Author: Marta Pesevska

Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денес оствари средба со бизнис делегација од Република Кореја предводена од Јанг Сунг Мин, висок советник за стратегии на претседателот на Јужна Кореја, која ја сочинуваа претставници на светски реномираните компании Hyundai, Samsung, LG, Лоте, и Корејската трговска и индустриска комора. На средбата се усогласи текстот на меморандумот за соработка со кој ќе се постават темелите на идната економска соработка помеѓу Владата на Северна Македонија и Канцеларијата на претседателот на Република Кореја. Во неговата изјава за медиуми после состанокот,…

Read More

Израел го нарече минатонеделниот разорен напад на Хамас израелски 11 септември. Тајниот мозок зад нападот, палестинскиот милитант Мохамед Деиф, го нарекува Поплавата на Ал Акса, се вели во сторијата на Ројтерс. Фразата во аудио снимката што ја користеше најбараниот човек во Израел, емитувана додека Хамас лансираше илјадници ракети од Појасот Газа во саботата, сигнализираше дека нападот е возврат за израелските рации во џамијата Ал Акса во Ерусалим. Тоа беше во мај 2021 година, по рацијата на третото најсвето место на исламот што го разбесни арапскиот и муслиманскиот свет, кога Деиф почна да ја планира операцијата во која загинаа 1.200 луѓе во…

Read More

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ги прегледа прашањата за кои министрите за одбрана на НАТО ќе разговараат во следните два дена во Брисел, вклучително и поддршка за Украина, зајакнато одвраќање и одбрана, операциите и мисиите на НАТО и ситуацијата на Блискиот Исток. Нему му се придружи украинскиот претседател Зеленски, кој е во седиштето на НАТО за да учествува на состанокот на Контакт групата за одбрана на Украина предводена од САД, заедно со повеќе од 50 земји, се вели во соопштението на НАТО.

Read More

Министрите за финансии имаат значајна улога во забрзување на акцијата за ублажување на климатските промени во јавниот сектор и да создадат услови што ќе овозможат приватниот сектор да ги зголеми зелените инвестиции. Ова, како што соопшти Министерството за финансии, е пораката од Состанокот на Глобалната Коалиција на министри за финансии за климатска акција, на која учествува министерот Фатмир Бесими, а се одржа во рамки на Годишните средби на ММФ и Светска банка во Маракеш, Мароко. Министерот за финансии Фатмир Бесими во август оваа година, беше избран за полноправен член на оваа Глобална коалиција, во која членуваат министри за финансии на…

Read More

Најмалку 11 вработени кои работат со Агенцијата за помош и работа на Обединетите нации (UNRWA) се убиени во воздушните напади во Газа од саботата, пренесува Си-Ен-Ен. „Со голема тага можам да потврдам дека 11 колеги од UNRWA се убиени од 7 октомври во Појасот Газа“, рече Џенифер Остин, заменик-директор за работи за Газа на UNRWA, денеска во изјава. „Тука спаѓаат пет наставници во училиштата на UNRWA, еден гинеколог, еден инженер, еден психолог и три лица од помошен персонал. Некои беа убиени во нивните домови со нивните семејства“, додаде Остин. Агенцијата предупреди дека тековниот конфликт „присили затворање на нејзините 14 центри…

Read More

Голем број на Блогери и Инфлуенсери годинава дојдоа во посета на Македонија и во соработка со АППТ се овозможи голема промоција на нашите туристички потенцијали. Еден од инфлуенсерите, испириран од убавините на Македонија, сликовито им долови на идните посетители што значи да се доживее нашата земја. Роберт својата приказна ја започна со “Од Вардар до Триглав”, познат стих кој можеше да се слушне на секој чекор во текот на осумдесеттите и деведесеттите години, а кој служеше да се опише богатството и големината која Југославија ја имаше некогаш. Посетата на земјите на бивша Југославија одела во обратен редослед и Македонија ја…

