Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
Украинскиот претседател Володомир Зеленски учествуваше на инаугуративниот состанок на Меѓународната коалиција за враќање на украинските деца, противправно депортирани и присилно раселени во Руската Федерација од привремено окупираните територии на нашата држава. Отворајќи го состанокот на коалицијата во Кијив, тој изрази благодарност на сите оние кои се приклучија на Меѓународната коалиција. „Присилната депортација е едно од најциничните злосторства на оваа војна. Децата не се само ‘одземени’ од окупираните територии на Украина. Русија намерно се обидува да ја прекине секоја врска што децата ја имаат со Украина, со нивните роднини и нивните најблиски. Децата се учат на лаги за Украина и оваа…
ДПМНЕ самите се фатија како сакаат да ги лажат пензионерите, велат од СДСМ. Потпретседателката на ДПМНЕ, Гордана Димитриевска Кочовска, јавно на телевизија го повлече нивното ветување за зголемување на пензиите за 5.000 денари и додаде дека се однесувало на неколку наврати, па дури и на десет рати од по 500 денари. Јасно беше уште кога го изнесоа ова лажно ветување, со ДПМНЕ нема поголеми пензии за 5.000 денари, сега само потврдија. Пензионерите знаат дека покачувања на пензиите има со СДСМ и дека пензиите ќе продолжат да растат само со СДСМ. Вистински и реално. СДСМ веќе ги има зголемено пензиите и…
Продолжува растот на бројот на работни места и платите во Технолошко-индустриските развојни зони (ТИРЗ). Во ноември во компаниите во ТИРЗ бројот на вработени се искачи на 17.926 што е зголемување за 10 отсто во однос на истиот период лани, односно за 29 отсто повеќе од ноември 2021, и за 31 отсто повеќе споредено истиот период во 2020 година, покажува анализата на Дирекцијата на ТИРЗ. Согласно податоците во анализата, само од почетокот на годинава во компаниите во ТИРЗ се вработени над 1.600 граѓани. Според првичните податоци просечната бруто плата во компаниите во ТИРЗ надмина 60.000 денари, што двојно повисоко од 2016…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика Украинците да продолжат да пружаат отпор, соочени со, како што кажа, очекуваните руски напади врз цивилната инфраструктура оваа зима. -Улогата на нашата земја сега, колку и да е тешка, е да не изгуби сила и да не дозволи непријателот да преземе иницијатива, рече Зеленски во видео обраќање. Руските сили минатата зима, помеѓу октомври 2022 и февруари 2023 година, се обидоа да ја уништат електричната мрежа на Украина со масовни напади што доведоа до чести прекини на струја и недостаток на греење низ целата земја. Зеленски им се заблагодари на војниците и командантите за нивната…
ФАТМИР БЕСИМИ “Економијата не е егзактна наука, таа е комбинација на научни елементи и уметност”, рекол таткото на модерната економија, американскиот нобеловец, Пол Семјуелсон, потенцирајќи дека „првата и последната лекција која треба да ја научиме за економијата е дека нејзината цел не е да се приближиме кон егзактноста, туку кон подобрувањето на базите на податоци и начинот на расудување согласно нив“. Јас ќе додадам дека крајната цел на секоја економска политика, секогаш, треба да биде мотивирана од обезбедувањето подобри услови и просперитет за граѓаните. Макроекономистите се водат според логиката од најдобриот интерес за најголем број на луѓе, политики што го…
Со успешното завршување на скрининг процесот, до крајот на месецов до ЕУ ќе треба да ги доставиме клучните документи за отворање на преговорите по првиот кластер, по што тоа ќе останат само уставните измени како единствен услов за продолжување на преговарачкиот процес за членство на земјата во Европската Унија, порача вицепремиерот Бојан Маричиќ во интервју за МИА на крајот на неговата работна посета на Брисел за време на која присуствуваше на последните билатерални состаноци со кои беше затворен скринингот на земјава со Европската комисија. – Она што можеме де го кажеме е дека од овој скрининг процес ние веќе имаме…
