Author: Marta Pesevska

Во интервју за Слободен печат, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека постапката за избор на претседателски кандидат на СДСМ се одвива на едно исклучително високо демократско ниво, и дека кон крајот на месецот ќе се знае точно име со кое партијата ќе настапи на претседателските избори. „Како државотворна партија, СДСМ со изборот на кандидатот за претседател на државата ќе одговори на потребите на граѓаните и на татковината. Чесен, широко прифатен од граѓаните, близок со народот, кој ги споделува прогресивните вредности на демократското општество, со визија за европска иднина. Човек кој ќе биде претставник на сите наши граѓани без разлика…

Read More

Во текот на ноќта, Русија изврши напади со беспилотни летала врз Кијив и јужна Украина, објави денеска Укринформ. Украинските воздухопловни сили преку апликацијата за пораки Телеграм информираа дека нивните системи за противвоздушна одбрана уништиле 40 од 45-те нападни беспилотни летала Шахед, лансирани од Русија во текот на ноќта. Јужната воена команда на Украина преку Телеграм објави дека нејзините системи за противвоздушна одбрана биле ангажирани повеќе од пет часа и уништиле 26 беспилотни летала „Шахед“, лансирани од Русија над неколку јужни региони, главно над регионот Миколаев во близина на Црното Море. Остатоците што паднаа од соборениот дрон и ударниот бран оштетија…

Read More

„Со самиот договор е предвидено да се применува методологијата која што ја утврди Регулаторната комисија за енергетика во однос на определување на цена на топлинска енергија произведена од когенеративна постројка. Речиси, повеќе од дупло, цената на когенеративната постројка, Те-То за топлинска енергија, е поевтина од цената на топланите. Истата таа методологија ќе ја примениме и за Митиленеос. На место да имаме цена од 5,3 денари, ќе имаме цена од 2,5 денари“ изјави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски во интервју за „Радио Слободна Европа“. Тој додаде дека оваа топлинска енергија ќе води во централниот систем на топлинска енергија…

Read More

Северна Македонија има стратешки дијалог со Соединетите Американски Држави, како и посебни форми на соработка. Системот на рестриктивни мерки на САД за санкционирање на корумпирани политичари на Западниот Балкан е од исклучително значење за борба против корупцијата, порача првиот вицепремиер задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ. Тој во рамки на посетата на САД денеска учествуваше на панел дискусијата на тема „EU-US Relations: Building Collective Security in a Shifting World, Односи ЕУ-САД: Градење колективна безбедност во свет кој се менува“. На конференцијата, Маричиќ ја истакна соработката со САД со стратегијата за поддршка на Западен Балкан базирана на три принципи – јасна…

Read More

Нашата упорност како министерство и обединетоста на тутунарите даде резултати. Сите откупувачи на тутун ја следат новата откупна цена од 365 денари по килограм тутун за прва класа и до тутунарите веќе ги доставија анексите на договорите. Анексите на договорите што ги имаат тутунарите се однесуваат на целокупната количина предаден тутун и на терен откупот се одвива непречено. Тутунарите се задоволни. Имаме фер цена, зголемена по втор пат оваа сезона. Покрај фер цена за тутунот, наша цел како министерство е да обезебедиме сигурен развој и одржливост на тутунопроизводството. Во таа насока, за оваа година, креиравме повеќе нови мерки за поддршка…

Read More

Со потпишувањето на Меморандумот за попусти во сите Национални установи, студентите добиваат зголемен пристап до културните случувања, кои до сега можеби не беа толку достапни за нив. Меморандумот ќе придонесе за зголемување на присуството на студентите во културната сфера во нашата држава. Поволностите ќе може да ги користат во вкупно 68 установи или поточно во:  5 Библиотеки, 16 Центри за култура, 8 Театри, 5 Заводи и музеи, 12 Музеи, 2 Спомен куќи, 3 Галерии и  17 Уметничко – сценски установи. Така наместо да плаќаат 500 денари за билет за претстава во МНТ, ќе плаќаат 250 денари со стапување на сила…

Read More

Царинската управа преку своја официјална Фејсбук страница денеска информираше дека вкупно 47 папагали се запленети откако српски државјанин сакал без да ги пријави да ги внесе во државава. Царинските службеници на влез на граничен премин Табановце го прашале дали има нешто да пријави, по што откако одговорил дека нема ништо за пријавување поради сомневање извршиле детален преглед на возилото при што во багажникот пронајдоа кафези со папагали. Против лицето е поднесена соодветна пријава, а надлежноста за запленетата стока, во случајов живи птици, е предадена на Агенцијата за управување со одземен имот, од кадешто се соодветно згрижени. Вкупно 47 папагали се…

Read More

– Во текот на утрешниот ден Градот Скопје редовно ќе се снабдува со вода, без никаков прекин во снабдувањето, одговорија од ЈП Водовод и канализација доцна вечерва на прашањето од Фронтлајн. Попладнето во саботата на фејсбук страната од ЈП Водовод и канализација – Скопје, беше објавено известување во кое се наведуваше дека в недела на 11 февруари, од 17:00 часот поради интервенција на главната водоводна цевка Ф1600 мм во Рашче, намален притисок или прекин на водоснабдување ќе има речиси 90 отсто од главниот град. Подоцна вечерта, како што пиша Фронтлајн, веста беше избришана од Фејсбук страницата на Јавното претпријатие. „За жал, на социјалните…

Read More

Министерството за надворешни работи на Полска @PolandMFA  издаде корекција на 10-те лаги што Путин ги кажа на публиката на Такер Карлсон во текот на неговото интервју. Полска соработуваше со Хитлеровата Германија. Пред Втората светска војна, полската дипломатија се обидуваше да оджува добрососедски односи со Германија. Влегувањето на Полска во каков било воен сојуз со Хитлер не доаѓал во предвид. Во периодот помеѓу Првата и Втората светска војна, Полска се најде меѓу два агресивни соседи: Германија и Русија, од кои ниту еден практично не го призна правото на полската нација да има независна држава. Во 1934 година, во Берлин, беше потпишана…

Read More

„Ако ги погледнете и антикризните мерки, а имаме и најголем пакет на антикризни мерки во целиот регион според податоци на Светска Банка, од субвенционирање на електрична енергија, поддршка на ученици од основно и средно училиште, до зголемување на социјалната помош,  зголемување на вработеноста, зголемување на минималната плата, сето тоа како бенефит го имаат и граѓаните кои се Роми. Со нас и Ромите и сите други граѓани добија многу повеќе од тоа што го добиваа со претходната влада пред 2016 година,“ посочи претседателот на СДСМ и поранешен премиер Димитар Ковачевски, во интервју за „Контрапункт“,на настанот организиран од Фондацијата „Ромите за демократија“…

Read More

„Законот за рестриктивни мерки е  надлежност на  МНР и затоа официјален е предлагач е МНР. Меѓутоа ние имаме заклучок на влада дека итно заедно со овој закон треба  да се предложат измени и во други законски решенија и тоа ќе го направиме во најбрз можен рок. Тоа и не е така комплицирано ако се знае што се сака точно да се постигне бидејќи се  мали  измените и очигледна е генералната определба на владата да се направат, тогаш сметам дека и предлог измените во другите законски решенија може по скратена и итна постапка може веднаш да се подготват и достават до…

Read More

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска од Брисел изјави дека е „од суштинско значење“ американскиот Конгрес „во блиска иднина да се согласи за продолжување на поддршката за Украина“, пренесува НАТО.

Read More