Author: Marta Pesevska

Во рамки на меѓународен саем за вино, храна и туризам во Белград синоќа се одржала „Македонска вечер“, на која домаќин бил претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски. Во поздравното обраќање, соопштија денеска од владината прес-служба, премиерот Ковачевски нагласил дека македонската култура и традиција се познати на регионот и на светот меѓудругото и по македонското вино, храна, музика, што ја промовираат државата и како посебна туристичка дестинација. – Ве поканувам заедно да ги дегустираме македоското вино и македонската храна автентични за нашата македонска држава. Во Северна Македонија културата и гостопримството се спојуваат и создаваат незаборавни патувања, рекол премиерот…

Read More

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи денеска ќе ја промовира специјалната поштенската марка издадена по повод Претседавањето на Северна Македонија со најголемата регионална безбедносна организација во Европа, ОБСЕ. Промоцијата на специјалната поштенска марка ќе се одржи во просториите на Спортски центар „Борис Трајковски“, кој е во фаза на подготовка за одржување на претстојниот Министерски совет на ОБСЕ на 30 ноември и 1 декември. На промоцијата, како што соопшти МНР, ќе присуствува и претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски. Промоцијата ќе ја отвори министерот Османи, а свое обраќање ќе има и директорката на А.Д. Пошта на…

Read More

Позитивната енергија и пријателската атмосфера која ја имавме и на привиот саем за храна вино и туризам “Винска визија” на Отворен Балкан се повторува и оваа година. Голема посетеност и заинтересираност за македонското вино има на македонскиот штанд на вториот меѓународен саем „Винска Визија на Отворен Балкан” во Белград. Македонскиот штанд оваа година е со најголем број на винарии изложуважи, претставен со 74 винарии и дестилерии, и со над 1000 вински етикети, што е скоро двојно повќе изложувачи од минатата година. Големо внимание и оваа година привлекуваат нашите мали семејни винарии, кои се единствени во регионот. Како министерство оваа година…

Read More

Француски сенатор е уапсен и сослушан под сомнение дека дрогирал пратеничка со намера да ја силува или сексуално да ја нападне, пишува „Гардијан“. Жоел Гериау (66), политичар ид десниот центар од партијата „Лес Индепендантс“, беше уапсен оваа недела во неговиот дом во Париз, кој беше претресен заедно со неговата канцеларија. Француското обвинителство соопшти дека Гериау, сенатор на регионот Лоара-Атлантик, е испрашан поради „давање на лице, против нејзино знаење, супстанца што може да ја промени способноста за расудување или самоконтрола за да се изврши силување или сексуален напад“. Наводниот инцидент се случил во вторникот вечерта. Жената која ja поднела пријавата во…

Read More

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во вторник ќе допатува во дводневна посета на Скопје во рамки на неговата неколкудневна турнеја низ земјите во Западниот Балкан, јави дописникот на МИА од Брисел. Како што соопшти денеска НАТО, Столтенберг по пристигнувањето во Скопје ќе се сретне со шефот на државата Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и со собранискиот претседател Талат Џафери, а ќе се обрати и пред пратениците во Собранието. Во среда претпладне предвидено е Столтенберг и Ковачевски да се сретнат со лидерите на земјите членки на НАТО од регионот – хрватскиот претседател Зоран Милановиќ и премиерите на Албанија, Еди Рама,…

Read More

Договорот постигнат на почетокот на месецов меѓу Италија и Албанија за изградба на центри за мигранти кои доаѓаат на брегот по море може да послужи како план за другите земји од ЕУ, изјавила денеска италијанската премиерка Џорџа Мелони. – Што се однесува до нашиот договор со Албанија, мислам дека тоа е многу иновативен и многу паметен договор, што со голем интерес го чекаат другите европски партнери. Мислам дека ова може да биде пример што можат да го следат и другите земји, особено ако работи добро, изјавила Мелони за време на посетата на Хрватска, јави euronews.al. Мелони и албанскиот премиер Еди…

Read More

Одговорноста има име и презиме, тоа е ВМРО-ДПМНЕ и нивното раководство кое се противи на продолжување на европскиот пат на државата, истите кои го кочеа зачленувањето во НАТО го кочат европскиот пат на земјата, изјавил во интервју за Канал 5 ТВ премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски. -Ние имавме влада на ВМРО-ДПМНЕ 11 години каде немавме ниту еден исчекор, немавме одлука во делот на зачленување во НАТО и во ЕУ. Секогаш одлагаа, секогаш ги одложуваа за да на крај имаме потешки и полоши решенија, тука пред се мислам на договорот со Грција. И денес е исто. Уставните измени се…

Read More

Проширувањето е една од најдобрите политики на Унијата како геостратешка потреба и е долгорочна инвестиција за цела Европа во политичка, безбедносна и економска смисла. Тоа е добар механизам за напредок и награди, што не мотивира како земји да ги спроведуваме бараните реформи во предвидените рокови, чиј краен резултат би требало да биде полноправното членство во Унијата. Верувам дека како држави покажавме дека можеме да се носиме со предизвиците од процесот на интеграција со што потврдивме дека сме сериозни партнери во овој заеднички проект, рече претседателот на Собранието на Северна Македонија Талат Џафери во обраќањето на 11. Состанок на спикери на…

Read More

Секој човек кој што малку ги подржува зелените инвестиции и обновливата енергија и што ја разбира оваа проблематика целосно ќе застане зад овој проект за кој ВМРО-ДПМНЕ има распишано 11 тендери  и ниту еден успешен. Придобивките од Чебрен се огромни. И сега кога оваа Влада најде инвеститор и започнува потпишување на договор има проблем,“рече  пратеникот од СДСМ ,Ненад Коциќ во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 Телевизија. Тој истакна дека 333  мега вати се  обезбедуваат за 250.000 домаќинства,плус придобивките со изградбата на хидроцентралата, за земјоделие, заштита од поплави и слично. „Со  нула евра инвестиција и 1 милијарда евра од инвеститорот…

Read More

На Македонците во Албанија никој не може да им прави притисок ниту да влијае како ќе се изјаснат на пописот, вели шефот на дипломатијата Бујар Османи. -Во однос на пописот во Република Албанија, како што знаете, јас имав во неколку наврати јавни настапи. Прво, МНР со соопштение ги повика сите Македонци да се попишуваат така како што се чувствуваат затоа што никој не може да им прави притисок, ниту може да влијае како тие ќе се попишат и во однос на тоа како се чувствуваат. Се разбира дека имавме комуникации и со албанските власти, нашата Амбасада е активна во тој…

Read More

Романија го поддржува европскиот пат на Република Северна Македонија, но важно е да се направат и потребните реформи, истакна романската министерка за надворешни работи Луминица Одобеску на денешната средба со претседателот на Собранието Талат Џафери. Одобеску, која е во работна посета на државата, посочи дека реформите биле предизвик и во повеќето земји членки на Унијата, вклучително и за Романија. – Таа укажа на важноста за продолжување на билатералната соработка на двете земји со ист интензитет и за продлабочување на соработката од економски аспект. Министерката Одобеску стави акцент на заемното поддржувањето на земјите од Источен и Западен Балкан во однос на…

Read More

Во обновеното бомбардирање од страна на руските војници врз цивилната инфраструктура во регионот Запорижја загинаа двајца вработени во Државната служба за вонредни состојби на Украина, напиша Украинскиот министер за внатрешни работи Ихор Клименко во објава Телеграм, пренесува Укринформ.

Read More