Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
Седум државјани на Република Северна Македонија се наоѓаат во градот Витлеем, на Западниот Брег кој што не е погоден од актуелните случувања во Израел, според информациите на нашата амбасада во Тел Авив, соопшти Министерството за надворешни работи. Во врска со сложената безбедносна ситуација во јужниот и централниот дел на Израел, Министерството за надворешни работи ги повикува граѓаните на Северна Македонија кои во моментов се наоѓаат во Израел да ги почитуваат упатствата на безбедносните власти на Израел. За подетални информации околу актуелните состојби од МНР посочуваат на следната веб страница: https://www.oref.org.il/12481-en/Pakar.aspx На располагање се СОС дежурниот телефон на Министерството за надворешни…
„На овие штандови денеска се нашиот бакрдан, вкусното ѓомлезе, сочните сирења, кашкавали, македонското макало, нашиот македонски мед, ајвар, надалеку познатото македонско вино и уште многу други традиционални производи. Нивниот квалитет е највисок и баран а тоа е благодарение на нашата плодна почва и поднебје, на многуте сончеви денови, и пред се на вредните раце на нашите земјоделци“ рече премиерот Димитар Ковачевски на Вториот национален саем за храна и пијалаци во Скопје. Тој додаде дека тоа е резултат на долги години земјоделска, сточарска, лозарска, овоштарска традиција, која посветено се пренесувала од генерација на генерација, тука во срцето на Балканот. „Денеска, овде,…
„Мислам дека треба одредени работи разјаснат отколку очекувањата околу нова партија на г-динот Димитриевски. Ќе почнам од нешто што мислам дека им е јасно на повеќето слушатели и на г-динот Димитриевски. Јас во политиката имам влезено со вредносни позиции и моите ставови и согледувања за секоја една политичка партија или пак политичар се вредносни и ништо друго. И во однос на г-динот Димитриевски како поранешен мој сопартиец, сосема е легитимно правото да носи свои лични политички одлуки. Тоа како демократ го почитувам, а она што не ме радува е како поранешен член во мојата партија во јавниот простор изнесува политичка…
ДЕСТАН ЈОНУЗИ Национализмот не треба да се меша со патриотизмот. Овој мудар совет доминира во западната политичка мисла и дејствување. Патриотизмот, според Џорџ Орвел, е посветеност кон татковината… Инаку, објаснува овој автор, националистот е неразделен од желбата за моќ, со една цел, да обезбеди поголема моќ и повеќе престиж. Уште повеќе, објаснува овој автор, „националистот не само што не се згрозува од злосторствата извршени од негова страна, туку има импресивна способност да ги затвори ушите и да не ја слуша судбината за нив“. Христијан Мицкоски можеби е националист, но не и патриот. Сето ова што сега се случува во Северна…
Десетици Израелци се убиени во комбиниран голем ракетен бараж против Израел од страна на палестински терористички групи и изрвшена е инфилтрација во градот Сдерот од страна на борците на Хамас и Џихад Сликите покажуваат цивилни семејства масакрирани на автобуска станица и во нивните домови. BREAKING: It’s likely that dozens of Israelis have been killed in a combined massive rocket barrage against Israel by Palestinian terror groups and infiltration of Sderot city by Hamas & I. Jihad fighters Pictures show civilian families massacred at a bus stop & in their homes pic.twitter.com/Z0DUwKcwzm — Visegrád 24 (@visegrad24) October 7, 2023
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека декларацијата од Самитот во Гранада содржи параграф за проширувањето на ЕУ и посочи дека лидерите кои присуствуваа на самитот се договориле за „позитивен и отворен јазик за процесот на проширување“. Пленковиќ, во пресрет на неформалниот состанок на шефовите на држави и влади на ЕУ во Гранада, потсети дека претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел рече дека ЕУ и земјите кандидати треба да бидат подготвени за проширување до 2030 година и оцени дека ова е сигнал дека сите треба да работат.
Република Северна Македонија го задржа кредитниот рејтинг „ББ+“ со стабилен изглед, што е потврдено во најновиот извештај на Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“. Задржувањето на кредитниот рејтинг е резултат на спроведувањето правилно дизајнирани, кредибилни и кохерентни макроекономски и финансиски политики, конзистентни со долго одржуваниот фиксен девизен курс, информира Министерството за финансии. Резултатот е особено значаен, се додава, ако се има предвид глобалното окружување и неповолните фактори, како што се техничката рецесија во СР Германија и продолжената војна во Украина. -Од „Фич“ очекуваат намалување на буџетскиот дефицит на 4,5% од БДП во 2023 година, кој дополнително ќе се намали во 2024…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија ќе се обиде да го „уништи“ електроенергетскиот систем на неговата земја оваа зима, како што направи минатата година кога ги засили масовните напади врз критичната инфраструктура. – Оваа зима руските терористи повторно ќе се обидат да го уништат нашиот електроенергетски систем, рече Зеленски во неговата дневна видео порака емитувана на социјалните мрежи, додавајќи дека украинските власти се „целосно свесни за опасноста“. Извор: МИА
Северна Македонија е претседавач на ОБСЕ во една од најтешките години за Европа во поновата историја. Кандидатурата ја прифатија сите 56 земји членки на една од најзначајните организации во светот. Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, е на чело на комплексните мисии и задачи што произлегуваат од овој статус на земјата. Малку се знае во јавноста за овие активности, а тие битно влијаат на меѓународниот статус на Северна Македонија, но и на внатрешнополитичките настани и процеси. Во овој поврзан свет, кризните и воените жаришта имаат сериозно влијание врз тековите на регионално, а често и на глобално ниво. Како изгледа сето…
„Инвестициите кои со членството во ЕУ ќе растат ќе значат нови работни места за младите. Поддршката на нови старт-ап бизниси и стратешки партнерства се отвораат како можности. Патот на преговорите за членство во ЕУ со себе носи низа придобивки за младите како што се дополнителни мерки за мобилност“ порача вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на трибината „Ние сме Европа“ во Тетово. Тој додаде дека програмата Еразмус овозможува размена на контакти, знаења и идеи на младите со нивните врсници од регионот и од ЕУ. „Младинските организации велат дека програмата прави чуда од животите на младите – токму така, Еразмус е…
Проширувањето претставува геостратешка инвестиција во мирот, безбедноста, стабилноста и просперитетот и е двигател за подобрување на економските и социјалните услови на европските граѓани, за намалување на разликите меѓу земјите и мора да ги поттикнува вредностите на кои е основана Унијата, се наведува во завршната Декларација усвоена на денешниот неформален Самит во шпанскиот град Гранада. Како што информира претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на прес-конференцијата по Самитот, лидерите на Самитот ја реафирмирале посветеноста на проширувањето, но и го потврдиле ставот дека тој процес ќе се врши според принципот на заслуги. – Нема да има „скратени патеки“, нема автоматизам…
Во рамки на првата министерска конференција за шумарство „Најдобри практики и иксуства во обновувањето на шумите“ што се одржа денеска во Скопје ја испрати пораката дека е неопходна регионална „зелена акција“ за заедничка заштита и обнова на шумите. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николвоски со своите колеги, министрите за земјоделство на Црна Гора, Албанија, Косово и Бугарија, споделија искуства и разговараа за зајакнување на соработката и националниот камацитет на земјите од регионот во делот на шумарството. -Основната цел на оваа конференција беше токму во таа насока, заеднички да ја зајакнеме улогата на шумарскиот сектор, зајакнувајќи го неговиот придонес…