше презентирана Програмата за поддршка за социјална сигурност на жените кои вршат земјоделска дејност и поддршките наменети за земјоделките преку Програмата за финансиска поддршка за рурален развој…
Тема на разговор на денешната средба во Скопје меѓу премиерот Димитар Ковачевски и Ричард Нефју, глобален координатор за антикорупција на американскиот Стејт департмент беа актуелната состојба поврзана со борбата против корупција и мерките и активностите кои Владата ги презема во насока на системски решенија за справување со корупцијата на секое ниво, вклучувајќи ја и високата корупција,
ЦИВИЛ почна со имплементација на новиот проект „Заедно за подобра иднина“ со поддршка од Министерството за надворешни и европски работи на Големото Војводство Луксембург, за промоција на мултикултурализмот и европските вредности во земјата. Проектот предвидува низа активности за поттикнување на позитивни промени во општеството и поттикнување на заедниците да работат заедно за подобра иднина.
Во турскиот град Малатија се урна петкатна зграда која беше тешко оштетена во земјотресите на почетокот на февруари.
Генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ-Вардарски и потпретседателот Стефан Богоев денеска се сретнаа со вршителот на должноста амбасадор на Германија, Ото Граф.
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска копретседаваше со Комитетот за мониторинг на ИПА, заедно со директорката на Генералниот директорат за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Комисија, Михаела Матуела. – Ефикасното програмирање на проекти во оваа фаза од преговорите ќе биде клучно за напредокот во реформите, но и важно за областите на транспорт и енергетика. Од тоа ќе зависи динамиката на процесот на преговори, но е и од големо значење за нашите граѓани, за регионот, како и за самата ЕУ, бидејќи на овој начин придонесуваме за наше посилно поврзување, побрзо интегрирање и…
Еден голем скопски маркет во центарот на градот денеска, 8.3.2023 17.00 часот.
Мерките донесени од Владата, а пред сè договорното производство, а и поврзувањето на производителите и откупувачите со посредство на МЗШВ, денес даваат резултати и како резултат на тоа имаме и двојно зголемен откуп на сончоглед, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски при денешната посета на прехранбената индустрија „Кристал“, попозната како „Маслодајна“.