Author: Marta Pesevska

Поради блокадата на опозицијата во македонското Собрание државата не ги отвори поглавјата од преговорите со ЕУ, стои во партиското соопштение. Иако целосно успешно заврши процесот на скрининг, иако нема нови услови и поддршката од европските лидери за трасираниот пат на Македонија кон Унијата е силна, поглавјата останаа затворени поради политиката на блокади на ДПМНЕ и Левица. Мицкоски и ДПМНЕ се криви за блокадата на европскиот пат. Со ДПМНЕ нема ЕУ, има изолација, неизвесност и стагнација. Христијан Мицкоски по кој знае кој пат ги стави своите лични лични интереси пред интересите на македонскиот народ и граѓаните кои живеат во Македонија. Граѓаните…

Read More

Во Србија утре се одржуваат вонредни парламентарни избори на кои граѓаните ќе избираат 250 пратеници во српскиот парламент. Покрај парламентарните, граѓаните ќе гласаат и на покраински избори во Војводина, како и на локални избори во 65 градови и општини, меѓу кои и Белград, јави Бета. Републичката изборна комисија синоќа соопшти дека вкупниот број на гласачи во Србија за парламентарните избори на 17 декември е 6.500.165, а ќе се гласа на вкупно 8.273 места. Вкупниот број на гласачи во Белград е 1.613.190 и тие ќе гласаат на 1.198 избирачки места. Во колективната листа за парламентарните избори има 18 листи со вкупно…

Read More

Стотици граѓани протестираа пред Министерството за одбрана во Тел Авив, откако израелската армија призна дека по грешка убила тројца заложници во Појасот Газа, кои ги држела палестинската милитантна група Хамас. Демонстрантите носеа транспаренти и фотографии од околу 130 заложници, за кои Израел верува дека се уште се заложници на Хамас во Појасот Газа и ја повикаа владата на Бенјамин Нетанјаху да обезбеди ослободување на сите заложници кои ги држи Хамас. Нетанјаху ја опиша смртта на тројцата заложници како „неподнослива трагедија“ и додаде дека „целиот Израел жали за загубата“. Извор: МИА

Read More

„Навистина ми е големо задоволство што можам да кажам дека 10 годишниот процес на реституција која што е прва од тие размери во регионот заврши со враќање на 20 икони од Република Албанија во Република Северна Македонија. Тоа се икони кои во период од 2013 година беа украдени од црквите од охридскиот, струшкиот, дебарскиот и реканскиот крај. Меѓу тие икони кои датираат од 18 веки првата половина од 19 век, се дел од иконите на познатиот зограф – Дичо Зограф кој што знаеме дека е навистина познат особено за неговото делување во реканскиот крај,“ рече Бисера Костадиновска Стојчевска, министерка за…

Read More

Светска банка ќе обезбеди заем во вредност од 93,8 милиони евра за Северна Македонија, со цел зајакнување на фискалната позиција и финансискиот сектор во земјата, како и поддржување на нејзината зелена транзиција. Како што соопштија од Светската банка, новото финансирање во рамките на Операцијата за развојна политика на одржливост и отпорност на Северна Македонија, одобрена денес од страна на Бордот на директори на Светска банка, е во согласност со макроекономските приоритети на земјава, според Фискалната стратегија 2024-2028 и Програмата за економски реформи 2023-2025 на Владата. -Северна Македонија, како и други земји во Европа, се соочува со континуирани инфлаторни притисоци, што…

Read More

Десницата, од денот на исчезнувањето на малата Вања, почна да му  „ги одбројува“ на Спасовски деновите, а додека траеше потрагата, се однесуваше како да е публика во театар каде што се одигрува трагедија. За народот беше тешка првата ноќ по киднапирањето – како да се спие кога никој не знае каде е девојчето!? Промената – во форма на откривање на убијците – предизвика нокаут на плановите на опозицијата, а нивната одбрана, бидејќи се работи за луѓе од нивниот двор, сега се сведува на обид да се спречи екстрадицијата на клучниот извршител и организатор од притворот во Турција. Каков жив песок…

