Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
Не го одобрив разрешувањето на директорката на Клиниката за инфективни болести Милена Стевановиќ, кое го направи министерот за здравство Фамир Меџити, рече денеска во изјава за медиумите Димитар Ковачевски, поранешниот премиер и претседател на СДСМ. Тој денеска со министерката Јованка Тренчевска, беше на состанок со претставници на Сојузот на пензионери на Македонија. „Тој ја разреши без да образложи. Даде едно срамно образложение дека ја разрешил со оглед на тоа дека немала сертификат за англиски јазик, а таа е врвен доктор, светски познат која што има завршено на Кембриџ, така што од тој аспект не би ги коментирал разрешувањата“, рече Ковачевски,…
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус на прес-конференцијата по средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ во Белград истакна дека дијалогот за нормализација на односите со Косово треба да продолжи и додаде дека Србија и Косово мора да ги спроведат договорите, како и дека е потребна целосна истрага за настаните од 24 септември, јави дописникот на МИА од Белград. -Спорните прашања на Косово треба да се решаваат со дијалог, со тоа што мора да се дадат преодни периоди во процесите кои се однесуваат на животите на луѓето, изјави Писториус. Тој рече дека за време на неговата посета на Косово повикал на…
„Законот за рестриктивни мерки помина повеќе стручни филтри, на него работеше и тим во министерството за надворешни работи како предлагачи на законот, беа вклучени претставници од кабинетот на министерката Грковска, сите имавме увид во тоа. Овој закон е добар чекор во вистинска насока затоа што граѓаните очекуваат сериозна борба против криминалот и корупцијата“, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на заедничка прес-конференција со пратеникот на Германскиот Бундестаг Јосип Јуратович.
„Судирот во Алијанса е стар и тој судир е можеби околу едно принципиелно прашање на кое доаѓаат сите помали партии кои треба да одлучат дали да влезат во поголемите коалиции без разлика кој ги предводи. Помалите партии, особено кај албанските партии, кога носат одлука на емотивен начин, така се подели АА, тука е спорот. Традиционално се покажало дека кога сте мала партија и одлучувате да не влезете во владеачка коалиција, вие не можете да додржите едно ниво на активност, јадро од вашето членство кое ќе биде ангажирано на државни вработувања“изјави аналитичарот Сашо Орданоски на поткастот „Политиканти“ на „Слободен печат“. Тој…
На видеото од посетата на техничкиот премиер Талат Џафери во неговото родно село Форино, снимен е видео материјал, кој содржи аудио со извици ,,Илирида, Чемерија, Косово”. Но, овие извици не се од пречекот на техничкиот премиер, туку се дополнително додадени, односно монтирани. Ваквиот видео материјал е манипулативен затоа што создава впечаток како техничкиот премиер да бил дочекан со овие извици, што не е точно, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Во неколку објави на социјалната мрежа Фејсбук се споделува видео материјал кој потекнува од посета на техничкиот премиер Талат Џафери на неговото родно село Форино. Во насловите од објавите (овде, овде, овде и овде) се вели…
Американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер денеска одржала средба со шефот на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, Гаврил Бубевски.
Речиси 17 илјади оштетени објекти од руските напаѓачи веќе се обновени во регионот на Кијив, напиша во своја објава на Фејсбук, Руслан Кравченко, шеф на регионалната воена управа, пренесува Укринформ.
Како последица на разорниот земјотресот што се случи лани, на 6 февруари 2023 година, загинаа повеќе од 53.000 луѓе во Турција, а милиони останаа без покрив над глава, објави Ројтерс.
Најдобрите решенија при стопанисувањето во било кој бизнис ги имаат тие што ги живеат проблемите и предизвиците во текот на работата. Во земјоделското производство тоа се земјоделците, оние кои секојдневно се соочуваат не само со условите за стопанисување во едно општество туку и со временските услови од кои голем дел од земјоделските гранки се директно зависни. Земјоделството е ризичен бизнис бидејќи е многу зависен од временските услови и е поранлив на природни катастрофи од другите сектори. Имајќи ја предвид оваа констатација МЗШВ сите мерки и програми кои ги носи ги креира заедно со претставници на земјоделците. Ова е воедно и…
Претседателот на опозициската Демократската партија (ДС), Зоран Лутовац изјави дека едно од решенијата за политичката криза во Србија би можело да биде формирање на преодна влада, која, според него, е модел кој дал добри резултати и обезбедил фер избори, јави дописникот на МИА од Белград. -Едно од решенијата за излез од кризата може да биде преодна влада по моделот на Северна Македонија и Црна Гора со посредство на ЕУ. Ова може да биде пат до фер избори, рече Лутовац. Тој денеска изјави дека конститутивната седница на српскoто Собрание, која е закажана за 6 февруари, „не е стратешко туку тактичко прашање“…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги посети украинските војници на југоисточниот фронт и им додели медали, соопшти денеска неговиот кабинет, пренесува Укринформ.
Мицкоски нема ниту план, ниту визија, со ДПМНЕ нема иднина, велат од СДСМ.