Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Менче Атанасова Точи
Тамара почина на 9 ти февруари, а детски искрено веруваше во надлежните кои одлучуваа за најзината судбина, во лекарите, во медиумите, во новинарите, во сите нас.
Блокирање на границата секој ден од 10 до 12 часот од среда па натаму, како и едночасовно блокирање на Гевгелија. Вака одлучија таксистите доцна попладнево, откако надлежните го прекршија договорот и бегалците се пренесуваат само со воз
Двајца таксисти се повредени, а ситуацијата е тензична, откако од пред половина час таксистите повторно ја блокираа пругата кај Гевгелија.Тие се револтирани бидејќи Македонски железници, го прекршиле договорот и возот повторно превезува бегалци преку ден. Таксистите за НОВА велат дека специјалците се на терен и само што не дошло до судир со нив
Таксистите ја ослободуваат пругата кај Гевгелија, со што штрајкот кој траеше четири дена е прекинат
Околу 280 таксисти бараат да им се дозволи да ги превезуваат бегалците до Табановце и тоа во однос 50-50 со возот на Македонски железници. Утринава тие го пропуштиле возот, како што велат, во знак на добра волја кон бегалците
Цели 440 милиони денари е дефицитот на ПИОМ во првите две недели од јануари. Долгот на ПИОМ кон приватните пензиски фондови ќе се прелева и понатаму, а од Министертвото за труд и социјала не знаат зошто не се сервисираат обврските кон приватните пензиски фондови
Постои опасност годинашниот буџет на Министерството за труд и социјала да се потроши пред време бидејќи најголем дел од исплатите кои заостанале од минатата година се плаќаат со пари од буџетот од 2016. година, велат во ресорното министерство
Луѓето фантоми, односно оние кои немаат лични документи, во ПРОЦЕС раскажуваат како живеат и со какви проблеми се соочуваат. Одговор на тоа што може институциите да преземат, даваат Љатифе Шиковска од НВО „Амбрела“ и Елвис Мемети од Министерството за труд и социјала
Со лепливи ленти на устите и транспаренти, преку протестен перформанс, жените Ромки го искажаа својот револт бидејќи Министерството за здравство не успеа да ангажира матичен гинеколог во населбата Шуто Оризари
На границата со Грција се уште има повремени кратки затварања и мали застои кога полицијата се повлекува, по што бегалците се пропуштаат да влезат во Македонија, информираат за НОВА од Невладината Легис
Еден ден пред дополнувањата на Законот за здравствена заштита да се најдат пред пратениците во Собранието, Група специјализанти ги потсетуваат народните избраници да размислат пред да гласаат бидејќи ниту едно од нивните барања не е исполнето од страна на Министерството за здравство
Државата да се заложи за надминување на бариерите (административни, процедурални, финансиски) имајќи ја во предвид неукоста, недоволната информираност и економската немоќ на луѓето кои немаат лична документација, бараат невладините организации Амбрела и Национален ромски центар