Read More

НИКОЛА ГЕЛЕВСКИ/Окно Ние веќе немаме корени, имаме антени. Токму нашата одвоеност, не само од природата туку и од културата како безшевна, жива заедница, нè поттикнува да ги бараме корените. Навистина да имавме вкоренета култура, тогаш корените и традицијата не ќе беа постојана тема на невротичното мавтање со раце. Мекензи Варк, Хакерски манифест, 2004 *** Силната доминација на политиката на идентитетот, која се чини речиси постмодернистичка и која спрема културното наследство се однесува на еден поткраднувачки начин, повеќе манипулативно отколку иновативно, укажува пред сè на регресија. Денешната офуцана слика на идентитетско-политичките инсценирања на телата, носиите итн., потсетува на Хегеловата изрека дека човек…

Read More

„Владата има сериозен капацитет којшто е покажан низ изборните процеси во минатото, и 2016, 2017, и 2018, 2019, 2020, и 2021 година во изборните процеси. Ние имаме изборен процес и во него се влегува со се помалку неправилности. Тоа покажува дека демократскиот капацитет на институциите е на едно поголемо ниво. За жал ние тоа не можевме да го видиме од ВМРО-ДПМНЕ заради начинот на кој тие ја практицираа власта до 2016 година. Целосната злоупотреба на институциите резултираше со Пржинска Влада“, изјави изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 Телевизија.

Read More

Одлука за пренамена на буџетски средства во износ од две милијарди денари за реализација на 66 проекти во најголем дел од општините донесе Владата на денешната седница. -Владата на Република Северна Македонија на денешната седница донесе одлука за пренамена на буџетски средства во износ од две милијарди денари коишто ќе бидат насочени за реализација на 66 проекти во најголем дел општини низ целата држава, меѓу кои Град Скопје,  Центар, Ѓорче Петров, Сарај, Аеродром, Охрид, Македонски Брод, Битола, Крива Паланка, Штип, Липково, Кичево, Валандово, Струмица, Росоман, Дојран, Берово, Делчево, Желино, Гостивар и други, соопштија попладнево од владината прес-служба. Предвидено е овие…

Read More

Лидерите на земјите членки на ЕУ донесоа одлука за старт на преговори за членство со Украина и Молдавија, објави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел на платформата Икс. – Европскиот совет одлучи да отвори пристапни преговори со Украина и Молдавија, наведе Мишел во објавата. Според него, Советот на ЕУ решил и да и додели статус на земја кандидат за членство на Грузија, додека во однос на БиХ останува условената препорака за старт на преговорите. – ЕУ ќе ги отвори преговорите со Босна и Херцеговина, откако ќе се постигне потребниот степен на усогласеност со критериумите за членство и ја повикува Комисијата…

Read More

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, неочекувано пристигна во Франкфурт, соопшти полицијата на социјалната мрежа „Икс“, цитирана од Укринформ. Органите на редот информираат дека поради посетата на Зеленски на Хесен, движењето во целиот регион е ограничено. Подоцна беше најавено укинување на ограничувањата. Укринформ додава дека според весникот „Билд“, украинскиот претседател го напуштил Франкфурт и заминал во Визбаден. Претходно, украинскиот лидер беше во Осло, Норвешка, по патувањето во Аргентина и САД. Извор: МИА

Read More

Министерството за финансии обезбеди 90 милиони евра од КфВ развојната банка за поддршка на буџетските политики со цел справување со предизвиците од кризата. Договорот за заем од КфВ банката за достапност на овие 90 милиони евра е потпишан денеска од страна на министерот за финансии Фатмир Бесими и директорот на КфВ за земјава и Косово Мориц Реме. -Денеска потпишавме договор со КфВ банката за користење 90 милиони евра со кои Владата ќе се справува со последиците од кризата, ќе ја подобрува својата надворешна финансиска состојба, како и за спроведување структури реформи. Ова се дел од средствата што ги обезбеди оваа…

Read More