Author: Marta Pesevska

Велика Британија е на јасен пат кон повторно приклучување во ЕУ, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и ги повика младите да го поништат Брегзит. Таа на доделувањето на наградите ПОЛИТИКО 28 во Брисел истакна дека на своите деца им кажала дека на следната генерација е да ја „поправат“ грешката со Брегзит. – Морам да кажам, цело време им велам на моите деца: Треба да го поправите тоа. Направивме грешка, мора да ја поправите. Така што и овде мислам дека насоката на движење, што е мое лично мислење, е јасна, рече таа. Портпаролот на британскиот премиер Риши…

Read More

Потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел, на заедничката прес конференција со неговиот домаќин македонскиот премиер Димитар Ковачевски  изјави дека ОБСЕ и покрај сите неволји и тешки времиња во кои што живееме е важен партнер или можеби токму затоа што живееме во вакви времиња тој станува поважен партнер, партнер организација и форум за размена за ЕУ. „Ние многу ја цениме улогата на ОБСЕ особено во вакво време, ОБСЕ е единствена платформа каде што нашата заедничка безбедност и архитектура треба да биде дискутирана. И покрај обидите од Русија да го поткопа…

Read More

Премиерот Димитар Ковачевски изрази задоволство што денес бил повторно домаќин на почитуваниот висок претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, г. Жозеп Борел. „Оваа средба доаѓа веднаш по средбата која попладнево ја имав со државниот секретар на САД  г. Блинкен, на која тој истакна дека имаме силна и континуирана поддршка од САД на нашиот пат кон полноправно членство во ЕУ и за спроведувањето на потребните реформи“, рече Ковачевски. Тој додаде дека со државниот секретар на САД се согласиле дека стратешко партнерство, кое е фокусирано пред сѐ на плодната билатерална соработка, продолжува да…

Read More

Завршивте исклучително добра работа, успеавте да ја проширите мисијата на ОБСЕ и покрај значителните пречки, порача американскиот државен секретар Ентони Блинкен на средбата попладнево во Скопје со министерот за надворешни работи и претседавач на ОБСЕ Бујар Османи. -Прекрасно е да се биде тука, прекрасно е да се биде во Северна Македонија, прекрасно е да се биде со сите наши колеги. Доаѓам од НАТО, што е соодветно бидејќи Северна Македонија е силен сојузник и партнер на САД и на сите наши сојузници во Алијансата, и тоа секојдневно го гледаме. Морам да ви кажам колку сме благодарни на вашето претседавање со ОБСЕ…

Read More

„ Реално беше стравувањето дека ОБСЕ може  да згасне  и среќа е што Малта се согласи да биде претседател на организацијата во следниот период. Нашата држава има огромна корист од ОБСЕ и таа добила повеќе средства отколку што ќе потроши на организација на оваа конференција. Оваа средба е неспоредлива со ниедна претходна – се подготвува скоро цела година и сигурно ќе помине во најдобар ред’’ – рече универзитетскиот професор Никола Дујовски во „Стиудио 10’’ на ТВ 24. Дујовски истака дека нема потреба граѓаните да стравуваат за нивната безбедност туку напротив треба да се чувстуваат безбедно оти  се вклучени сите оддели…

Read More

Паралелната конференција за граѓанско општество, што го одбележува крајот на претседателството на Република Северна Македонија со ОБСЕ, се одржува денеска во Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, во Скопје. На конференцијата, како што е најавено, ќе биде презентирана Скопската декларација, а изјави ќе дадат министерот за надворешни работи, Бујар Османи, генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Марија Шмид, Елина Валтонен, министерка за надворешни работи на Финска, Збигњев Рау, министер за надворешни работи на Полска, Матео Мекачи, директор на ОБСЕ/ОДИХР, Тереза Рибеиро, претставник на ОБСЕ за слобода на медиумите, Каират Абдракхманов, претставник на ОБСЕ за национални малцинства,  Пиа Каума, претседателка…

