Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мелони: Договорот со Албанија може да биде пример за другите земји

0
By Marta Pesevska on November 17, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Џорџа Мелони
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 17, 2023 19:31

Договорот постигнат на почетокот на месецов меѓу Италија и Албанија за изградба на центри за мигранти кои доаѓаат на брегот по море може да послужи како план за другите земји од ЕУ, изјавила денеска италијанската премиерка Џорџа Мелони.

– Што се однесува до нашиот договор со Албанија, мислам дека тоа е многу иновативен и многу паметен договор, што со голем интерес го чекаат другите европски партнери. Мислам дека ова може да биде пример што можат да го следат и другите земји, особено ако работи добро, изјавила Мелони за време на посетата на Хрватска, јави euronews.al.

Мелони и албанскиот премиер Еди Рама на 6 ноември објавија нова шема со цел Италија да се обиде да го намали бројот на мигранти со изградба на два прифатни центри во Албанија, кои треба да бидат отворени следната пролет.

Планот веднаш беше критикуван од експерти и активисти за човекови права, оценувајќи дека ги крши човековите права.

Еврокомесарката за внатрешни работи и миграција, Илва Јохансон, пред два дена кажа дека италијанско-албанскиот договор за прифатните кампови не го прекршил правото на ЕУ.

Група од 29 организации фокусирани, меѓу другото, на човековите права, со отворено писмо се обратија до албанската Влада со барање земјата да се повлече од договорот со Италија за бегалците, истовремено изразувајќи загриженост дека договорот води до кршење на човековите права и незаконски затвор.

Но, албанската Влада веќе го усвои Договорот и тој е доставен до Парламентот за ратификација.

Извор: МИА

Албанија Договор Мелони
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
shortcut
ФОКУС
June 22, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

ВЕСТИ June 22, 2026

Британскиот премиер Кир Стармер поднесе оставка. Тој даде изјава во која рече дека влегувањето на…

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

June 20, 2026
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.