Советот на ЕУ усвои заклучоци со кои се предвидува зајакнување на влијанието и улогата на истражувањето и иновациите во процесот на креирање политики во рамки на Унијата. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во заклучоците се посочени три примарни меѓусебно комплементарни димензии на влијанието на истражувањето и иновациите во креирањето политики. Првата димензија се однесува на придонесот на науката во зајакнување на креирањето политики, вклучувајќи го и нејзиното влијание за подобрување на животот на граѓаните и зацврстување на демократијата, втората, на резултатите од истражувањето и развојот врз регионалните и локални иновативни екосистеми, и третата, на импликациите врз клучните…
Соединетите Американски Држави „остро ги осудија“ нападите врз нивната амбасада во Багдад и врз американските и коалициските трупи во Ирак, повикувајќи ги ирачките власти „да ги изведат сторителите пред лицето на правдата“, пренесе БТА. -Повеќето милиции поврзани со Иран кои дејствуваат слободно во Ирак ја загрозуваат безбедноста и стабилноста на Ирак, нашите војници и нашите партнери во регионот, се вели во соопштението на американскиот Стејт департмент. Извор: МИА
„Ќе има редовни избори, после 17 години во државата. Зашто мора постојано да е вонредна ситуација во државата. Ние сме земја членка на НАТО, земја која преговара со ЕУ, земја која претседава со ОБСЕ земја во која се водат преговори помеѓу други држави, зашто да биде вонредна ситуација. Ние сме заслужиле и граѓаните да имаме редовни избори во редовни термини“, изјави Премиерот Димитар Ковачевски во своето гостување во емисијата „360 степени“ на МРТ 1. Тој додаде дека годинава во иста година има и парламентарни и претседателски избори. „Со оглед на тоа дека јасно ни кажуваат граѓаните дека не сакаат чести…
Министерот за надворешни работи Бујар Османи смета дека не треба да се дига раце од уставните измени кои се услов за продолжување на преговорите со ЕУ и отворање на поглавјата и треба до последен ден да се работи на тоа во постојниот состав на Парламентот. Побитно, е вели, јавноста да ја придобиеме за уставните измени отколку опозицијата. -Јас се надевам дека ќе се гласаат. Не треба ние политичарите да дигаме раце од тој процес. Треба до последне ден да продолжиме, и да не успееме ќе има позитивен колатерален ефект од убедувањето затоа што мене ми беше многу побитно во овој…
Словенечката влада ја продолжи привремената контрола на внатрешните граници со Хрватска и Унгарија за уште 12 дена, до 21 декември, со цел спречување на тероризам, екстремизам и прекуграничен криминал, беше соопштено по седницата на Владата. Љубљана воведе гранична контрола на 21 октомври, откако Италија одлучи да воведе контрола на внатрешната граница со Словенија, наведувајќи ја опасноста од загрозување на јавниот ред и внатрешна безбедност, т.е. зголемен ризик од терористички напади во контекст на ситуацијата на Блискиот Исток и Украина. Како што неодамна изјави министерот за внатрешни работи Боштјан Поклукар, Словенија планира да ја продолжи граничната контрола за уште шест месеци…
Државниот секретар на САД Ентони Блинкен информираше денеска дека со депонирањето на инструментите за ратификација на Договорот за правната положба на НАТО, договорот стапил во сила за Северна Македонија. -На 4 декември 2023 година Република Северна Македонија ги депонираше интрументите за ратификација на Договорот за статусот на Организацијата на Северноатлантскиот договор, националните претставници и меѓународниот персонал, соопштува Блинкен. Според точка 26, параграф 2, Договорот за НАТО стапи во сила за Република Северна Македонија на 4 декември 2023 година, се вели во депозитарното известување на Стејт департменот. Лани во јуни Северна Македонија го потпиша Договорот за правната положба на Организацијата на…