Read More

„Мислам дека национализмот ќе биде присутен во кампањата и веќе е присутен. Според мене, тоа е силен инструмент на слабите политички опции, кои немаат што да понудат и кои се кријат зад националистичката идеја, бидејќи немаат ниту сила, ниту храброст, да им одговорат на сопствените гласачи како ќе ги решат проблемите, како ќе ја решат нашата пречка кон Европската унија која денес може многу едноставно да ја завршиме. Нашата пречка денес е додавање на неколку заедници во Уставот по мерка која веќе ја имаме направена во 2001 година. Зарем навистина за тоа вреди да се блокира нашата иднина?“ рече вицепремиерот…

Read More

Премиерот Димитар Ковачевски преку објава на Фејсбук му посака топло добредојде во Скопје на американскиот државен секретар Антони Блинкен. „На средбата попладнево уште еднаш ги истакнавме нашите одлични односи и разговаравме за поддршката која САД ја даваат во континуитет на Северна Македонија на нашиот пат кон полноправно членство во ЕУ и спроведувањето на потребните реформи. Република Северна Македонија е високо ценета како НАТО сојузник, но и во регионален контекст како фактор на стабилност на Западен Балкан“, вели Ковачевски. Тој заклучи дека Државниот секретар го поздравил нашето успешно претседавање со ОБСЕ и конструктивниот пристап во реализацијата на агендата и адресирањето на…

Read More

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска и утре ќе учествува на Регионалниот форум на Унијата за Медитеранот во Барселона. Османи, како што информира МНР, е поканет од високиот претставник и потпретседател на Европската комисја Жозеп Борел и заменик-премиерот и министер за надворешни работи Кралството Јордан Ајман Сафади. Осмиот регионален форум на Унијата за Медитеранот ќе ги собере министрите за надворешни работи на 43 земји членки на Унијата за Медитеранот. Во фокусот на дискусиите, како што се наведува, ќе биде ситуацијата во Израел – Палестина и последиците за регионот на Блискиот Исток.

Read More

Белата куќа изрази внимателно уверување дека еден американски државјанин е меѓу оние што Хамас ќе ги ослободи денеска. Хамас  држи како заложници 10 Американци, меѓу кои две жени и една млада девојка, изјави советникот за национална безбедност Џејк Саливан. „Имаме причина да веруваме дека еден од тие Американци ќе биде ослободен денеска. Но, додека не видиме безбедно да излезе од Газа… на крајот во рацете на семејството, дотогаш нема да бидеме сигурни“, изјави Саливан за Ен-Би-Си Њуз. Тој одби да потврди дали американската државјанка Абигејл Мор Ајдан (3) е слободна, чии родители биле убиени од милитантите на Хамас. „Се надеваме…

Read More

Буџетот за 2024 година е скроен според „златното правило“ во јавните финансии – „ако се задолжувате, тоа да биде само за инвестиции“. Капиталните инвестиции се проектирани во износ од околу 45 милијарди денари, или за 11,5 милијарди денари (187 милиони евра), повисоки од буџетскиот дефицит. Од друга страна, буџетскиот дефицит во буџетот за 2024 година е намален скоро за третина во однос на проекцијата за годинава. Проекциите на среден рок се буџетскиот дефицит да падне под Мастришките критериуми, посочува во најновата колумна посветена на буџетот за следната година, министерот за финансии, Фатмир Бесими. Буџетскиот дефицит, како што вели Бесими, е…

Read More

Обилните дождови и силниот ветер предизвикаа пораст на нивото на Егејско Море, кое ги проби крајбрежните бариери и предизвика поплави во турскиот град Измир. Силно невреме го погоди и Истанбул, каде силниот ветер корнеше покриви, но нема повредени или загинати лица. Турскиот метеоролошки институт денеска предупреди на лоши временски услови во повеќето од 81 провинција во земјата. Подобрување на временските услови се очекува утре. Извор: МИА

Read More