Read More

Моја благодарност до пријател и сојузник против руската агресија што ме угости во неговата резиденција во Тирана да муабетиме за книги, шах и политика. Кога лидерите на големите земји од слободниот свет би имале половина од храброста на премиерот Еди Рама, светот би бил сосема поинаков! My thanks to a friend and ally against Russian aggression for hosting me at his residence in Tirana to talk books, chess, and politics. If the leaders of the great countries of the free world had half the courage of Prime Minister Edi Rama, the world would be quite different! pic.twitter.com/KyM90yA2Bl— Garry Kasparov (@Kasparov63)…

Read More

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во своја објава на Х ги осуди нападите на Хамас врз Израел. – Силно ги осудувам насилните напади на групата Хамас врз Израел. Продолжува нашата целосна солидарност со Израел, овие акти на терор мора веднаш да престанат, напиша Османи. I strongly condemn violent attacks by group Hamas on Israel. Extending our full solidarity with Israel; these acts of terror must stop immediately — Bujar Osmani (@Bujar_O) October 7, 2023 Линк до интервјуто со Османи: (ВИДЕО) Бујар Османи, Министер за надворешни работи: НАТО е прва доза на вакцината, а ЕУ е втората, за комплетен имунитет од…

Read More

Израелските служби за итни случаи проценуваат дека околу 70 луѓе загинале, а стотици се сериозно повредени, откако милитантите од Газа извршија ненадеен напад, пренесува Си-Ен-Ен. Дополнително, 985 лица се ранети во нападите во Израел, соопшти израелското Министерство за здравство. Во меѓувреме во Газа, најмалку 198 Палестинци се убиени, а 1.610 се повредени, соопшти палестинското Министерство за здравство. Израел започна воздушни напади врз Газа како одговор на нападот, бидејќи Нетанјаху вети дека „ќе бара огромна цена од непријателот“. М. П.  Извор: ЦИВИЛ Медиа

Read More

Заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана денеска на форумот To be Secure во Будва изјави дека годинава била тешка за регионот на Западен Балкан. Оваа година беше тешка за регионот, особено за Косово кое продолжува да доживува зголемени тензии. Во мај, 93 војници на КФОР се здобија со повреди, некои со посериозни, за време на протестите во северно Косово. Ова е апсолутно неприфатливо, рече Џоана. Тој потсети на нападот извршен врз патролата на косовската полиција од минатиот месец и потенцираше дека насилството мора да престане. Како одговор на зголемените тензии, НАТО распореди стотици дополнителни војници на Косово. Само минатата…

Read More

ФАТМИР БЕСИМИ „Предизвикот на одржливоста е да се создаде нова глобална економија, нов начин на стопанисување, еколошки одржлив и економски ефикасен, кој на сите им дава можности за подобар живот“, посочува економистот и нобеловец, Џозеф Стиглиц. Изминатата недела направени се два системски значајни чекора кон развојот на зеленa економија кај нас, а тоа се усвојувањето на законот со кој се овозможува формирање на Фондот за енергетска ефикасност и издавањето на првите зелени обврзници како извор за финансирање зелени проекти. Зелената економија е систем чии приоритети се еколошката одржливост, социјалната правда и економскиот раст. Транзицијата кон обновливи извори на енергија, одржливо…

Read More

По повод државниот празник 11 Октомври, Министерството за надворешни работи денеска го организираше традиционалниот дипломатски тениски турнир, што се одржа во Скопје. На дипломатскиот тениски турнир, како што соопшти МНР, учествувале дипломати од резидентните дипломатски и конзуларни претставништва на странските држави, претставници на меѓународни организации во земјата и дипломати од Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија. -Одлична прилика за промовирање на дипломатските вредности преку спортскиот дух кој обединува во заедничките цели за подобри резултати во нашето секојдневно работење. Спортската дипломатија е нераскинлива алка што зближува и обединува и универзален јазик на сите нации со моќ за рушење на…

Read More