Author: Marta Pesevska

Претседателот Џо Бајден, во вчерашниот разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски, директно го поврза повлекувањето на Украина од клучниот град Авдиивка со неможноста на Конгресот да обезбеди дополнителна помош за напорите на земјата да се одбрани од руската инвазија, пренесува Си-Ен-ен.

Read More

Во рамки на информативниот караван Резултати за земјоделците, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска во Лозово оствари средби со повеќе земјоделци, презентирајќи ги новита мерки за поддршка предвидени за 2024 година. Министерот Николовски во својата изјава за медиумите истакна дека сите земјоделци овде од Лозово потврдија дека на крајот од минтата година ја добиле првата историска авансна исплата на субвенциите. Кога над 55.000 земјоделци, за прв пат, добија 30% од субвенциите, пред време, во текот на истата календарска година. Тој дополни дека и оваа година заедно со земјоделците продолжуваме со силна и прогресивна земјоделска политика. „Како што ветивме, од…

Read More

Амбасадорот на САД во Косово Џефри Ховениер повторно побара одложување на уредбата на Централната банка на Косово (ЦБК) за укинување на српскиот динар, со цел да се воспостави процедура за исплата на примањата од српскиот буџет за припадниците на српската заедница, пренесува Радио Слободна Европа.

Read More

Северна Македонија ги потврди своите вредности како лојална земја членка на Алијансата. Таа е четвртата земја која по број на жители и помогна на Украина, и тоа не само со воена опрема, туку и преку други начини на асистенција. Ние сме многу благодарни, искрено многу други побогати земји не помогнаа на начин на кој помогна оваа земја, истакна американската амбасадорка Анџела Агелер во интервју за ТВ Канал5. Таа им се заблагодари на граѓаните и институциите на земјава што ја поддржале Украина и нивните напори, преку НАТО и преку други начини против, како што рече, ужасната, бруталната и крвавата инвазија на…

Read More

Економско-социјалниот комитет официјално покрена иницијатива во чии рамки има претставници од девет земји кандидати за членство во Европската унија. Вкупно 131 организација од Албанија, Босна и Херцеговина, Грузија, Молдавија, Црна Гора, Северна Македонија, Србија, Турција и Украина ќе учествуваат во работата на Комитетот, кој со тоа стана првата институција на Европската унија што ја отвори вратата за државите од преговарачкиот процес. Во практична смисла, таа иницијатива значи дека избраните претставници ќе учествуваат во советодавната работа на Економско-социјалниот комитет преку придонес во процесот на изготвување избрани мислења, учество во студиски групи, состаноци на секции и избрани пленарни седници на Комитетот.Членовите ќе…

Read More

„Не сакам да се мешам во тоа што се случува во Алијанса за албанците, затоа што тоа е внатрешна работа на партијата. Објаснувањето на сегашниот премиер Џафери , а и законот кажува дека врз основа на пржинскиот договор, точно се знае колку министри и дополнителни заменици министри одат во опозицијата, и можат да партиципираат во техничката влада. А самите министри рекле дека ке дејствуваат оопозиционо. Ние гласавме за мандатар кој ке ги предложува министрите. По негово барање беше двајцата министри од Алијанса бидат разрешени. Бидејќи сами се изјасниле дека ќе делуваат опозиционо, испаѓа дека, го кршиме законот доколку не бидат…

Read More

„Тој интерконектор којшто ќе се изгради и за пет години ќе го има, знаете зошто ќе има поевтин гас во Македонија… Затоа што имаме резервиран капацитет за наредните 15 на договолни количини на гас за да бидеме самостојни како држава. изјави вицепремиерот Битиќи на „Топ тема“ на Телма. Тој додаде дека факт е дека е направен договор со којшто за граѓаните се обезбедува поевтина струја за наредните 25 години. „Невистина е дека сме испреговориле модел којшто не гарантира поевтина цена. Формулата којашто сме ја испреговарале гарантира поевтина цена“, потенцираше Битиќи.

Read More

Претседателот на Комитетот за разузнавачки прашања на Конгресот на САД, Мајк Тарнер денеска соопшти дека има информации за сериозна закана за националната безбедност на САД.

Read More

На овонеделните состаноци на Советот НАТО-Украина и Контакт групата за одбрана на Украина предводена од САД ќе се разговара за поддршката на Алијансата за Кијив, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на прес-конференција пред состаноците на министрите за одбрана на НАТО во Брисел, јави дописникот на Укринформ.

Read More

Лидерите на „Српската коалиција против насилство“ ја поздравија Резолуцијата на Европскиот парламент за изборите во Србија и изјавија дека признавањето на ситуацијата во земјата, особено „заробувањето на државата и медиумите од страна на Српската напредна странка“, покажува колку е важно да се зачуваат демократските принципи и владеењето на правото во Србија.

Read More

Во попладневните часови претседателот на Собранието Јован Митрески ги распиша претседателските и парламентарните избори 2024. Првиот круг од претседателските избори се закажани на 24 април, додека вториот круг ќе се одржи заедно со парламентарните избори на 8 мај.

Read More

Од МВР информираат дека возачките дозволи од 00 часот на 13 февруари 2024 година ќе важат само со името Република Северна Македонија, објави Фокус. -Министерството за внатрешни работи ќе постапува согласно закон и затоа апелираме граѓаните да не управуваат возило доколку немаат валидна возачка дозвола со името Република Северна Македонија. Предупредуваме и дека во случај на настаната штета при евентуална сообраќајна несреќа, поради невалидната возачка дозвола, граѓаните кои немаат валидна возачка дозвола ќе мора да ги сносат последиците околу евентуалната штета, велат од МВР.

Read More